ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 3,5,19...

Петок, 3 мај 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 116 години од смртта на Гоце Делчев, Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од г. Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Снежана Калевска,  Јулијана Николова, Илија Николовски, Бранко Манојловски, Весна Дамчевска Илиевска, Елизабета Канчевска-Милевска на 4 мај 2019 година (сабота), во 10,00 часот ќе положи свежо цвеќе, на гробот на Гоце  Делчев, црква “Свети Спас“. 
Прочитај повеќе

Делегација од Комисијата за транспорт, врски и екологија во...

Понеделник, 22 април 2019 годин

Делегација од Комисијата за транспорт, врски и екологија во Приштина

Во организација на Центарот за истражување и креирање политики, на 24 април 2019 година, во Приштина, ќе се одржи тренинг во рамките на Проектот: „Развој на вештините на пратениците во Југоисточна Европа за теми поврзани со одржливата урбана мобилност“.

Прочитај повеќе

Учество на Џеват Адеми на Конференција на претседатели на с...

Понеделник, 15 април 2019 година

Учество на Џеват Адеми на Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата

На 15 и 16 април 2019 година во Атина, Грција, ќе се одржи Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), на која ќе учествува Џеват Адеми, претседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПСФ.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Конференција во Белград ...

Петок, 12 април 2019 година

Собраниска делегација на Конференција во Белград   

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во чиј состав се и заменик-членовите на Комисијата за европски прашања, Владанка Авировиќ и Емил Димитриев, како и заменик-генералниот секретар на Собранието, Мики Милковски, ќе зеде учество на 15. состанок на Конференцијата на парламентарни комисии за европски прашања/интеграции на земјите учеснички на Процесот за стабилизација и асоцијација на ЈИЕ (КОСАП), што ќе се одржи од 14 до 16 април 2019 година во Белград, Република Србија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на сесија на ПС на СЕ во Стразбур...

Понеделник, 8 април 2019 година

Собраниска делегација на сесија на ПС на СЕ во Стразбур

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува од 8 до 12 април во Стразбур, Република Франција.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на 140. Собрание на ИПУ...

Петок, 5 април 2019 година

Собраниска делегација на 140. Собрание на ИПУ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 6 до 10 април 2019 година во Доха, Катар. Делегацијата ја сочинуваат: Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и шеф на Делегацијата, Диме Велковски, Димитар Стевананџија, Ејуп Алими, Африм Гаши и Јулиана Николова, членови на Делегацијата, и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција за...

Понеделник, 1 април 2019 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција за „Иднината на ЕУ“

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Бети Рабаџиевска-Наумовска и Сашо Василевски, ќе учествува на Интерпарламентарната конференција на тема „Иднината на  ЕУ“, што ќе се одржи на 1-2 април 2019 година во Букурешт, Република  Романија, во рамките на романското шестмесечно претседавање со Унијата.

Прочитај повеќе

Потпретседателот Мемеди на состанок на Постојаниот комитет ...

Петок, 29 март 2019 година

Потпретседателот Мемеди на состанок на Постојаниот комитет на ПС на НАТО во Загреб

На покана од ПС на НАТО, на состанокот на Постојаниот комитет, што ќе се одржи на 30 и 31 март 2019 г. во Загреб, Република Хрватска, ќе учествува Весел Мемеди, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија и заменик-шеф на Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО.  

Прочитај повеќе

Координативна средба на Комисијата за транспорт, врски и ек...

Четврток, 21 март 2019 година

Координативна средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со претставници од Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

На 26 март 2019 година, во 11 часот, во Сала 6 на Собранието на Република Северна Македонија, ќе се одржи координативна средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со проектниот тим од Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН: Кирил Ристовски (претседател), Билјана Матевска (проектен раководител) и Ангела Димеска (преоектен службеник).

Прочитај повеќе

Пратеникот Ферид Мухиќ на Конференција на Парламентарното с...

Четврток, 21 март 2019 година

Пратеникот Ферид Мухиќ на Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа 

На 21 март 2019 година (денеска), во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа (ПСФ - Регион Европа), на која ќе учествува Ферид Мухиќ, пратеник и потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Прочитај повеќе
1...789...21                      
Click