Состанок на претседатели на парламенти на земјите од Западе...

Понеделник, 27 септември 2021 година

Состанок на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска учествуваше на Состанокот на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан, кој се организира од страна на Националното собрание на Република Словенија, во рамките на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ на Брдо при Крањ. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Состанокот на спикери н...

Понеделник, 27 септември 2021 година, Брдо

Обраќање на претседателот Џафери на Состанокот на спикери на парламенти од земјите на Западен Балкан 

„Улогата на парламентите во враќањето на довербата во ЕУ“ 

Дозволете да изразам благодарност до нашиот домаќин за одржувањето на овој состанок во рамките на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија и до Република Словенија, која континуирано е наш силен подржувач во напорите за членство во Европската унија и да посакам успешна работа на актуелното и на идното, француско претседателство.
Прочитај повеќе

Трета тематска сесија за родово сензитивни политики и проце...

Петок, 24 септември 2021

Трета тематска сесија за родово сензитивни политики и процедури во Собранието

Денес се одржа Третата тематска сесија за родово сензитивни политики и процедури во Собранието, на која воведни излагања имаа Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажитe и Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО УНГАРСКИОТ КОЛЕГА КОВЕР...

Петок, 24 септември 2021 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО УНГАРСКИОТ КОЛЕГА КОВЕР

На маргините на Десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа посветен на проширувањето, кој се одржува во Будимпешта, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба си неговиот колега од Собранието на Унгарија, г. Ласло Ковер.

Прочитај повеќе

Македонско-германскиот форум: Панел-дискусија „30 години не...

Петок, 24 септември 2021

Македонско-германски форум: Панел-дискусија „30 години независност – Улогата на Собранието во демократијата“

Заменик-претседателката на Комисијата за европски прашања, Арта Билали-Зендели, во рамките на Македонско-германскиот форум, учествуваше на Панел-дискусија на тема „30 години независност – Улогата на Собранието во демократијата“, која се одржа денеска во Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања – МК91.

Прочитај повеќе

Учество на потпретстедателот Мисовски на 5 Македонско-герма...

Петок, 24 септември 2021

Учество на потпретстедателот Мисовски на 5. Македонско-германски форум

Потпретстедателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Горан Мисовски учествуваше на 5. Македонско-германски форум, кој се одржа денес во Скопје, во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема: „30 години независност на Северна Македонија - улогата на Собранието во демократијата”.

Прочитај повеќе

ДЕСЕТТИ СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ НА ЗЕМЈИТЕ О...

Петок, 24 септември 2021 година

ДЕСЕТТИ СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Во организација на Собранието на Република Унгарија, денес се одржа Десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа посветен на проширувањето. На состанокот учествуваа претседателите на парламентите на земјите од Југоисточна Европа и на земјите од Вишеградската група.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 10. состанок на спикери...

Петок, 24 септември 2021, Будимпешта, Унгарија

Обраќање на претседателот Џафери на 10. состанок на спикери на парламенти од земјите од Југоисточна Европа за проширувањето

„Можностите на земјите од Југоисточна Европа и нивниот придонес кон градењето на иднината на Европа”

Дозволете на самиот почеток да изразам благодарност за традиционалното одржување на овој настан на највисоко парламентарно ниво во организација на Унгарското национално собрание и Претседателот Лазло Ковер, што е уште еден доказ за заложбите на Република Унгарија во изминатите децении за наше забрзано и целосно европско и евроатланско интегрирање.
Прочитај повеќе

Осумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и ек...

Четврток, 23 септември 2021

Осумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на денешната 18. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Прочитај повеќе

Одбележувањето на 23 Септември – Меѓународниот ден на знако...

Четврток, 23 септември 2021

Одбележување на 23 Септември – Меѓународниот ден на знаковните јазици

Денеска во Собранието се одржа eдукативен настан по повод одбележувањето на 23 Септември – Меѓународниот ден на знаковните јазици, на тема  „Анализа на практиките на парламентите во однос на заедницата со хендикеп“.

Прочитај повеќе
1...141516...57                                                          
Click