Средба на Делегација на Собранието на Република Северна Мак...

Понеделник, 12 октомври 2021

Средба на Делегација на Собранието на Република Северна Македонија со Делегација на Република Хрватска

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Горан Мисовски, заменичката на претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Марија Петрушевска, претседателката на Комисијата за политички систем г-ѓа Соња Мираковска, претседателката на Законодавно-правната комисија г-ѓа Снежана Калеска-Ванчева и заменикот на генералниот секретар г. Бојан Василевски одржаа средба со  претседателката на Комисијата за финансирање и буџет во Парламентот на Р. Хрватска г-ѓа Гроздана Перич, претставници на Државниот завод за ревизија на Р. Хрватска , главниот државен ревизор г. Максим Ацевски и претставници на Државниот завод за ревизија на Р. Северна Македонија. 

Прочитај повеќе

Обраќање на потпретседателот Горан Мисовски по повод 11 Окт...

Понеделник, 11 октомври 2021       

Обраќање на потпретседателот Горан Мисовски по повод 11 Октомври

Задоволство ми е денес да ве поздравам сите присутни тука во овој Меморијален комплекс и да го честитам, од име на претседателот Џафери, колегите пратеници на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име овој значаен јубилеј, 80-годишнината од денот на народното востание - 11 Октомври, со кој се одбележува чинот на одлучното спротивставување на најголемото зло во историјата на човештвото, фашизмот, политичката идеологија која донесе само загуби, болка и уништување и не соочи сите со темната страна на човекот и огромната и разорна моќ на таа страна.
Прочитај повеќе

Пратеничката Арта Биљали-Зендели на Годишната сесија на ПС ...

Понеделник, 11 октомври 2021, Лисабон

Пратеничката Арта Биљали-Зендели на Годишната сесија на ПС НАТО

На 67. Годишна сесија на ПС на НАТО, што од 8 до 11 октомври 2021 г. се одржува во Лисабон, Португалија, учествува шефицата на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, Арта Биљали-Зендели.

Прочитај повеќе

Ковид кризата да не ја засени итноста на климатските активн...

Петок, 8 октомври 2021

Ковид кризата да не ја засени итноста на климатските активности

Пратениците Диме Велковски и Никола Мицевски учествуваат на Парламентарниот состанок пред 26. Конференција на ОН за климатски промени (СОР26), што се одржува на 8 и 9 октомври во Рим, во заедничка организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Италијанскиот парламент.

Прочитај повеќе

Онлајн консултативна средба на Комисијата за образование, н...

Петок, 1 октомври 2021

Онлајн консултативна средба на Комисијата за образование, наука и спорт со НАкС

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието, имаше онлајн консултативна средба со претставници на Независниот академски синдикат (НАкС). 

Прочитај повеќе

Студиска посета на Собраниска делегација на Хрватскиот парл...

Петок, 1 октомври 2021         

Студиска посета на Собраниска делегација на Хрватскиот парламент и Државниот завод за ревизија

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски; членот на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот Диме Велковски и заменикот на генералниот секретар, Бојан Василевски, од 26 септември до 1 октомври  2021 година, се во студиска посета на Парламентот на Република Хрватска и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на вебинарот 1.10.21...

Петок, 1 октомври 2021

Обраќање на претседателот Џафери на вебинарот на тема: „Подобрување на соработката меѓу парламентите и новинарите за поголема отчетност и транспарентност“ 

Сакам, во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ја поздравам работата на овој денешен вебинар за кој верувам дека ќе ја потврди претставата што ја имаме за соработката меѓу законодавниот дом и новинарите меѓутоа, ќе ги даде и одговорите за можните сегменти каде и на кој начин може да се подобри таа соработка. 
Прочитај повеќе

Учество на пратеничките Стојчевска и Зендели на есенската с...

Четврток, 30 септември 2021 година

Учество на пратеничките Стојчевска и Зендели на есенската сесија на ПС на СЕ во Стразбур

Бисера Костадиновска Стојчевска и Арта Биљали Зендели, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ), учествуваат на есенската сесија на ПС на СЕ што се одржува од 27 до 30 септември оваа година во Стразбур, Франција.

Прочитај повеќе

Натамошни чекори кон подобрување на положбата на ромската з...

Среда, 29 септември 2021

Натамошни чекори кон подобрување на положбата на ромската заедница -  Имплементација на Регионалната декларација за интеграција на Ромите од Познан

Гордана Сиљановска-Давкова, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, заедно со Халил Снопче, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на правата и слободите на граѓанинот, учествуваа на онлајн Мултилатерален состанок на Мрежата на парламентарните комисии за човекови права и родова еднаквост на Западен Балкан (ХУГЕН), на покана на Фондацијата за демократија Вестминстер (ВФД).

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Џаферовиќ ...

Вторник, 28 септември 2021

Средба на претседателот Џафери со Џаферовиќ                                             

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денешната средба со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ ја започна упатувајќи честитки по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на бошњаците, на присутните гости и на сите припадници на бошњачката заедница во земјава.

Прочитај повеќе
1...131415...57                                                          
Click