Учество на претседателот Џафери на Парламентарно безбедносн...

Петок, 8 декември 2017 година

Учество на претседателот Џафери на Парламентарно безбедносниот форум во Вашингтон

На покана од американскиот конгресмен Роберт Питинџер, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, учествуваше на Парламентарно безбедносниот форум кој се одржа во американскиот Конгрес во Вашингтон. 

Прочитај повеќе

Работна вечера во чест на претседателот Џафери...

Четврток, 7 декември 2017 година, Вашингтон

Работна вечера во чест на претседателот Џафери насловена „Напредувањето на Македонија на демократскиот пат: Улогата на парламентот“ 

За време на посетата во Вашингтон, Националниот демократски институт, во соработка со партнерите кои работат во Република Македонија, организираше вечера во чест на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со американските конгресмени...

Четврток, 7 декември 2017 година, Вашингтон

Средба на претседателот Џафери со американските конгресмени Питинџер, Адерхолд и Трот 

Во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари поединечни средби со конгресмените Роберт Питинџер, Роберт Адерхолд и Дејв Трот. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери и директорот на Канцеларијат...

Среда, 6 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери и директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот, г. Метју Палмер 

Денеска во Вашингтон, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со г. Метју Палмер, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот. 

На почетокот на средбата, претседателот Џафери се заблагодари за можноста да се сретне со претставник на земја која е стратешки партнер и со која Република Македонија гради одлични и динамични билатерални односи. 

Прочитај повеќе

Протоколарна средба на претседателот Џафери и Н.Е. Ласло Иш...

Петок, 1 декември 2017 година

Протоколарна средба на претседателот Џафери и Н.Е. Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Унгарија во Република Македонија

Претседателот на Собрание на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, г. Иштван Дукс. 

За време на средбата, соговорниците разменија мислења во однос на билатералната и мултилатералната соработка помеѓу двете земји, при што амбасадорот Дукс истакна дека Унгарија е силен поддржувач на Република Македонија на патот кон евроатланските интеграции. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ХОЛ...

Четврток, 30 ноември 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ХОЛАНДСКАТА КОНСТИТУЕНЦА НА СВЕТСКАТА БАНКА, Г. ФРЕНК ХЕЕМСКЕРК

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г. Френк Хеемскерк, извршен директор на Холандската конституенца на Светската банка, во чија надлежност спаѓа и Република Македонија. Средбата се реализираше во рамките на неговата посета на Република Македонија. 

Претседателот Џафери искажа посебна благодарност за помошта која Светска банка ја обезбедува во континуитет на Република Македонија во текот на изминатите децении.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Лаура Купер, в.д. за...

Четврток, 30 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Лаура Купер, в.д. заменик-помошник секретар за одбрана на САД

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г-ѓа Лаура Купер, в.д. заменик - помошник секретар за одбрана на САД, која престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата присуствуваше и амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Џес Бејли.

Прочитај повеќе

Посета на претседателот Џафери и собраниската делегација на...

Вторник, 28 ноември 2017 година, Стокхолм

Посета на претседателот Џафери и собраниската делегација на Стокхолмската бизнис школа

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и членовите на официјалната делегација, пратениците Фросина Ташевска-Ременски, Ејуп Алими и Фадил Зендели, ја посетија Стокхолмската бизнис школа од Универзитетот во Стокхолм. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери и собраниска делегација со г...

Вторник, 28 ноември 2017 година, Стокхолм

Средба на претседателот Џафери и собраниска делегација со г. Урбан Алин, претседател на шведскиот Риксдаг

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и членовите на официјалната делегација, пратениците Фросина Ташевска-Ременски, Ејуп Алими и Фадил Зендели, се сретнаа со г. Урбан Алин, претседател на шведскиот Риксдаг.

На средбата присуствуваа и двајца пратеници од Шведскиот Риксдаг, г. Пири Ниеми од Социјалдемократската партија и г-ѓа Агнета Борјесон од Зелената партија. 

Прочитај повеќе

Аудиенција кај Кралот на Шведска, Неговото Височество Карл ...

Понеделник, 27 ноември 2017, Стокхолм

Аудиенција кај Кралот на Шведска, Неговото Височество Карл XVI Густаф, на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија

Согласно Програмата на официјалната посета, реализирана е Аудиенција кај Кралот на Шведска, Неговото Височество Карл XVI Густаф, за претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. Во оваа пригода, беа разменети видувања за актуелните состојби на политички и општествен план од билатерален и мултилатерален карактер. 

Прочитај повеќе
1...303132...40                                         
Click