ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ - 2020...

Сабота, 1 август 2020 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ - ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Северна Македонија, на 2 август 2020 година (недела), ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 26.7.20...

Петок, 24 јули 2020 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, составена од потпретседателот Горан Мисовски и Жаклина Пешевска, по повод 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 2020 година (недела), во 10:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Градските гробишта Бутел.

Прочитај повеќе

ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 4.5.20...

Понеделник, 4 мај 2020 година

ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев,  потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија,  Фросина Ташевска-Ременски, на 4 мај (понеделник) во 10.00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ...

Четврток, 20 февруари 2020

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ

Од 20 до 21 февруари 2020 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на кое ќе учествуваат пратениците: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: Прогласување на Собранието на Репуб...

Четврток, 6 февруари 2020 година

Јавна расправа на тема: Прогласување на Собранието на Република Северна Македонија за пријател на списанието „Лице в лице“

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонија, на 15. седница, на 7 февруари 2020 година, со почеток во 10.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа на тема: Прогласување на Собранието на Република Северна Македонија за пријател на списанието „Лице в лице“.

Прочитај повеќе

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БУКУРЕШТ...

Четврток, 6 фервруари 2020 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БУКУРЕШТ

Делегација од Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, предводена од Панчо Минов, претседател на Групата, а во чиј состав се и членовите Мерал Узеири-Ферати, Сашко Костов и Драган Данев, од 5 до 8 февруари 2020 година, се во официјална посета на Романија.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност 5.2.20...

Среда, 5 февруари 2020 година

Јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија на 57. Седница, на 6 февруари 2020 година (четврток), со почеток од 11:00-14:30 часот, во сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлог на закон за Агенцијата за разузнавање.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за образование, наука и спорт ...

Четврток, 30 јануари 2020

Јавна расправа на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт, на 45. седница, на 31 јануари 2020 година (петок), од 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на редовна сесија на ПС на СЕ во Стра...

Петок, 24 јануари 2020

Собраниска делегација на редовна сесија на ПС на СЕ во Стразбур

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, во состав Бетиан Китев, шеф и членовите: Шпреса Хадри и Никола Попоски од 26 до 31 јануари 2020 година, ќе учествуваат во Првиот дел од редовната Сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се одржува во Стразбур, Франција.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: Проблемите на повратниците од земји...

Среда, 22 јануари 2020

Јавна расправа на тема: Проблемите на повратниците од земјите на Европската Унија согласно реадмисионите договори

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободата и правата на граѓанинот, на 24 јануари 2020 година (петок), во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ ќе одржи Јавна расправа на тема: Проблемите на повратниците од земјите на Европската Унија согласно реадмисионите договори.

Прочитај повеќе
123...21                      
Click