Петта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците ...

Вторник, 13 јули 2021          

Петта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците 

Во функција на успешна реализација на Програмата за работа на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2021 г., вчера Комитетот ја одржа Петтата седница, на која Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација имаше обраќање на тема остварување на принципот на соодветната и правичната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и во другите институции на сите нивоа.

Прочитај повеќе

Видео-средба на претседателите на Пратеничките групи за сор...

Понеделник, 12 јули 2021

Видео-средба на претседателите на Пратеничките групи за соработка меѓу Северна Македонија и Австрија

Претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Австрија, Арбер Адеми, оствари видео-средба со претседателката на Групата за соработка меѓу Австрија и Северна Македонија во Националниот совет на Република Австрија, Стефани Криспер. Оваа средба, на барање на австриската страна, е втора по средбата со членовите на двете Групи за соработка која се одржа во март оваа година.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација во набљудување на парламентарните изб...

Недела, 11 јули 2021

Собраниска делегација во набљудување на парламентарните избори во Бугарија

Пратениците Игор Јанушев, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Халил Снопче, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Република Бугарија, што се одржуваат денеска, 11 јули 2021 година.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери во знак на одбележувањето на...

Петок, 9 јули 2021

Средба на претседателот Џафери во знак на одбележувањето на годишнината од Сребреница

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес имаше средба со Ферид Мухиќ, Илија Николовски и Зеќир Рамчиловиќ, во знак на симболично одбележување на годишнината на геноцидот во Сребреница.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претставниците на Европск...

Четврток, 8 јули 2021

Средба на претседателот Џафери со претставниците на Европскиот муслимански форум

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со претставниците на Европскиот муслимански форум, предводени од претседателот на овој Форум. г. Абдул-Вакхед Нијазов.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на промотивниот настан на ...

Четврток, 8 јули 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на промотивниот настан на ИПА твининг проектот за „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“

Драго ми е што денес можам во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија да ве поздравам сите присутни тука во европскиот дом и тие што следат онлајн и да го изразам моето видување за ИПА Твининг проектот за „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на експертската размена со...

Среда, 7 јули 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на експертската размена со Косовското собрание, организирано од ДКАФ

Драго ми е што денес можам во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија да ве поздравам и да придонесам со моето видување за оваа експертска размена на тема „Парламентарно постапување со класифицирани информации и поставување на безбедна просторија во парламентот“.
Прочитај повеќе

Собраниска делегација во посета на Секретаријатот на ПАБСЕК...

Среда, 7 јули 2021

Собраниска делегација во посета на Секретаријатот на ПАБСЕК во Истанбул

На покана на Хасаф Хаџиев, генерален секретар на Секретаријатот на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) со седиште во Истанбул, Република Турција, Секретаријатот го посети делегација на Собранието на Република Северна Македонија. Во составот на Делегацијата се Лидија Тасевска, назначена за шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК и Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на 29. годишна сесија на ПС на ОБСЕ...

Вторник, 6 јули 2021

Собраниска делегација на 29. годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Игор Јанушев, шеф на делегацијата, Моника Зајкова и Халил Снопче, членови  на делегацијата, учествува на 29-та годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 30 јуни до 6 јули 2021 година во хибриден формат.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Балкански фестивал на н...

Вторник, 6 јули 2021, Охрид

Обраќање на претседателот Џафери на Балкански фестивал на народни песни и игри 2021

Во оваа прилика, дозволете да ве поздравам во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, вашиот дом и горд покровител на најстариот меѓународен фестивал од ваков вид на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри кој што вечерва, на голема радост на сите љубители бележи свое јубилејно, 60-то издание откако за прв пат се одржа во далечната 1962 година.
Прочитај повеќе
1...212223...57                                                          
Click