Сто години празник на жената...



Вторник, 8 март 2011 година

Сто години празник на жената

Денеска се слави 100-годишнината на Меѓународниот ден на жената. 8 Март е глобален ден на кој се празнуваат економските, политичките и општествените постигнувања на жените и борбата за рамноправност со мажите.

Свое обележје на Меѓународниот ден на жената веќе неколку дена дава и Европскиот парламент, преку настани на кои се дискутира за нееднаквоста меѓу половите, сиромаштијата на жените, разликите во платата, пристапот до работни места, како и мајчинското прашање.

Денеска во Европарламентот се расправа по два извештаи, на теми: „Рамноправноста меѓу мажите и жените“ и „Лицето на сиромашната жена во Европската унија“.

Инаку, првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД, а следната година е одржана Првата меѓународна конференција на жените во Копенхаген, на која е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената. На 19 март 1911 година, овој празник за прв пат е прославен во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

За разлика од минатото, денеска жените имаат остварено голем напредок во рамноправноста, но има уште многу да се постигнува на повеќе полиња.


 

Прочитај повеќе

Европарламентот го одбележува Меѓународниот ден на жената 3...



Четврток, 3 март 2011 година

Европарламентот го одбележува Меѓународниот ден на жената

Со низа настани на кои ќе се потенцираат досегашните економски, политички и социјални достигнувања на жените, Европскиoт парламент од 3 до 8 март во Брисел и Стразбур ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената. Ќе се обрне внимание и на нееднаквоста меѓу половите која сè уште постои, сиромаштијата на жените, разликите во платата, пристапот до работни места, како и мајчинското прашање

Прочитај повеќе

Завршница на седницата на Европарламентот 17.2.11...



Четврток, 17 февруари 2011 година

Завршница на седницата на Европарламентот

На вчерашната пленарна седница во Стразбур, Европскиот парламент ја усвои резолуцијата во врска со преговорите за членство на Хрватска во Европската унија, коишто можат да завршат во првата половина на 2011 година под услов земјата да продолжи со успешно спроведување на реформите.

Борбата против корупцијата, поддршката за враќањето на бегалците и реструктурирање на бродоградилиштата се предизвиците со кои сè уште се соочува оваа земја.

По две и пол години преговори, членовите на Европарламентот денеска дадоа „зелено светло“ за ратификација на договорот на ЕУ за слободна трговија со Јужна Кореја.

Европратениците дискутираа и за ситуацијата во Египет, по падот на претседателот Хосни Мубарак, за тоа како 80 милиони Египѓани се исправени пред тешката задача за создавање нов демокраски поредок.

Исто така, Европарламентот усвои нови правила за поголеми права на патниците во автобускиот сообраќај, а одобри и нов закон кој треба официјално да го потврди Советот на министри, а се однесува на спречување интернет продажба на фалсификувани лекарства.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 15.2.11...



Вторник, 15 февруари 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 14 до 17 февруари во Стразбур се одржува пленарна седница на Европскиот парламент. На отворањето, претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, говореше за актуелната ситуација во Египет, за пристигнувањето на бегалци од Северна Африка на европските брегови, за Меѓународниот ден против деца војници и неодамнешното извршување на смртна казна во Иран.

Денеска ќе биде ставена на гласање резолуцијата за пензиите, со која се поддржува одржливост на системите и адекватни пензиски примања. Пензиските реформи се во тек во Европа, како одговор на застарувањето на населението во ЕУ и економскиот пад.

На овонеделната седница, исто така, ќе стане збор и за членството на Хрватска во Унијата, како и за спорниот унгарски закон за медиумите.

Европратениците ќе се залагаат и за екологија, преку воведување на почисти и поекономични микробуси во ЕУ.

Во новото законодавство на ЕУ се предвидува да биде опфатена и заштитата на пациентите од фалсификувани лекарства преку интернет продажбата.

На агендата, покрај другото, ќе се најдат и: слободната трговија на ЕУ со Јужна Кореја, Дунавската стратегија, проблемот со зголемувањето на цените на храната во светот, безвизниот режим за граѓаните на ЕУ во Бразил, економските реформи и целите за развој на човековите права.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 2.2.11...



Вторник, 2 февруари 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, ќе одржи пленарна седница во Брисел, на која ќе се расправа за ЕУ приоритетите на енергетската стратегија со Советот и Комисијата, во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 4 февруари, којшто ќе се фокусира на енергетиката и иновациите

Прочитај повеќе

Европски „Ден 112“...



Петок, 11 февруари 2011 година

Европски „Ден 112“

Денеска, на 11 февруари, се одбележува европскиот ден 112 – бројка која го означува телефонскиот број кој може бесплатно да се повика за итни случаи во сите 27 земји-членки на Европската унија

Прочитај повеќе

Ден на сигурен интернет – Стоп за злоставувањето деца преку...



Вторник, 8 февруари 2011 година

Ден на сигурен интернет – Стоп за злоставувањето деца преку интернет

Денеска, на 8 февруари, се одбележува Денот на сигурен интернет, а темата за оваа година е „Нашиот виртуелен живот“ под мотото „Тоа е повеќе од игра, тоа е вашиот живот“ и се става акцент на кампањата на Советот на Европа против злоставувањето деца преку интернет

Прочитај повеќе

Европратениците солидарни со протестантите во Египет и Туни...



Четврток, 3 февруари 2011 година

Европратениците солидарни со протестантите во Египет и Тунис

Мнозинството од политичките групи во Европскиот парламент изразија солидарност со протестантите во Египет и Тунис и го критикуваа недостатокот од единствен европски глас и неодлучноста на Европа во поддршката на протестите во двете земји

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 17.1.11...



Понеделник, 17 јануари 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 17 до 20 јануари, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, изминатото, Белгиско претседателство на Советот на министрите ќе го образложи она што го реализирало за време на шестмесечно претседавање, а актуелното Унгарско претседателство ќе ги претстави приоритетите за следните шест месеци

Прочитај повеќе

Меѓународен ден за сеќавање на жртвите на Холокаустот 27.1....



Четврток, 27 јануари 2011 година

Меѓународен ден за сеќавање на жртвите на Холокаустот

Денеска, по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на Холокаустот, во просторот пред Палатата на Европа, се одржа церемонија и беа положени венци на спомен-плочата.

Овој ден го означува крајот на Холокаустот, кога на 27 јануари 1945 година советските војски ги ослободиле затворениците од најголемите нацистички концентрациони логори во Аушвиц-Биркенау, Полска.

Панихидата ја започна генералниот секретар на Советот на Европа, г. Турборн Јагланд, а свои обраќања имаат и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Мевлут Чавушоглу, Големиот Рабин Рене Гутман и претседателот на Романија, г. Трајан Басеску.

„Веќе сè е кажано за она што се има случено. сè е кажано за тоа како не треба да се повтори. Сакам да кажам - доволно е зборење, мораме да се сеќаваме и да делуваме“, изјави г. Јагланд. 

Во 2005 година, Генералното собрание на Обединетите нации го определи 27 јануари како ден на сеќавање на шесте милиони еврејски жртви на нацистичкиот режим на Адолф Хитлер во текот на Втората светска војна.

Преживеаните од Холокаустот порачуваат никогаш да не се заборави она што се случувало во Европа во 1930 и 1940 година и надеж дека никогаш нема да се повтори геноцидот.

Прочитај повеќе

Завршница на пленарната седница на Европарламентот 20.1.11...



Четврток, 20 јануари 2011 година

Завршница на пленарната седница на Европарламентот

За време на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, која започна на 17 јануари и завршува денеска, покрај останатото, беше ратификуван и Договорот за стабилизација и асоцијација со Србија и изгласана Резолуцијата за европска интеграција на оваа земја, што беше поздравено од страна на претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек.

Прочитај повеќе
123    
Click