Конференција на Советот на Европа за Интернетот 18.4.11...



Понеделник, 18 април 2011 година

Конференција на Советот на Европа за Интернетот

Советот на Европа, денеска и утре, во Стразбур, ќе одржи Конференција под наслов „Слобода на Интернетот: Од принципи до глобален законски договор?", на која ќе стане збор за тоа дали е потребен глобален договор за зачувување на Интернетот како средство за заштита на правото на слобода на изразување и пристап до информации

Прочитај повеќе

Светски ден на здравјето 7.4.11...



Четврток, 7 април 2011 година

Светски ден на здравјето

Денеска, 7 април, е Светскиот ден на здравјето, чија цел е да се изгради поголема свест за глобалните здравствени приоритети за кои се грижи Светската здравствена организација

Прочитај повеќе

Филмска награда од Советот на Европа 15.4.11...



Петок, 15 април 2011 година

Филмска награда за човекови права од Советот на Европа

Режисерот на филмот којшто ја подигнува јавната информираност и интересот за човековите права и ја зголемува свеста за нивната важност, ќе се закити со филмската награда „FACE“, која ја доделува Советот на Европа, за време на завршницата од 30. Меѓународен филмски фестивал во Истанбул

Прочитај повеќе

Заврши расправата за напредокот на Македонија кон ЕУ, следи...



Четврток, 7 април 2011 година

Заврши расправата за напредокот на Македонија кон ЕУ, следи гласање по Резолуцијата

Република Македонија постигна значаен напредок на повеќе полиња, но и понатаму мора да работи на реформскиот процес во правосудството, слободата на медиумите, политичкиот дијалог, јавната администрација, борбата против корупцијата и спроведување на Охридскиот рамковен договор, а главната причина што преговорите за влез во Европската унија не се почнати, е спорот за името со Грција - беше укажано на вчерашната расправа за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ, во рамките на пленарната седница на Европскиот парламент

Прочитај повеќе

Руската „Комисија против тортура“ наградена за човекови пра...



Вторник, 12 април 2011 година

Руската „Комисија против тортура“ наградена за човекови права

Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи својата награда за човекови права за 2011 година, да ѝ ја додели на руската невладина организација „Комисија против тортура“, како признание за помагањето на жртвите од сериозни нарушувања на човековите права во Чеченија, како и одржување јавни истраги за случаите со малтретирање и злоставување

„Со овозможување на почеток на судење за престапниците, Комисијата направи значаен придонес кон зајакнувањето на законодавните права и борбата против незаконитоста“, се вели во одлуката на жири-комисијата.

Руската организација е победник меѓу вкупно десетте номинирани поединци и организации за втората годишна награда на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Наградата, која се состои од 10.000 евра, плакета и диплома, ќе се додели на церемонијата за време на јунската седница на Собранието во Стразбур. 

Прочитај повеќе

Европарламентот расправа за напредокот на Македонија кон ЕУ...



Среда, 6 април 2011 година

Европарламентот расправа за напредокот на Македонија кон ЕУ

Денеска и утре на агендата на пленарната седница на Европскиот парламент се наоѓа напредокот на Република Македонија кон членство во Европската унија. Во текот на денешниот ден ќе се расправа за Резолуцијата која беше одобрена на 16 март од Комисијата за надворешна политика на Европарламентот, а утре ќе се гласа по истата

Прочитај повеќе

Претседателот на Европарламентот ја отвори пленарната седни...



Вторник, 5 април 2011 година

Претседателот на Европарламентот ја отвори пленарната седница во Стразбур

Зборувајќи за актуелните состојби на Стариот континент и во светот, претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, ја отвори пленарната седница, која започна вчера, а ќе трае до 7 април во Стразбур

Прочитај повеќе

Напредокот на Македонија кон ЕУ на дневен ред во Европарлам...



Понеделник, 4 април 2011 година

Напредокот на Македонија кон ЕУ на дневен ред во Европарламентот

Напредокот на Република Македонија и Исланд на патот кон членство во Европската унија, ќе бидат дел од расправата на пленарната седница на Европскиот парламент, која ќе се одржи од 4 до 7 април во Стразбур. Расправата ќе биде на дневниот ред в среда, а ден подоцна европратениците ќе гласаат за резолуциите за двете земји

Прочитај повеќе

Советот на Европа ги наградува активистите за глобална соли...



Понеделник, 28 март 2011 година

Советот на Европа ги наградува активистите за глобална солидарност и меѓузависност

Поранешниот претседател на Бразил, г. Луис Инасио Лула да Силва и претседателот на Меѓународната кризна група, г-ѓа Луиз Арбур, се добитници на наградата „Север-југ“ за 2010 година, која се доделува секоја година од страна на Советот на Европа, на двајца кандидати кои придонеле за популаризирање на глобалната солидарност и меѓузависноста.

Наградата ќе ја додели претседателот на Португалија, г. Анибал Кавако Силва, за време на утрешната церемонија во португалскиот Сенат.

На церемонијата во Лисабон ќе учествуваат и: генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд; претседателот на Парламентарното собрание, г. Мевлут Чавушоглу; претседателот на португалскиот Парламент, г. Жајме Гама; претседателот на Извршниот совет на Центарот „Север-југ“, г-ѓа Дебора Бергамини и претседателот на Португалската парламентарна делегација во ПАСЕ, г-ѓа Вера Жардим.

Триесет и петтиот бразилски претседател, г. Луис Инасио Лула да Силва, е награден за своето активно делување во односите „Југ-југ" и за надворешна политика која промовира глобална борба против сиромаштијата, економски развој и социјален капитал. Тој е политички активист уште од својата 19-та година и е основач на Работничката партија.

Актуелниот претседател на Меѓународната кризна група, г-ѓа Луиз Арбур, се одликува за нејзиното дејствување во заштитата на човековите права. Во 1995 година таа била назначена за комесар за покренување истрага во женскиот затвор во Кингстон, една година подоцна за тужител на Меѓународниот трибунал за случаи на геноцид во поранешна Југославија и Руанда, а има работено и како врховен комесар на ООН за човекови права од 2004 до 2008 година.

Инаку, минатата година, наградата „Север-југ“ отиде во рацете на г-ѓа Рола Дашти, кувајтски активист за заштита на демократските реформи, еднаквост на половите и зголемување на улогата на жените во општествениот живот и г. Михаил Горбачов, поранешен претседател на Советскиот Сојуз.

Прочитај повеќе

Седница на Конгресот на локални и регионални власти на Сове...



Вторник, 22 март 2011 година

Седница на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа

Од 22 до 24 март во Стразбур, ќе се одржи 20. седница на Конгресот на локалните и регионални власти на Советот на Европа, во текот на која ќе се одржи дебата за реформите на Советот на Европа и улогата на Конгресот.

Локалните и регионалните размери на човековите права ќе бидат во фокусот на денешната дискусија, а исто така ќе стане збор и за положбата на Ромите во Европа.

Меѓу другото, на тридневната седница во Дворецот на Европа, ќе се зборува и за засилување на соработката со Европската унија, а на дневниот ред ќе се најдат и извештаите за состојбата на локалната демократија во Малта, регионалната и локалната демократија во Турција, Австрија и Романија, како и извештајот од набљудувањето на општинските избори во Украина на 31 октомври 2010 година.

Исто така, ќе има и дебати за меѓурелигиозниот и меѓукултурниот напредок на локално ниво, улогата на регионалните омбудсмани, енергијата и енергетската ефективност на регионално ниво, Европската седмица на локална демократија, заштитата на градовите од елементарни непогоди и за регионите со посебен статус.

Прочитај повеќе

Меѓународен ден против расната дискриминација 21.3.11...



Понеделник, 21 март 2011 година

Меѓународен ден против расната дискриминација

Денеска, на 21 март, се одбележува Меѓународниот ден против расната дискриминација. Советот на Европа е решен да ја продолжи својата работа на ова поле, преку сите средства со кои располага, со цел никој да не биде изложен на дискриминација или омраза по расна основа, по боја на кожа, пол, јазик, религија, потекло и слично

Прочитај повеќе

Европарламентот ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот...



Среда, 16 март 2011 година

Европарламентот ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, со 49 гласа „за“, 7 „против“ и 3 „воздржани“, попладнево ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник, г. Зоран Талер.

Беа постигнати 14 компромисни амандмани за новиот текст на Резолуцијата, усвојувајќи уште околу 50 други амандмани од вкупно поднесените 152.

Клучната препорака во Резолуцијата е Македонија што побрзо да започне преговори за членство во Европската унија.

„Наша цел е Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ во блиска иднина. Затоа Европскиот парламент препорачува пристапните преговори да почнат веднаш, што двапати беше потврдено и побарано и од Европската комисија“, изјави европратеникот Талер. 

Во Резолуцијата, исто така, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, г-ѓа Кетрин Ештон и комесарот за проширување, г. Штефан Филе, беа повикани поактивно да се ангажираат за наоѓање решение во спорот за името со Грција. 

Во еден од компромисните амандмани, се инсистира „двете страни да ги разрешат билатерланите проблеми  во духот на добрососедството, водејќи  сметка за општиот интерес на ЕУ“.

Конечниот текст на документот ќе биде објавен наскоро од службите на Европскиот парламент, откако ќе бидат проверени резултатите од денешното гласање.

По изгласувањето во Комисијата за надворешни работи, Резолуцијата за Македонија ќе биде ставена на пленарната седница на Европскиот парламент, закажана за во април, во Стразбур.

Прочитај повеќе

Нацрт-резолуцијата за напредокот на Македонија на амандманс...



Среда, 16 март 2011 година

Нацрт-резолуцијата за напредокот на Македонија на амандманска расправа во Европскиот парламент

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, денеска во Брисел, ќе расправа за 152 амандмани поднесени по Нацрт-резолуцијата за напредокот на Република Македонија, предложена од словенечкиот европратеник, г. Зоран Талер.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 7.3.11...



Понеделник, 7 март 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Последните случувања во јужното соседство на Европската унија и посебно во Либија, вклучувајќи ги и неодамнешните санкции од Советот за човекови права на ООН, како и актуелната состојба на блискоисточниот мировен процес, ќе бидат во фокусот на стартот од пленарната седница на Европскиот парламет, која започнува денеска, а ќе трае до 10 март во Стразбур

Прочитај повеќе

Европарламентот усвои Резолуции за Ромите, за Турција и Црн...



Среда, 9 март 2011 година

Европарламентот усвои Резолуции за Ромите, за Турција и Црна Гора

На пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува од 7 до 10 март во Стразбур, денеска, меѓу другото, беа усвоени Резолуции за Ромите, за Турција и Црна Гора

Прочитај повеќе
123    
Click