Вторник, 11 декември 2012 година
Празнично издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ
Во очи на третиот јубилеј, излезе празничното издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија. По тој повод, ко-претседавачот Кенан Хасипи упати честитка до своите колеги европарламентарци со искрени желби за среќни празници, добро здравје и успех на личен и професионален план. Во честитката, ко-претседавачот Хасипи нагласува и покрај сите предизвици и премрежја, Собранието на Република Македонија останува цврсто определено да работи за иднината на државата и на тој пат, побара искрена поддршка од колегите европратеници, но и од сите колеги од европските парламенти. На крајот г. Хасипи заклучи дека Република Македонија макотрпно и стрпливо ги остваруваше зададените задачи, обврски и критериуми и дека е време е Европската унија да оди чекор напред и да го евалуира огромниот труд што Република Македонија го вложила изминативе години и конечно да ја отвори вистинската европска иднина за граѓаните.
повеќе...
Петок, 28 декември 2012 година
Одржан состанок на Клубот на пратенички

Целта на овој состанок беше членовите на Клубот на пратенички да ги споделат своите видувања за настаните како жени и политичарки, одговорни за иднината на својата држава. На состанокот не дојдоа пратеничките од опозицијата
повеќе...
Петок, 28 декември 2012 година, 14,00 часот, Сала 3
Состанок на Клубот на пратенички
Состанокот е по повод настаните што се случуваа во последниот месец дена за време на работата на Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија, како и настаните пред почетокот на седницата одржана на 24 декември 2012 година
повеќе...
Вторник, 11 декември 2012 година
Дваесетта седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 20. седница, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.
повеќе...
Петок, 21 декември 2012 година
Претседателот Вељаноски го прими министерот за надворешни работи на Република Турција, г. Ахмет Давутоглу
На средбата и двајцата соговорници ги истакнаа високо развиените пријателски односи помеѓу Република Македонија и Република Турција, реафирмирајќи го заемниот интерес таа соработка и понатаму да се развива.
повеќе...
Петок, 21 декември 2012 година
Четириесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и осмата седница, одржана на 19 декември 2012 годинa, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (во прво читање)
повеќе...
Петок, 14 декември 2012 година
Четириесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на 40. седница и нејзиното прво продолжение, одржани на 11 и 12 декември 2012 година, во второ читање ги разгледа
повеќе...
Петок, 14 декември 2012 година
Дваесет и деветта седница на Комисијата за труд и социјална политика
Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и деветтата седница, одржана на 12 декември 2012 година, како матично работно тело, ги разгледа
повеќе...
Петок, 14 декември 2012 година
Јавна расправа за подобра грижа и третман на лицата што живеат со ХИВ - ЛЖХИВ во Македонијa

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија и Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., Работната група на лица што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ и Националниот демократски институт, одржaа јавна расправа на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ - ЛЖХИВ во Република Македонијa”
повеќе...
Петок, 14 декември 2012 година
Триесетта седница на Комисијата за европски прашања
Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 30. седница, во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување
повеќе...