Средба на претседателот Џафери со г. Мустафа Шентоп...

Вторник, 21 декември 2021

Средба на претседателот Џафери со Мустафа Шентоп

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Мустафа Шентоп, Претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија со група пратеници.

Прочитај повеќе

Пречек на претседателот на Големото национално собрание на ...

Вторник, 21 декември 2021

Пречек на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Мустафа Шентоп, со највисоки државни и воени почести

Со највисоки државни и воени почести, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, го пречека Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Мустафа Шентоп.

Прочитај повеќе

Обраќање на Претседателот Џафери на Свечената академија по ...

Петок, 17 декември 2021, Амфитеатар на Ректорат, Тетово  

Обраќање на Претседателот Џафери на Свечената академија по повод Одбележувањето на 27 годишнината од основањето на Универзитетот во Тетово

Дозволете ми на почетокот на мојот говор да ве поздравам од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија сите Вас, присутни на оваа Свечена академија со која се одбележува 27-та годишнина од основањето на Државниот универзитет во Тетово, и да ви посакам прославување на уште многу други идни јубилеи, секогаш поуспешни и поплодни. 
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. ДАНИЕЛ ЏОЗЕФ ЕМЕРИ...

Вторник, 14 декември 2021

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. ДАНИЕЛ ЏОЗЕФ ЕМЕРИ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австралија во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Даниел Џозеф Емери. 

Прочитај повеќе

Прошталната средба на претседателот Џафери со Н. Е. Миросла...

Понеделник, 13 декември 2021

Прошталната средба на претседателот Џафери со Н. Е. Мирослав Томан

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари проштална средба со Н.Е. Мирослав Томан, амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери прогласен за Почесен граѓанин на Општи...

Понеделник, 13 декември 2021

Претседателот Џафери прогласен за Почесен граѓанин на Општина Лежа

Во рамките на работната посета на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери во Република Албанија, покрај средбата со Претседателката на Собранието, г-ѓа Линдита Никола, од страна на Советот на Општина Лежа, му беше доделена и титулата „Почесен граѓанин“ на Општина Лежа, во знак на неговото достоинствено вршење на должноста Претседател на Собрание, со што го валоризира албанскиот државотворен фактор во сите аспекти, за неговото посветеното политичко делување низ годините и придонесот во зачувувањето на националните и патриотските вредности. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателката Линдита Н...

Петок, 10 декември 2021

Средба на претседателот Џафери со претседателката Линдита Никола

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари работна посета во Република Албанија, при што, според предвидената агенда, се сретна со неговиот хомолог, односно, претседателката на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Линдита Никола. Ова е втора билатерална средба на двајцата претседатели, по средбата во Атина, што е неспорен доказ дека Република Северна Македонија и соседна Република Албанија се две земји со искрени, интензивни и пријателски односи, без отворени прашања помеѓу себе. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Франциско Мунис...

Вторник, 30 ноември 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Франциско Мунис

На денешната протоколарна средба со новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Малезија за Република Северна Македонија, Н.Е. Франциско Мунис, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, посакувајќи му успешен мандат на амбасадорот, потенцираше дека со Малезија, иако имаме воспоставено дипломатски односи уште во 1993 година, недостасува некоја позначајна билатерална соработка на кое било ниво и во тој контекст, тој изрази надеж дека односите може заемно да се поттикнат кон интензивирање, како на политичко така и на економско поле, пред сѐ.

Прочитај повеќе

Јубилејна награда од Филозофски факултет за Собранието на Р...

Вторник, 30 ноември 2021

Јубилејна награда од Филозофски факултет за Собранието на Република Северна Македонија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана на деканатот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, имаше чест да ја прими во име на Собранието на Република Северна Македонија јубилејната награда во вид на статуетка, што Филозофскиот факултет во Скопје ја доделува по повод 100-годишнината од основањето на факултетот во знак на благодарност и задоволство кон лицата, организациите и институциите кои оставиле значаен белег во работата на факултетот. 

Прочитај повеќе

Средба на Претседателот Џафери со Н.Е. Феликс Корона...

Вторник, 30 ноември 2021

Средба на Претседателот Џафери со Н.Е. Феликс Корона

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Мексико во Република Северна Македонија, Н.Е. Карлос Исаурo Феликс Корона.

Прочитај повеќе
1234...16                 
Click