Обраќање на претседателот Џафери на тема 22.6.21...

Вторниик, 22 Јуни 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на тема: „Соседите во Југоисточна Европа обединети: јакнење на механизмите за соработка за иднината на регионалната безбедност“

Дами и господа, 
Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да изразам задоволство што денес сме собрани тука на овој значаен форум чија што цел е зајакнувањето на добрососедските односи помеѓу сите земји од Југоисточна Европа при што, взаемно, си помагаме овој регион да прерасне во регион на мир, сигурност, стабилност и соработка преку целосна интеграција во европските и евроатланските структури. 
Прочитај повеќе

Пратениците Трајанов и Исмаили на седница на Постојаниот ко...

Понеделник, 21 јуни 2021 година, Анталија

Пратениците Трајанов и Исмаили на седница на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ

Во рамките на амандманската расправа по Предлог завршната декларација пратеникот Павле Трајанов истакна дека треба да продолжат напорите  за формирање на Постојаниот секретаријат на ПС на ПСЈИЕ, затоа што професионализмот ќе ја унапреди работа на оваа регионална парламентарна организација и ќе придонесе за подобрување на меѓусебната парламентарна соработка. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Алекса Бечиќ ...

Понеделник, 21 јуни 2021 година

Средба на претседателот Џафери со Алекса Бечиќ 

На средбата г. Џафери истакна дека земјите во регионот делат заеднички погледи во однос на потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. Северна Македонија и Црна Гора ги врзува традиционално пријателство како и  добри политички, културни и економски врски. Членството во НАТО и заедничката европска иднина на двете држави, дополнително ги зајакнуваат меѓусебните односи.
Прочитај повеќе

Обраќање на потпретседателот Мисовски за лансирање на новат...

Понеделник, 21 јуни 2021 година

Обраќање на потпретседателот Мисовски за лансирање на новата Стратегија за соработка на Швајцарија 2021-2024

Почитувани,
Дозволете да изразувам благодарност од името на претседателот на Собранието, Талат Џафери и од лично име, како и од македонскиот законодавен дом, за интересот и ресурсите кои Швајцарската држава ги вложува во македонската демократизација и економскиот развој како и до заложбите и енергијата од нашите партнери: Националниот демократски институт, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија, во спроведувањето на Програмата за парламентарна поддршка, финансирана токму од Швајцарската конфедерација.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Невена Јовановиќ...

Вторник, 15 јуни 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Невена Јовановиќ

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ.

Прочитај повеќе

Промоција на механизмите за еднаквост и солидарност во рамк...

Вторник, 15 јуни 2021

Промоција на механизмите за еднаквост и солидарност во рамките на здравствената грижа

Во рамките на видео-конференцијата на Парламентарниот комитет при Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), која се одржа во Подгорица, Република Црна Гора, која воедно е и претседавач со ПД ЦЕИ за оваа година, свое учество имаа и пратениците од Собранието на Република Северна Македонија - Рашела Мизрахи, шеф на Делегацијата и Кастриот Реџепи, член на Делегацијата.

Прочитај повеќе

Регионална конференција на парламентарки во Југоисточна Евр...

Понеделник, 14 јуни 2021

Регионална конференција на парламентарки во Југоисточна Европа

Пратенички од Македонското собрание денеска учествуваа на Регионална онлајн конференција на парламентарки во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата ОБСЕ во Црна Гора.

Прочитај повеќе

Зголемување на свеста за интеркултурна едукација како неопх...

Понеделник, 14 јуни 2021

Зголемување на свеста за интеркултурна едукација како неопходна иднина во образованието

Денеска, претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли и пратениците Бедри Фазлиу, Љатифе Шикоска и Кастриот Реџепи, членови на Работната група за соработка со Министерството за образование и наука, денеска остварија средба со министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Прочитај повеќе

Образованието еден од глобално најпогодените сектори од пан...

Понеделник, 14 јуни 2021

Образованието еден од глобално најпогодените сектори од пандемијата 

На 12 јуни 2021 година, во организација на Косовскиот парламент, се одржа состанокот на Генералната комисија за социјален развој, образование, истражување и наука на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на тема „Предизвици од пандемијата КОВИД-19 во секторот за образование во регионот и подготовки за постковидниот период“.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери - УЈИЕ...

Сабота, 12 јуни 2021, Тетово

Обраќање на претседателот Џафери на церемонијата за промоција на седумнаесеттата генерација апсолвенти на УЈИЕ

Денес е значаен ден за Универзитетот, за академскиот кадар и пред сѐ, за студентите на седумнаесеттата генерација на апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа и гордите родители и јас сум почестен што денес сум во можност  во мое лично име во својство на Претседател и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да ве поздравам и да ви честитам за постигнатиот успех, за заокружувањето на првиот циклус од вашето високо образование, со желби знаењето, сознанијата, навиките што ги стекнавте во овој сегмент од вашето патешествие да бидат темел, или сигурна, солидна и силна основа врз која ќе продолжите да се усовршувате, да се развивате и специјализирате во вашиот професионален живот и кариерен развој.
Прочитај повеќе
1...242526...57                                                          
Click