Вторник, 31.03.2009 година, Брисел

Соопштение од Шестиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија

На Шестиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, кој се одржа на 31 март 2009 година во Европскиот парламент во Брисел, учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија предводена од г. Александар Спасеновски копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет. Во нашата делегација се и пратениците г-ѓа Славица Грковска-Лошкова, г. Сафет Незири и г-ѓа Владанка Авировиќ. На Шестиот состанок беа разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европската унија. Посебно внимание беше посветено на процесот на либерализација на визниот режим за граѓаните на Република Македонија, за состојбата во екологијата, особено за периодот од усвојувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија во 2008 година, за состојбите во образованието, особено за образовните програми поврзани со тие на Заедницата, како и за процесот на менаџирање со фондовите на ЕУ, со посебен осврт на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).



Вторник, 31 март 2009 година

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на семинар на тема „Визно и гранично управување“ во Брисел

Во заедничка организација на Европскиот парламент, Директоратот за надворешна политика на Унијата и Регионалниот секретаријат за парламентарна соработка во Југоисточна Европа, на 31 март и 1 април 2009 година во Брисел, Кралството Белгија, се одржува Семинар на тема "Визно и гранично управување". На семинарот се поканети да учествуваат пратеници од парламентите на земјите од Западен Балкан и евро-парламентарци.



Вторник, 31 март 2009 година

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Шестиот состанок на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија во Брисел

Врз основа на член 114 од Спогодбата за стаблизиција и асоцијација на Република Македонија со Европската унија, како и врз основа на Правило 6 од Деловникот за работа на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, Шестиот состанок на Комитетот ќе се одржи на 31 март 2009 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија.



Вторник, 24.03.2009, Стразбург

Седница на Европскиот парламент

Европскиот парламент вчера ја започна пленарната седница која ќе трае до 26 март. Централна тема на ова заседание ќе биде економската криза и можните начини на решавање на сегашнава состојба. Како ефективно да се искористат структурните фондови, иднината на автомобилската индустрија во државите членки на ЕУ, можноста за зголемување на данокот на производите од тутунската индустрија се главните акценти на оваа расправа. Исто така, ќе се расправа и за цената на храната и прехранбените производи  во ЕУ.



Понеделник, 16.03.2009 година, Скопје

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во дводневна официјална посета на Република Србија

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот г. Трајко Вељаноски, а во која се и пратениците Иван Стоилковиќ, Владанка Авировиќ и Ристо Пенов денес замина во дводневна официјална посета на Република Србија, по покана на претседателката  на Народната скупштина  на Република Србија г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ.
Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски  ќе оствари средба и со претседателот на Република Србија г. Борис Тадиќ, а ќе се сретне и со претседателот на Владата на Република Србија г. Мирко Цветковиќ.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и нашата делегација ќе се сретнат и со здруженијата на Македонците кои живеат во Србија, а исто така ќе го посетат Нови Сад каде што ќе имаат разговори со претседателот на Народната скупштина на Автономната Покраина Војводина Шандор Егереши.



13.03.2009

Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2008 година

Европскиот парламент на својата вчерашна седница ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2008 година поднесена од известителот Ерик Мејер. Европратениците уште еднаш ја потврдија својата поддршка за европската перспектива на Република Македонија, но истовремено изразија жалење што сеуште нема почеток на преговорите. Европратениците побараа од Советот да одлучи и да даде датум за почеток на преговори во текот на оваа година истакнувајки дека членството на Република Македонија во ЕУ е од витален интерес  за стабилноста на  регионот Западен Балкан.



Вторник,10.03.2009 година, вести од Европската унија

Седница на Европскиот парламент

Стразбур Светската економска криза и нејзиното влијание во Европската унија е главна тема на седницата на Европскиот парламент . Одборот за стопанство повика на внимателно усогласување на националните планови за справување со состојбите на европскиот пазар. Во спротивно би можело да дојде до пад на глобалната конкурентност на европското стопанство. Шанса за ефикасно надминување на кризата Европскиот парламент го гледа во брзи и прилагодливи финансирања на локални проекти. На оваа сесија ќе бидат разгледани извештаите за напредокот во приближување на Македонија, Хрватска и Турција кон Европската унија . Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски и Маринела Тушева, учествуваат на парламентарна сесија на Европскиот парламент. Извештајот за напредокот на Република Македонија е од големо значење за нашето евроинтегрирање, бидејќи претставува основа за изготвување на Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, кој ќе биде изготвен есенва. Нашата делегација оствари средби со известителот, европратеникот Ерик Мејер, како и со други европратеници.



Четврток, 05.03.2009

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули го прими вонредниот и ополномошен амбасадор на Кралството Мароко за Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Азиза Лимаме

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули го прими во протоколарна посета вонредниот и ополномошен амбасадор на Кралството Мароко за Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Азиза Лимаме.



Вторник, 3.3.2009 година

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи, оствари средба со членови на Комисијата за надворешна политика на Шведскиот парламент

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи, оствари средба со членовите на Комисијата за надворешна политика на Шведскиот парламент Карин Рунесон и Керстин Енгле, на која присуствуваше и амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија Н.Е. Ларс Фреден

Click