РАБОТНИ ТЕЛА НА СОБРАНИЕТО
Во Собранието на Република Северна Македонија се основаат постојани работни тела за разгледување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони, предлози на закони и други општи акти што ги донесува Собранието, за следење на извршувањето на актите на Собранието како и за проучување и претресување на други прашања од неговата надлежност.
Претседателите, замениците на претседателите, членовите на работните тела и нивните заменици се избираат од редот на пратениците во Собранието.
Во работата на работните тела учествуваат претседателот и членовите на работното тело, а во случај на нивна спреченост за присуство на седницата на комисијата, определуваат нивен заменик од редот на замениците на членовите на комисијата.