РАБОТНИ ТЕЛА НА СОБРАНИЕТО

 Во Собранието на Република Северна Македонија се основаат постојани работни тела за разгледување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони, предлози на закони и други општи акти што ги донесува Собранието, за следење на извршувањето на актите на Собранието како и за проучување и претресување на други прашања од неговата надлежност.

Претседателите, замениците на претседателите, членовите на работните тела и нивните заменици се избираат од редот на пратениците во Собранието.

Во работата на работните тела учествуваат претседателот и членовите на работното тело, а во случај на нивна спреченост за присуство на седницата на комисијата, определуваат нивен заменик од редот на замениците на членовите на комисијата.

Како постојани работни тела на собранието се основаат:

Комисија за уставни прашања 


Е-пошта: k-ustav@sobranie.mk

Комисијата има претседател, шеснаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • спроведување на Уставот;
  • предлози за изменување и дополнување на Уставот;
  • начелни прашања од уставен карактер во врска со донесувањето и извршувањето на законите и другите прописи и акти,  
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се од уставен караткер и 
  • други прашања од уставен карактер.
Претседател: Трајко Вељаноски 
Заменик на претседателот: Александар Николоски
Членови: 1. Владимир Ѓорчев
2. Иван Стоилковиќ
3. Павле Трајанов
4. Авдија Пепиќ
5. Стојан Миланов
6. Светлана Јакимовска
7. Андон Чибишев
8. Џеват Адеми
9. Рафис Аљити
10. Хазби Љика
11. Имер Алиу
12. Рената Дескоска 
13. Марјан Даскаловски
14. Енес Ибрахим
15. Љубомир Јосифовски
16. Ален Георгијев
Заменици на членовите:     1. Милка Христова
2. Зоран Илиоски
3. Димитар Стевананџија
4. Лилјана Кузмановска
5. Дајанчо Ефтимов
6. Амди Бајрам
7. Јасминка Дамческа
8. Вјолца Мехмети-Нуредини
9. Мирван Џемаиљи
10. Талат Џафери
11. Беким Фазлиу
12. Горан Мисовски
13. Милева Горгиева
14. Биљана Настеска
15. Бетиан Китев
16. Миле Андонов

Законодавно-правна комисија


Е-пошта: zpk@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

 Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • усогласеност на законите и други акти со уставот и со правниот систем, како и нивната правно-техничка обработка;
  • барања за давање автентично толкување и изготвување предлози на автентично толкување на законите;
  • утврдување на пречистен текст на законите и другите акти ако со закон, односно со друг акт биде овластена;
  • давање исправки на грешки во објавениот текст на закон или на друг акт, врз основа на изворниот текст на усвоениот закон или друг акт на Собранието  и исправки на грешки на пречистен текст на законите и на други акти, 
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на законодавната дејност и правните системи и  
  • други прашања што се однесуваат на законодавната дејност и изградувањето на правниот систем во Републиката.

 

Претседател: Светлана Јакимовска
Заменик на претседателот: Славе Гошев
Членови: 1. Димитар Стевананџија
2. Весна Пемова
3. Светлана Карапетрова
4. Благица Ласовска
5. Ѓорѓи Коџабашиев
6. Андон Чибишев
7. Ермира Мехмети
8. Рамиз Мерко
9. Беким Фазлиу
10. Соња Мираковска
11. Марјан Даскаловски
12. Горан Сугарески
Заменици на членовите: 1. Илија Димовски
2. Јасминка Дамчевска
3. Фатмир Имероски
4. Ане Лашкоска
5. Владанка Авировиќ
6. Нада Ципушева
7. Талат Џафери
8. Џеват Адеми
9. Орхан Ибраими
10. Љубиша Николиќ
11. Дуфе Кукоски
12. Енес Ибрахим

Комисија за одбрана и безбедност


Е-пошта: kodbrana@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

 Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • заштита на поредокот утврден со Уставот;
  • остварување на надзорот во доменот на одбраната и безбедноста;
  • одбрана на Републиката и цивилната заштита;
  • соработка со колективни системи на безбедност и одбрана во кои Републиката пристапила;
  • интеграцијата на Републиката во евроатлантските организации и односите на Републиката со тие организации;
  • заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните загарантирани со Уставот;
  • производство, промет, набавување, поседување и носење на оружје, делови за оружје и муниција;
  • обезбедување на личности и објекти;
  • државјанство;
  • одржување на јавниот ред и мир;
  • јавните собири и јавните приредби;
  • безбедноста  на  патниот, воздушниот,  железничкиот  и  езерскиот сообраќај;
  • заштита од природни непогоди и епидемии;
  • пријавување и одјавување на живеалиштето и престојувалиштето;
  • премин на државните граници и движење и престој во граничниот појас;
  • движење и престој на странците;
  • утврдување и решавање на граничните инциденти и други повреди на државните граници
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на одбраната и безбедноста и 
  • други прашања што се однесуваат на одбраната и безбедноста.

 

Претседател: Сашо Аќимоски
Заменик на претседателот: Иван Иванов
Членови: 1. Владимир Ѓорчев
2. Павле Трајанов
3. Нада Ципушева
4. Иван Стоилковиќ
5. Марјанчо Колевски
6. Талат Џафери
7. Вјолца Мехмети-Нуредини
8. Ернад Фејзула
9. Чедомир Саздовски
10. Горан Сугарески
11. Ален Георгијев
12. Марјан Даскалоски
Заменици на членовите: 1. Антонијо Милошоски
2. Милка Христова
3. Крсто Мукоски
4. Павле Саздов
5. Васко Наумовски
6. Јамин Синани
7. Артан Груби
8. Орхан Ибраими
9. Дуфе Кукоски
10. Биљана Настевска
11. Сашо Поцков
12. Горан Мисовски

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците


k-polsis@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • функционирање на политичкиот систем; 
  • менување на границите на Републиката;
  • државните симболи и нивната употреба;
  • судството, адвокатурата и јавното обвинителство;
  • амнестија и помилување;
  • слобода на движењето и слобода на изборот на живеалиштето;
  • матична евиденција и заштита на личните податоци;
  • лични имиња, лични карти и патни исправи;
  • попис на населението;
  • системот на јавното информирање;
  • право на здружување на граѓаните и политичко организирање,
  • избирачко право и начин на избор на пратеници, претседателот на Република Македонија, членовите на советите и градоначалниците;
  • референдум;
  • народниот правобранител;
  • Македонската православна црква како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и други верски заедници и религиозни групи;
  • одликувања, признанија и награди;
  • празниците на Република Македонија;
  • организација на државната управа;
  • право на употреба на јазиците и писмата на заедниците;
  • гарантирање на заштитата на етничкиот,  културниот, јазичниот и верскиот идентитет на заедниците
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на политичките системи и односите меѓу заедниците и 
  • други прашања што се однесуваат на политичкиот систем и односите меѓу заедниците.

 

Претседател: Владимир Ѓорчев
Заменик на претседателот: Нада Ципушева
Членови: 1. Трајчо Димков 
2. Зоран Илиоски
3. Ќенан Хасипи
4. Ане Лашкоска
5. Дајанчо Ефтимов
6. Иван Иванов
7. Рафис Аљити
8. Артан Груби
9. Ернад Фејзула
10. Роза Топузова-Каревска
11. Рената Дескоска
12. Енес Ибрахим
Заменици на членовите: 1. Антонијо Милошоски
2. Даниела Рангелова
3. Ѓоко Камчев
4. Магдалена Манаскова
5. Соња Талевска
6. Јасминка Дамческа
7. Рамис Мерко
8. Муса Ибраими
9. Беким Фазлиу
10. Бетаине Китев
11. Петре Шилегов
12. Горан Милевски

Комисија за надворешна политика


Е-пошта: knadvpol@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;
  • политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката во странство;
  • стапување или истапување од сојуз или заедници со други држави;
  • стапување во членство или истапување од членство на меѓународни организации;
  • потреба од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори;
  • ратификација на меѓународни договори;
  • меѓународна регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документи на меѓународни организации и асоцијации;
  • воспоставување на парламентарна соработка на Републиката со други држави и меѓународни организации;
  • воспоставување соработка со комисиите за надворешна политика на парламентите на другите држави;
  • иницијативи и предлози за дефинирање на стратегијата на надворешната политика на Република Македонија и
  • други прашања што се однесуваат на надворешната политика на Република Македонија.

 

Претседател: Антонијо Милошоски
Заменик на претседателот: Светлана Карапетрова
Членови: 1. Александар Николоски
2. Сашо Василевски
3. Павле Трајанов
4. Лилјана Поповска
5. Ѓоко Камчев
6. Артан Груби
7. Нора Алити
8. Мерал Узеири-Ферати
9. Васко Наумовски
10. Софија Куновска
11. Љубомир Јосифоски
12. Хари Локвенец
Заменици на членовите: 1. Благица Ласовска
2. Владимир Ѓорчев
3. Кенан Хасипи
4. Момчило Аврамоски
5. Магдалена Манаскова
6. Ермира Мехмети
7. Шпреса Хадри
8. Беким Фазлиу
9. Солза Грчева
10. Лидија Димова
11. Васко Ковачевски
12. Томислав Тунтев

Комисија за европски прашања


Е-пошта: kep@sobranie.mk

Комисијата има претседател, 12 члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • следење на спроведувањето на Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европската унија и редовно го известува Собранието за нејзиното спроведување;
  • следење на исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите меѓу Република Македонија и Европската унија и остварување на програмите и другите акти на институциите на Европската унија, вклучувајќи ги и програмите за финансиска помош;
  • следење и поттикнување на процесот на усогласување на законодавството на  Република Македонија со законодавството на Европската унија, како и предлага мерки за унапредување на постапките за усогласување, дава мислења и предлози за активностите на другите работни тела на Собранието и го насочува  нивното внимание на прашања сврзани со приемот на Република Македонија во членство во Европската унија;
  • следење на активностите на Владата и органите на државната управа во врска со приемот на Република Македонија во членство во Европската унија и во врска со нив дава мислења и препораки;
  • анализирање на последиците од пристапување на Република Македонија во членство во Европската унија и подготвува извештаи во врска со истите;
  • редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со европската интеграција, вклучително и преку собирање информации, литература и други документи поврзани со Европската унија;
  • предлагање и остварување на активности насочени кон информирање на јавноста за процесите на европската интеграција;
  • соработката со соодветните комисии на другите земји и
  • разгледува други прашања во врска со европската интеграција и приемот на Република Македонија во членство во Европската унија.

 

Претседател: Ермира Мехмети
Заменик на претседателот: Нора Алити
Членови: 1. Даниела Рангелова
2. Антонијо Милошоски
3. Сашо Василевски
4. Ќенан Хасипи
5. Трајчо Димков
6. Нола Исмајлоска Старова
7. Шпреса Хадри
8. Мерал Узеири-Ферати
9. Солза Грчева
10. Лидија Димова
11. Стефан Богоев
12. Бетиан Китев
Заменици на членовите: 1. Славе Гошев
2. Лилјана Поповска
3. Александар Стојкоски
4. Ристо Манчев
5. Марија Ангелова
6. Никола Мицевски
7. Селвије Салију
8. Орхан Ибраими
9. Софија Куновска
10. Јагода Шахпаска
11. Соња Мираковска

 

                                               12. Љубомир Јосифовски                                  

Комисија за прашања на изборите и именувањата


Е-пошта: k-pii@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • поднесување предлози за избор и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со закон, Деловникот или друг акт на Собранието е определено ваков предлог  да поднесува Комисијата;
  • поднесување предлози за избори и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со Уставот, закон, Деловникот или друг акт на Собранието не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
  • предлагање состав на постојаните и повремени работни тела на Собранието;
  • предлагање состав на постојаните делегации на Собранието во меѓународните парламентарни собранија и на пратеничките групи на Собранието за соработка со други парламенти;
  • предлагање  членови на управни органи и други тела во јавните претпријатија, организациите и институциите кои ги избира, односно именува Собранието ако со Уставот, закон или друг акт не е определено ваков предлог да поднесува друг орган; 
  • предлагање состав на одбори и други тела на Собранието за организирање и спроведување прослави на одделни историски настани од значење за Републиката и на други настани чие одбележување е потребно, како и за доделување на републички награди;
  • разгледување предлози на прописи за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието, како и на пратениците и функционерите на кои им престанала функцијата и во рамките на законските овластувања донесува поблиски прописи за нивно извршување;
  • донесување акти за кои е овластена од Собранието;
  • донесување поединечни решенија за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието;
  • донесување акт за одбивање 5% од платата за секој ден отсуство на пратеник кој најмалку три пати отсуствувал од седница на Собранието, односно од седница на работното тело, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, односно на работното тело;
  • ја определува висината на надоместокот на трошоците за учество во работата на работните тела од редот на научните и стручните институции и асоцијации;
  • определување во согласност со прописите, висината на дневниците, на трошоците за одвоен живот, на надоместокот за годишен одмор, на селидбените и други трошоци;
  • давање исправки на акти што ги донесува и објавува Комисијата во "Службен весник на Република Македонија",
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на изборите и именувањата и 
  • други прашања што се однесуваат на изборите и именувањата.

                           

Претседател: ЗОРАН ИЛИОСКИ
Заменик на претседателот: ТРАЈЧО ДИМКОВ
                                                 Членови: 1. СВЕТЛАНА ЈАКИМОВСКА
2. ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
3. БЛАГОЈА ДЕСПОТОСКИ
4. ДАНИЕЛА РАНГЕЛОВА
5. ФАТМИР ИМЕРОСКИ
6. ЉУПЧО ДИМОВСКИ
7. ЏЕВАТ АДЕМИ
8. ЕРМИРА МЕХМЕТИ
9. ИМЕР АЛИУ
10. ГОРАН МИСОВСКИ
11. ГОРАН СУГАРЕСКИ
12. СТЕФАН БОГОЕВ
                   Заменици на членовите: 1. САШО ВАСИЛЕВСКИ
2. ИВАН ИВАНОВ
3. ВАСИЛ ПИШЕВ
4. САШО АЌИМОСКИ
5. ДАЈАНЧО ЕФТИМОВ
6. ВАСКО НАУМОВСКИ
7. ТАЛАТ ЏАФЕРИ
8. РАФИС АЉИТИ
9. ОРХАН ИБРАИМИ
10. БЛАГОЈА СТОЈАНОВСКИ
11. ЉУБОМИР ЈОСИФОВСКИ
12. СОФИЈА КУНОВСКА

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот


Е-пошта: panketnak@sobranie.mk

Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • начелни прашања, предлози и мислења во врска со остварувањето на одредбите на Уставот, закони и други прописи и акти од значење за остварување и заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • укажување на потребата од донесување на закони и други прописи и акти заради поцелосна заштита на слободите и правата на граѓанинот;
  • следење, разгледување  и анализирање на остварувањето на ратифицираните меѓународни акти кои ја регулираат заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • разгледување на дописите на граѓаните и заземање  ставови по истите;
  • соработува со научни и стручни организации од областа на заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • соработување со соодветни странски и меѓународни тела од областа на заштитата на слободите и правата на граѓанинот и
  • други прашања што се однесуваат на заштитата на слободите и правата на граѓанинот.

Комисијата не може да врши истражни или други судски функции.

Наодите на Комисијата се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.

 

Претседател: Ернад Фејзула
Заменик на претседателот: Беким Фазлиу
Членови: 1. Момчило Аврамоски
2. Трајчо Димков
3. Амди Бајрам
4. Марија Ангелова
5. Муса Ибраими
6. Петре Шилегов
7. Благоја Стојановски
8. Горан Милевски
Заменици на членовите: 1. Владанка Авировиќ
2. Лилјана Затуроска
3. Павле Саздов
4. Благородна Бојаџиева
5. Каљтрина Азизи
6. Ален Георгијев
7. Јулијана Силјановска
8. Рената Дескоска

Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање


Е-пошта: k-nadzor@sobranie.mk

Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • почитување на правата и слободите, утврдени со Уставот и закони од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање на граѓаните, претпријатијата и други правни лица;
  • законитоста во спроведување на овластувањата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на нивните права утврдени со закон;
  • методите и средствата што ги користат Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти;
  • материјалната, кадровската и техничката опременост на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање,
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор и
  • други прашања што се однесуваат на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

 

Претседател: Хари Локвенец
Заменик на претседателот: Томислав Тунтев
Членови: 1. Иван Иванов
2. Павле Саздов
3. Васил Пишев
4. Нада Ципушева
5. Антонијо Милошоски
6. Зулфи Адили
7. Ернад Фејзула 
8. Васко Ковачевски
Заменици на членовите: 1. Крсто Мукоски
2. Павле Трајанов
3. Иван Стоилковиќ
4. Стојан Миланов
5. Сашо Василевски
6. Рафис Аљити
7. Орхан Ибраими 
8. Јован Митревски

Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана

Е-пошта: k.namerkizaslednakomunod@sobranie.mk


Комисијата има претседател, четири члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • вршење на надзорот над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана;
  • законитоста во спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана од аспект на нивна усогласеност со Законот за следење на комуникациите,
  • воспоставуање на меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор, 
  • други прашања што се однесуваат на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана во врска со посебната истражна мерка следење на комуникациите.

Комисијата поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија во рок од два месеца по завршувањето на тековната година, за извршениот надзор над законитоста на спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

 

Претседател: Горан Мисовски
Заменик на претседателот: Васко Ковачевски
Членови: 1. Павле Саздов
2. Талат Џафери
3. Ернад Фејзула 
4. Петре Шилегов
Заменици на членовите: 1. Марјанчо Колевски
2. Ејуп Рустеми
3. Имер Алиу 
4. Љубиша Николиќ

Комисија за финансирање и буџет


Е-пошта: k-finan@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • системот на финансирање;
  • Буџетот на Републиката;
  • даноците, таксите, придонесите и други јавни давачки на граѓаните и правни лица;
  • царинскиот систем;
  • монетарно-кредитниот, банкарскиот и девизниот систем;
  • платниот промет и ревизијата; 
  • заемите и кредитите;
  • јавните набавки;
  • системот на осигурување;
  • сопственоста и други имотно-правни односи;
  • стоковните резерви;
  • игрите на среќа, 
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на финансиите и буџетот и 
  • други прашања што се однесуваат на финансирањето.
Претседател: Марјанчо Николов
Заменик на претседателот: Миле Андонов
Членови: 1. Крсто Мукоски
2. Драган Цуклев
3. Лилјана Кузмановска
4. Владанка Авировиќ
5. Васил Пишев
6. Ѓорѓи Коџабашиев
7. Никола Мицевски
8. Талат Џафери
9. Каљтрина Азизи 
10. Имер Алиу
11. Горан Милевски
12. Стојко Пауновски
Заменици на членовите: 1. Илија Димовски
2. Светлана Карапетрова
3. Весна Пемова
4. Сашо Аќимоски
5. Даниела Рангеловa
6. Васко Наумовски
7. Јасминка Дамческа
8. Вјолца Мехмети-Нуредини
9. Реџаиљ Исмаили
10. Беким Фазлиу
11. Јован Митревски
12. Васко Ковачевски

Комисија за економски прашања


Е-пошта:k-ekon@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • производство и трговија;
  • минерални суровини и енергетика;
  • туризам, угостителство и занаетчиство;
  • надворешно-трговско работење;
  • странски вложувања;
  • сопственичка трансформација;
  • мерки против монополска положба и монополско однесување на пазарот;
  • заштита на потрошувачите;
  • јавни претпријатија;
  • концесии;
  • статистика,
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на економскиот систем и 
  • други прашања што се однесуваат на економскиот систем.

 

Претседател: Љупчо Димовски
Заменик на претседателот: Владанка Авировиќ
Членови: 1. Драган Цуклев
2. Лилјана Кузмановска
3. Васил Пишев
4. Сашо Аќимоски
5. Каљтрина Азизи
6. Муса Ибраими
7. Газменд Алији
8. Миле Андонов
9. Стефан Богоев
10. Васко Ковачевски
Заменици на членовите: 1. Зоран Илиоски
2. Стојан Миланов
3. Крсто Мукоски
4. Ѓорѓи Коџабашиев
5. Реџаиљ Исмаили
6. Ејуп Рустеми
7. Беким Фазлиу
8. Чедомир Саздовски
9. Стојко Пауновски 
10. Марјанчо Николов

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство


Е-пошта:kzemjod@sobranie.mk 

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • земјоделското земјиште, пасиштата и други природни богатства и природни сили;
  • арондацијата, комасацијата и мелиорацијата;
  • сточарството, полјоделството, овоштарството и лозарството;
  • ловот и риболовот;
  • животинскиот и растителниот свет;
  • ветеринарно здравство и заштита на растенијата;
  • премерот и катастарот на земјиштето;
  • употребата и користењето на водите и одобрувањето на режимот на водите;
  • хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на земјоделството, шумарството и водостопанството и 
  • други прашања што се однесуваат на земјоделството, шумарството и водостопанството.

 

Претседател: Панче Орцев
Заменик на претседателот: Сашо Поцков
Членови: 1. Дајанчо Ефтимов
2. Љупчо Димовски
3. Олга Најденовска
4. Никола Мицевски
5. Ристо Манчев
6. Реџаиљ Исмаили
7. Мирван Џемаиљи
8. Орхан Ибраими
9. Милева Горгиева
10. Мира Стојчевска
Заменици на членовите: 1. Зоран Ѓорѓиевски
2. Марјанчо Колевски
3. Соња Талевска
4. Ѓоко Камчев
5. Ѓорѓи Коџабашиев
6. Зулфи Адили
7. Нора Алити
8. Газменд Алији
9. Горан Сугарески
10. Миле Андонов

Комисија за транспорт, врски и екологија


Е-пошта:k-transpor@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и  нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • патниот, железничкиот, речниот, езерскиот, воздушниот, поштенско-телеграфскиот, телефонскиот и радиосообраќајот;
  • жичарите и ски-лифтовите;
  • системите на телекомуникации и радиодифузниот систем;
  • изградбата на инвестиционите објекти во областа на траспортот и телекомуникациите;
  • просторното и урбанистичкото планирање;
  • уредувањето на градежното земјиште;
  • станбеното и комуналното стопанисување;
  • заштитата и унапредувањето  на  животната средина, природата, воздухот, земјата и водите од загадување;
  • обезбедување услови за здрава животна средина;
  • спречување на штетната бучава;
  • заштитата од јонизирачко зрачење и други штетни дејства по животот и здравјето на луѓето и посебните мерки на сигурност при употреба на нуклеарна енергија,
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на транспортот, врските, урбанизмот и екологијата и
  • други прашања што се однесуваат на транспортот, врските, урбанизмот и екологијата.

 

Претседател: Реџаиљ Исмаили
Заменик на претседателот:  Рамис Мерко
Членови: 1. Лилјана Затуроска
2. Славе Гошев
3. Амди Бајрам
4. Стојан Миланов
5. Фатмир Имероски
6. Ејуп Рустеми
7. Газменд Алији
8. Дуфе Кукоски
9. Томислав Тунтев
10. Љубиша Николиќ
Заменици на членовите: 1. Благоја Деспотоски
2. Лилјана Поповска
3. Слаѓана Митовска
4. Драган Данев
5. Ристо Манчев
6. Муса Ибраими
7. Мерал Узеири-Ферати
8. Љубица Буралиева
9. Благоја Стојановски
10. Хари Локвенец 

Комисија за образование, наука и спорт


Е-пошта:kobranau@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • системот и организацијата на предучилишното воспитување и образование, основното, средното и високото образование;
  • правото на настава на јазиците на заедниците во областа на воспитувањето и образованието;
  • системот и организацијата на научно-истражувачката дејност;
  • создавање, примена и вреднување на пронајдоците, патентите и други инвентивни активности што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид интелектуално творештво;
  • информатиката, научниот и технолошкиот развој и техничката култура;
  • организација, развој и функционирање на информациониот систем во Републиката;
  • образованието на младите, ученичкиот и студентскиот стандард;
  • поттикнување на интелектуалното, културното и научното творештво на младите;
  • едукација за превентивна заштита на младите од болестите на зависност и од СИДА;
  • развој и унапредување на физичката култура;
  • развојот на врвниот спорт,  
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот и   
  • други прашања што се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот.

 

Претседател: Олга Најденовска
Заменик на претседателот:  Марија Ангелова
Членови: 1. Светлана Карапетрова
2. Димитар Стевананџија
3. Благица Ласовска
4. Весна Дамчевска-Илиевска
5. Драган Данев 
6. Ејуп Рустеми
7. Рамис Мерко
8. Орхан Ибраими
9. Чедомир Саздовски
10. Солза Грчева
11. Љубиша Николиќ
12. Милева Горгиева
Заменици на членовите: 1. Мирјана Хаџиевска
2. Авдија Пепиќ
3. Сузана Секуловска
4. Трајчо Димков
5. Слаѓана Митовска
6. Џеват Адеми
7. Ермира Мехмети
8. Газменд Алији
9. Роза Топузова-Каревска
10. Горан Милевски
11. Рената Дескоска
12. Јован Митрески

Комисија за култура


Е-пошта:k-kultura@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • организацијата, развојот и унапредувањето на културата;
  • заштита на природното и културното наследство во Република Македонија;
  • збогатување на историското и уметничкото творештво;
  • афирмирање и заштита на врвни културни вредности;
  • афирмација и заштита на авторството и авторското право;
  • донации и спонзорства;
  • дејности за заштита  и користење на движно и недвижно културно богатство;
  • издавачка дејност и библиотекарство;
  • споменично одбележување и заштита на спомениците на културата;
  • употреба и заштита на македонскиот јазик;
  • информирање, културни и други дејности заради изразување на идентитетот и особеностите на заедниците;
  • определување годишнини на настани и личности од посебно значење за државно-правниот развој на Републиката, афирмација на историското и културното наследство и негување на општо цивилизациските вредности;
  • начинот и формите на одбележување на значајни настани и личности;
  • активностите на посебни одбори формирани за одделни одбележувања,
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на културата и   
  • други прашања што се однесуваат на културата и одбележувањето годишнини на значајни настани и личности.

 

Претседател: Магдалена Манаскова
Заменик на претседателот:  Ане Лашковска
Членови: 1. Момчило Аврамоски
2. Мирјана Хаџиевска
3. Сузана Секуловска
4. Весна Дамчевска-Илиевска
5. Хазби Љика
6. Зулфи Адили
7. Орхан Ибраими
8. Роза Топузова-Каревска
9. Љубица Буралиева
10. Софија Куновска 
Заменици на членовите: 1. Лилјана Затуроска
2. Славе Гошев
3. Ристо Манчев
4. Нола Исмајлоска Старова
5. Рафис Аљити
6. Мирван Џемаиљи
7. Мерал Узеири-Ферати
8. Стефан Богоев
9. Соња Мираковска
10. Лидија Димова

Комисија за здравство


Е-пошта:k-zdravstvo@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • здравствената заштита на населението;
  • здравственото осигурување;
  • заштитата на населението од заразни болести, од штетно влијание на гасовите, јонизирачките зрачења и бучавата, загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните производи;
  • заштитата од болестите на зависност и од СИДА;
  • хигиенскоепидемиолошката состојба;
  • производството, прометот и снабдувањето со лекови, помошните лековити средства и медицинските помагала, медицинска опрема, санитетски уреди и материјали, отрови и опојни дроги;
  • санитарниот и здравствениот надзор,
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на здравството и  
  • други прашања што се однесуваат на здравството.

 

Претседател: Јагода Шахпаска
Заменик на претседателот:  Ален Георгијев
Членови: 1. Зоран Ѓорѓиевски
2. Момчило Аврамоски
3. Весна Пемова
4. Сашо Василевски
5. Александар Стојкоски
6. Јамин Синани
7. Мирсада Емини-Асани
8. Мерал Узеири-Ферати
9. Биљана Настевска
10. Јулијана Силјановска
Заменици на членовите: 1. Соња Талевска
2. Драган Цуклев
3. Амди Бајрам
4. Андон Чибишев
5. Благородна Бојаџиева
6. Артан Груби
7. Шпреса Хадри
8. Газменд Алији
9. Љубица Буралиева
10. Марјанчо Николов 

Комисија за труд и социјална политика


Е-пошта:k-trud@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • работните односи и за заштитата на работниците на работа;
  • правото на штрајк;
  • вработување и права во случај на невработеност;
  • заштита на жената на работа и заштита на мајчинството;
  • платите и животниот стандард;
  • социјалната политика и социјалната сигурност на граѓаните;
  • системот, организацијата, развојот и унапредувањето на социјалната заштита и заштитата на децата;
  • популационата политика, бракот и семејството;
  • системот на пензиското и инвалидското осигурување;
  • боречко-инвалидската  заштита  и  заштитата на воените инвалиди и лицата прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност,
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на трудот и социјалната политика и    
  • други прашања што се однесуваат на трудот и социјалната политика.

 

Претседател: Јован Митрески
Заменик на претседателот:  Соња Мираковска
Членови: 1. Благоја Деспотоски
2. Слаѓана Митовска
3. Соња Талевска
4. Александар Стојкоски
5. Благородна Бојаџиева
6. Марија Ангелова
7. Селвије Салију
8. Мирсада Емини-Асани
9. Газменд Алији
10. Марјанчо Николов
11. Јулијана Силјановска
12. Јагода Шахпаска
Заменици на членовите: 1. Драган Цуклев
2. Весна Пемова
3. Сузана Секуловска
4. Весна Дамчевска-Илиевска
5. Благица Ласовска
6. Алим Билали
7. Ејуп Рустеми
8. Зулфи Адили
9. Орхан Ибраими
10. Солза Грчева
11. Марјан Даскаловски
12. Ален Горгијев

Комисија за локална самоуправа


Е-пошта: k.samouprava@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет членови и нивни заменици. 

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на: 

  • локалната самоуправа; 
  • територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија; 
  • следењето на развојот и мерките за унапредување на локалната самоуправа; 
  • следењето на состојбата на територијалната организација и на стандардите за големината, населението и потребите на локалната самоуправа; 
  • следењето на системот , политиката , мерките и инструментите за остварување порамномерен регионален развој, 
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на локалната самоуправа и   
  • следење на остварувањето и користењето на средствата наменети за рамномерен регионален развој. 

 

Претседател: Џеват Адеми
Заменик на претседателот:  Хазби Љика
Членови: 1. Димитар Стевананџија
2. Зоран Илиоски
3. Зоран Ѓорѓиевски
4. Слаѓана Митовска
5. Ристо Манчев
6. Ѓоко Камчев
7. Рамис Мерко
8. Беким Фазлиу
9. Љубица Буралиева
10. Благоја Стојановски
11. Дуфе Кукоски
12. Сашо Поцков
Заменици на членовите: 1. Благоја Деспотоски
2. Никола Мицевски
3. Марјанчо Колевски
4. Александар Стојкоски
5. Нола Исмајлоска Старова
6. Алим Билали
7. Јамин Синани
8. Газменд Алији
9. Чедомир Саздовски
10. Панче Орцев
11. Мира Стојчевска
12. Марјан Даскаловски

Комисија за еднакви можности на жените и мажите


Е-пошта:kem@sobranie.mk

Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.

Комисијата разгледува прашања што се однесуваат на:

  • разгледување на предлозите на закони и другите прописи што ги донесува Собранието од областа на трудот и социјалната политика, образованието и здравството, семејството и грижата за децата, како и други предлози на закони и други прописи од аспект на вклученоста на родовиот концепт во нив;
  • разгледување на предлог Националниот план за акција за еднакви можности на жените и мажите;
  • следење  на усвојувањето и примената на основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор  преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;
  • следење на системот на мерки за отстранување на нееднаквиот третман на жените и мажите преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;
  • иницира донесување и изменување  на закони и други прописи од областа на еднаквите можности на жените и мажите;
  • поттикнување на соработката меѓу надлежните органи за прашања кои се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите;
  • редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со еднаквите можности на жените и мажите;
  • соработката со соодветните комисии на другите земји  и 
  • разгледува други прашања што се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите.

 

Претседател:  Даниела Рангелова
Заменик на претседателот:  Лилјана Кузмановска
Членови: 1. Лилјана Поповска
2. Сузана Секуловска
3. Крсто Мукоски
4. Алим Билали
5. Вјолца Мехмети-Нуредини
6. Шпреса Хадри
7. Мерал Узеири-Ферати
8. Мира Стојчевска
9. Соња Мираковска
10. Биљана Настевска
Заменици на членовите: 1. Мирјана Хаџиевска
2. Олга Најденовска
3. Благица Ласовска
4. Марија Ангелова
5. Селвије Салију
6. Каљтрина Азизи
7. Газменд Алији
8. Роза Топузова-Каревска
9. Милева Горгиева
10. Јулијана Силјановска 

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања


Е-пошта:k-delovnicki@sobranie.mk

Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • спроведување на Деловникот на Собранието и на деловниците на работните тела и дава мислење за разрешување на спорни прашања;
  • иницијативи за  изменување на  Деловникот на Собранието и деловниците на работните тела;
  • предлагање на донесување, односно изменување и дополнување на Деловникот на Собранието;
  • извештаите на Државната изборна комисија за пратеници од листата на кандидати кои станале пратеници за остатокот од мандатот;
  • основите за престанок и одземање на мандатот на пратеник и за тоа на Собранието му поднесува извештај;
  • имунитетот на пратениците, 
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се од деловнички карактер и кои се однесуваат на мандатно-имунитетните права и 
  • други прашања во врска со Деловникот и мандатно-имунитетните права.

 

Претседател:

Александар Николоски
Заменик на претседателот: Андон Чибишев
Членови: 1. Иван Стоилковиќ
2. Магдалена Манаскова
3. Алим Билали
4. Јасминка Дамческа
5. Артан Груби
6. Беким Фазлиу
7. Панче Орцев
8. Петре Шилегов
Заменици на членовите: 1. Владимир Ѓорчев
2. Љупчо Димовски
3. Весна Дамчевска-Илиевска
4. Драган Данев
5. Џеват Адеми
6. Орхан Ибраими
7. Енес Ибрахим
8. Сашо Поцков
Click