Средба на Ненад Коциќ со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва ...

Четврток, 3 февруари 2022

Средба на Ненад Коциќ со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Денеска Ненад Коциќ, претседател на Групата за соработка со парламентот на Чешката Република оствари прва средба со Н. Е. Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија.  

Прочитај повеќе

Арта Биљали-Зендели на специјален состанок на Постојаниот к...

Вторник, 1 февруари 2022

Арта Биљали-Зендели на специјален состанок на Постојаниот комитет на ПС на НАТО

На специјалниот состанок на Постојаниот комитет на ПС на НАТО, што се одржа денеска во виртуелен формат, учествуваше шефицата на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, Арта Биљали-Зендели.

Прочитај повеќе

Онлајн средба на Рашела Мизрахи со израелскиот пратеник Муф...

Понеделник, 31 јануари 2022

Онлајн средба на Рашела Мизрахи со израелскиот пратеник Муфид Мари

По повод именувањето на пратеникот во израелскиот Кнесет, Муфид Мари, за претседател на Групата за пријателство со Република Северна Македонија, на негова иницијатива, денеска се одржа онлајн средба со Рашела Мизрахи, претседателка на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел.

Прочитај повеќе

Арта Биљали-Зендели избрана за заменик-член на Комисијата з...

Понеделник, 31 јануари 2022

Арта Биљали-Зендели избрана за заменик-член на Комисијата за избор на судии во Европскиот суд за човекови права

Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на својот состанок одржан на 28 јануари 2022 година, односно последниот ден од зимската сесија, ја потврди номинацијата на Партиската група на социјалистите, демократите и зелените, пратеничката Арта Биљали-Зендели да биде заменик-член на Комисијата за избор на судии во Европскиот суд за човекови права.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ 26.1.22...

Среда, 26 јануари 2022

Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ

Од 24 до 28 јануари 2022 година се одржува зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во хибриден формат, односно со физичко присуство во Стразбур и на далечина. Собраниската делегација во состав Дарко Каевски, шеф; Александар Николоски и Арта Зендели, членови; како и Фаница Николоска, заменичка на шефот, на оваа сесија учествуваат онлајн. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МРЕЖАТА МЛАДИ ЕВРОПС...

Вторник, 25 јануари 2022

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МРЕЖАТА МЛАДИ ЕВРОПСКИ АМБАСАДОРИ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со претставници на Мрежата Млади европски амбасадори. На средбата присуствуваше и Бојан Стојановски, пратеник во Собранието.

Прочитај повеќе

Средба на Клубот на пратенички со јапонски студенти 21.2.22...

Петок, 21 јануари 2022

Средба на Клубот на пратенички со студенти од Џон Хопкинс

Денеска, Претседателството на Клубот на пратенички одржа средба со студенти од Универзитетското училиште за напредни меѓународни студии Џон Хопкинс. На средбата присуствуваа професорот Шнеебаум и 12 студенти со цел да обезбедат практично искуство од областа на човековите права. Имено, тие секоја година одбираат прашање и земја за истражување во период од два семестра, што резултира со сеопфатен извештај и заклучоци.

Прочитај повеќе

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со високиот к...

Четврток, 20 јануари 2022

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кајрат Абдракхманов

Комитетот за односи меѓу заедниците, денеска, на негово барање, одржа Седма седница со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кајрат Абдракхманов.

На седницата присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. како и делегација која ги придужуваше високите гости. На седницата, покрај претседателката на Комитетот, Арбана Пашоли, присуствуваа членовите на Комитетот и заинтересирани пратеници.

Прочитај повеќе

Средба Јован Митрески - Кристиан Вигенин...

Вторник, 18 јануари 2022

Средба Јован Митрески - Кристиан Вигенин

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, Јован Митрески, денеска во Собранието на Република Северна Македонија имаше средба со заменик-претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Кристиан Вигенин, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на меѓусебните односи, но и на регионалната соработка пошироко.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со премиерот Петков ...

Вторник, 18 јануари 2022

Средба на претседателот Џафери со премиерот Петков 

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со г. Кирил Петков, премиер на Република Бугарија.

Прочитај повеќе
1...567...57                                                          
Click