2010

    Средба на г. Трајко Вељаноски со г. Илир Мета...

    

    Среда, 28 јули 2010 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со г. Илир Мета, заменик-претседател на владата и министер за надворешни работи на Република Албанија

    На средбата, претседателот Вељаноски го изрази своето задоволство од досегашното високо ниво на билатерални односи и нагласи дека двете земји заеднички ги споделуваат темелните европски принципи на регионалната соработка и во иднина ќе продолжат да соработуваат во рамките на евроинтеграциските процеси. Претседателот Вељаноски посебно ја нагласи досегашната интензивна парламентарна соработка на сите нивоа, упати благодарност до Република Албанија за нејзината поддршка кон нашата интеграција во НАТО и изрази надеж дека во најскоро можно време ќе изнајдеме решение за нашиот спор со Република Грција кое ќе биде трајно и со коешто двете страни ќе бидат задоволни и како што нагласи претседателот Вељаноски „очекувам целиот регион заедно да биде дел од европското семејство“.

    Прочитај повеќе

    Средба на ПСРМ со претседателот на Латвија...

    

    Среда, 14 јули 2010 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Латвија, г. Валдис Затлерс

    Претседателот Вељаноски посебно ја нагласи активноста на Собранието на Република Македонија во поглед на хармонизација на законодавството со ЕУ, го истакна значењето на парламентарната и регионална соработка и го искажа своето очекување дека Република Македонија за краток период ќе стане членка на НАТО и ќе ги започне преговорите со ЕУ и во таа насока го поздрави фактот што Република Латвија се залага билатералните спорови, како што е нашиот спор со Република Грција, да не биде директен услов за напредување во евроинтегративните процеси

    Прочитај повеќе

    Средба на ПСРМ со претседателот на Хрватска...

    

    Понеделник, 12 јули 2010 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски се сретна со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ, во рамките на неговата прва официјална посета на Република Македонија. На средбата, претседателот Вељаноски го нагласи значењето на овој континуитет на средби на највисоко ниво меѓу двете страни како поттик и наша заедничка определба да ги зацврстуваме нашите билатерални пријателски односи и во иднина

    Прочитај повеќе

    Средба на г. Трајко Вељаноски со г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејанов...

    

    Петок, 9 јули 2010 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски беше домаќин на својата колешка, претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ

    Прочитај повеќе

    Вељаноски донесе мерки во врска со настаните случени на 1 ј...

    

    Четврток, 8 јули 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, донесе мерки во врска со настаните случени на 1 јули 2010 година

    Врз основа на член 43 став (4) од Законот за Собранието на Република Македонија, остварената консултација со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, одржана на 6 и 8 јули 2010 година, увидот во видео-записите од мониторинг-системот пред и во зградата на Собранието на Република Македонија, извршен и врз основа на барање на група пратеници, како и врз основа на збирните информации добиени од Внатрешното обезбедување на Собранието, во врска со настаните случени на 1 јули 2010 година, одлучив да ги донесам следните мерки

    Прочитај повеќе

    Средба на Вељаноски со г. Антонио Крстиќевиќ...

    

    Понеделник, 5 јули 2010 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со пратеникот на владејачката партија во Западна Австралија, г. Антонио Крстиќевиќ

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со пратеникот од владејачката партија во Западна Австралија, г. Антонио Крстиќевиќ. На средбата, претседателот Вељаноски изрази задоволство од зголемениот интензитет на политичка соработка на високо ниво помеѓу двете земји во текот на оваа година и изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи уште позасилено преку соработката на парламентарците на сите нивоа

    Прочитај повеќе

    Билатерална средба меѓу Вељаноски и швајцарскиот претседате...

    

    Среда, 23 јуни 2010 година, Берн, Швајцарија

    Билатерална средба меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија и швајцарскиот претседател на Советот на држави

    При официјалната посета на Берн, Швајцарија, од страна на македонската парламентарна делегација, швајцарскиот претседател на Советот на држави (претседавач со Горниот парламентарен дом), г-ѓа Ерика Форстер-Ванини и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, остварија билатерална средба. 

    На срдечната средба се разговараше за прашања поврзани со евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и прашањата поврзани со спорот за името, како и за последиците од светската економска криза врз економиите на двете држави. Двете страни ja истакнаа важноста од развивање на соработката меѓу двата парламенти и истражувачката поддршка на нивната законодавна работа. 

    Претседателот Вељаноски се заблагодари за помошта во формирањето на Парламентарниот институт во Собранието на Република Македонија.

    „Пратениците се менуваат, но Парламентарниот институт ќе остане и ќе претставува сведоштво на она што го градиме заедно со Швајцарија“, истакна претседателот Вељаноски.

    На крајот на средбата претседателот Вељаноски упати покана до претседателот на Советот на држави, г-ѓа Форстер-Ванини, да ја посети Република Македонија.

    Парламентарниот институт ќе нуди истражувачки и аналитички услуги за пратениците и службата, со цел промоција на законодавната и надзорната улога на Собранието на Република Македонија и севкупните собраниски капацитети. 

    За време на посетата на Швајцарија, претседателот Вељаноски беше придружуван од потпретседателот на Собранието, г. Јани Макрадули, пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г. Тахир Хани, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Флора Кадриу, г-ѓа Роза Топузова Каревска, г. Кенан Хасипи и генералниот секретар г. Жарко Денковски.

    Вкупната вредност на швајцарската донација за проектот на Парламентарниот институт изнесува околу 2.5 милиони евра.  

    Прочитај повеќе

    ПСРМ свечено го размени Меморандумот за разбирање со директ...

    

    Вторник, 22 јуни 2010 година, Берн, Швајцарија

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски свечено го размени Меморандумот за разбирање со директорот на одделот за соработка со Источна Европа од Швајцарската Агенција за развој и соработка – СДЦ Хуберт Ајзел

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го размени Меморандумот за разбирање за спроведување на проектот „Поддршка на основањето и развојот на Парламентарниот институт“ со г. Хуберт Ајзел, директор на Одделот за соработка со Источна Европа и член на Директоратот на Швајцарската агенција за развој и соработка - СДЦ

    Прочитај повеќе

    Вељаноски во работна посета на Швајцарија...

    

    Понеделник, 21 јуни 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во работна посета на Швајцарија

    Парламентарна делегација, предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски, од денеска е во работна посета на Швајцарија, каде свечено ќе се одбележи почетокот на соработката со швајцарската страна по повод основањето на Парламентарниот институт на Собранието, за што неодамна во Скопје беше потпишан Меморандум за разбирање

    Прочитај повеќе

    ПСРМ на средба со Андерс Расмусен...

    

    Петок, 18 јуни 2010 година

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска го прими Генералниот секретар на НАТО Андерс Расмусен

    Република Македонија продолжува со остварување на нашите стратешки определби, а тоа е членството во НАТО и во ЕУ, истакна на почетокот од средбата претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Фактот дека над 4 проценти од вкупниот број на Армијата на Република Македонија денес учествуваат во мировните мисии во Авганистан и во други држави, покажува дека сакаме во целост да ја понесеме нашата обврска кога станува збор за зачувување на мирот и борбата против меѓународниот тероризам и сите оние предизвици кои го загрозуваат светскиот мир. Односно, иако не сме членка на НАТО ние ги преземаме и ги остваруваме сите обврски како полноправна членка, а тоа ни го признаваат скоро сите држави-членки на Алијансата.

    Прочитај повеќе
    1234...6       
    Click