Учество на пратеникот Џеват Адеми на 25. Регионално собрани...



Вторник, 20 ноември 2012 година, Монтре, Швајцарија

Учество на пратеникот Џеват Адеми на 25. Регионално собрание - Европа на ПСФ

Пратеникот Џеват Адеми, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), учествува на 25. Регионално собрание - Европа на ПСФ, што се одржува од 19 до 22 ноември 2012 година во Монтре, Швајцарската Конфедерација. На заседанието учествуваат претставници од 18 секции членки на Регионот Европа на ПСФ

Прочитај повеќе

Дваесет и шесто издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ 20,11,12...

Вторник, 20 ноември 2012 година

Дваесет и шесто издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во актуелниот број на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ) претставени се посетата на Република Македонија на д -р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Република Унгарија на Република Македонија и неговите средби со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и со претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети и членовите на комитетот.

Прочитај повеќе

Средба Китаноски- Валтер 31,10,12...



Четврток, 1 ноември 2012 година

Средба на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со известителот Валтер

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Илија Китаноски, денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со потпретседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Роберт Валтер, известител за пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија и г-ѓа Силвие Афхолдер, секретар на Мониторинг-комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Прочитај повеќе

Процесот на децентрализација во Македонија - пример за Молд...



Четврток, 1 ноември 2012 година

Процесот на децентрализација во Македонија - пример за Молдавија

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија, г. Џеват Адеми и членовите на Комисијата г. Васил Пишев и г. Самка Ибраимоски, остварија средба со Делегација од Република Молдавија, составена од градоначалници и претседатели на совети на регионите

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 19.11.12...

Понеделник, 19 ноември 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 19 до 22 ноември, во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, во чиј фокус ќе биде буџетот на Европската унија за периодот 2014-2020 година. Европратениците ќе предупредат на ризикот од идејата за драстично скратување на буџетот, што би можело да доведе до негово парализирање цела една декада.

Утре треба да бидат усвоени водечките правила за идната Економска и монетарна унија (ЕМУ).

На дневната агенда на седницата ќе се најдат и: борбата против илегалната и штетната содржина и заштитата на децата од интернет; финансиската помош на ЕУ од 670 милиони евра за жртвите од земјотресот во Италија; човековите права и демократијата, со акцент на состојбата во Казахстан; јакнење на европската индустрија; ситуацијата во Газа; самитот во Доха како можност за акција во однос на климатските промени и др.

В среда, на свечена церемонија, претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе го објави победникот на филмската награда „Лукс“.

 
Прочитај повеќе

27, седница на Комисијата за европски прашања 31,10,12...



Среда, 31 октомври 2012 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и седмата седница, одржана на 24 октомври 2012 година, во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба.

Прочитај повеќе

17. седница на Комисијата за еднакви можности 31.10.12...



Среда, 31 октомври 2012 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на Седумнаесетта седница, одржана на 24 октомври 2012 година, го разгледа Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија 2012, со посебен осврт на делот за родовата рамноправност

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на МАНУ...



Петок, 16 ноември 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на МАНУ по повод 16 Ноември - Меѓународниот ден на толеранцијата

Во ова време на интензивни промени, кога се менуваат традиционалните матрици на стариот свет, се случуваат придвижувања кои водат до зацврстување на едни нови парадигми, нови вредносни модели во општеството. Овие нови парадигми ја подразбираат толеранцијата како активен став, кој подразбира почитување на различноста и прифаќање и уважување на разнообразноста во едно општество и во светот во целина.

Прочитај повеќе

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО БРИСЕЛ 15....



Четврток, 15 ноември 2012 година, Брисел

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Во организација на Директоратот за надворешни политики, односно Одделението за односи со Парламентите на земјите од Западен Балкан, на 14 и 15 ноември 2012 година, во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, се одржува Парламентарен семинар на тема: „Заштитата на човековите права и состојбата на жените и децата"

Прочитај повеќе

26, седница на Комисијата за труд и социјална политика 31,1...



Среда, 31 октомври 2012 година

Дваесет и шеста седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и шестата седница, одржана на 24 октомври 2012 година, ги разгледа:

Прочитај повеќе
1...456...33                                  
Click