Работна средба на Клубот на пратенички, 3.12.2012...



Понеделник, 3 декември 2012 година

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија и Канцеларијата на UN Women - Тело на Обединети нации за родова рамноправност и зајакнување на жените од Скопје, ќе одржи работна средба на 6 декември 2012 година (четврток), од 13,00 до 15,00 часот во хотел Бест Вестерн

Прочитај повеќе

41, седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија ...



Петок, 30 ноември 2012 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и првата седница одржана вчера, како матично работно тело, ги разгледа

Прочитај повеќе

Oбраќање на Вељаноски - ОБСЕ...



Петок, 30 ноември 2012 година

Oбраќање на претседателот Вељаноски на Конференција „Улогата на политичките партии во изборниот процес“ во организација на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија

Ниедна модерна демократија не може да се откаже од функционирањето на политичките партии. Ова демократско сидро важи и ќе важи и покрај распространетата наклонетост против политичкото, против партиските караници и против партиско-политичките дејствувања. Тој што сака да се најде над партиите и да каже дека се води само и единствено од „државно-политичките потреби“, тој по правило се лаже и себе си и другите. Таквите, обично своето гледише за политиката го претставуваат како чиста стручност, истовремено обидувајќи се ставовите на другите да ги дискредитираат како „партиска политика“ или „идеолошки

Прочитај повеќе

19. седница на Комисијата за економски прашања 28.11.12...



Среда, 28 ноември 2012 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерапната Деветнаесетта седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Иницијативи и препораки за одржлив...



Среда, 28 ноември 2012 година

Јавна расправа на тема: „Иницијативи и препораки за одржлива популациска политика во Република Македонија“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, вчера одржа јавна расправа на тема: „Иницијативи и препораки за одржлива популациска политика во Република Македонија“

Прочитај повеќе

Проштална посета Вељаноски- Пападополу...



Среда, 28 ноември 2012 година

Претседателот Вељаноски го прими во проштална посета амбасадорот на Република Грција, г-ѓа Александра Пападополу

На средбата се изрази очекување дека на Самитот на претседатели на парламенти кој во мај идната година треба да се одржи во Република Македонија, во рамките на Процесот на соработка во Југоисточна Европа, со кој претседава Република Македонија, ќе дојде до средба меѓу двата претседатели на парламенти, г. Вељаноски и г. Меимаракис

Прочитај повеќе

Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјо...



Петок, 16 ноември 2012 година

Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 17. седница, на 15 ноември 2012 година, одржа второ продолжение на надзорната расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“.

Прочитај повеќе

44 седница на Комисијата за финансирање и буџет 26.11.12...



Понеделник, 26 ноември 2012 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и четвртата седница, одржана денеска, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (второ читање).

По Предлог на законот Комисијата го разгледа:

  • Амандманот на член 1 за додавање на точка 8-б, по точката 8-а, поднесен од пратениците Марјанчо Николов и Миле Андонов, под архивски број 07-4209/2.

Амандманот го образложи пратеникот Марјанчо Николов.

Заменикот на министерот за финансии не се согласи со поднесениот амандман.

Со четири гласа „за“ и шест „против“, Комисијата не го усвои овој амандман.

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност на натамошна постапка во Собранието.

Прочитај повеќе

Пратениците Трајанов и Сугарески во Прага, 12.12.2012...



Понеделник, 12 ноември 2012 година, Прага

Пратениците Трајанов и Сугарески на Есенска сесија на ПС на НАТО

Во текот на работата на Политичкиот комитет, при разгледување на Предлог-резолуцијата за НАТО после Чикаго, пратеникот Павле Трајанов се заложи ПС на НАТО да препорача Советот на НАТО да упати покана за прием на Република Македонија во НАТО

Прочитај повеќе

Меѓународна конференција за проектот „Жените во руралниот р...



Сабота, 24 ноември 2012 година

Меѓународна конференција за проектот „Жените во руралниот развој, SEE WoRD"

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија во соработка со Комисијата за родова еднаквост на Парламентот на Република Хрватска и GTF - Регионален центар за еднаквост на половите, вчера одржаа Меѓународна конференција за проектот „Жените во руралниот развој, SEE WoRD"

Прочитај повеќе
1...345...33                                  
Click