Пратенички прашања


НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.01.2009 - 03.02.2009

 Седница 45 29.01.2009 
 
Од: МЕНДЕ ДИНЕВСКИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето:
 
Кога Владата на РМ планира да им ги исплати финансиските средства, одобрени од страна на Комисијата на граѓаните на Битола, чии што домови беа зафатени од пожарите во јули 2007 година
 
Прашање      


 
29.01.2009 
 
Од: ВЛАДО БУЧКОВСКИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
 Извадок од прашањето: 
 
Кои активности се превземени за реализација на спогодбата за Клириншкиот долг со Руската Федерација во 2005 и 2006 година и кој е виновен за доцнењето на реализацијата на спогодбата
 
Прашање   

Седница 45 29.01.2009 
 
Од:  МЕНДЕ ДИНЕВСКИ За:  Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
До кога раководството во РЕК Битола ќе ги отстранува стручните луѓе и на нивно место ќе поставува исклучиво партиски војници, без оглед на стручноста и квалификациите. 
 
Прашање      


 
Седница 45 29.01.2009 
 
Од: ЃОРЃИ ОРОВЧАНЕЦ За: Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Колку нови вработувања има реализирано Владата на РМ од 2006 година до денес. 
 
Прашање    
  
 
Седница 45 29.01.2009 

Од: АБЕДИН ЗУМБЕРИ За: Министер за правда 

Извадок од прашањето: 
 
Дали постои можност повторно да биде разгледан предметот на обвинетите за случајот Сопот
 
Прашање

27.01.2009 
 
Од: АНЕТА СТЕФАНОВСКА За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Дали студентите дипломирани криминалисти на Полициската академија во најскоро време ќе бидат земени во предвид и интегрирани, односно вработени во МВР. 
 
Прашање      


 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: БЕСИМ ДОГАНИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Дали се точни податоците изнесени во изјавата на заменикот на претседателот на Владата Абдулаќим Адеми, дека во 2008 година се вработени илјада Албанци, како и да ми се достави список каде се вработени и на кои работни места. 
 
Прашање      


 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: ФЉОРА КАДРИ За: Потпретседател на Собрание на РМ, Рафис Алити 
 
Извадок од прашањето: 
 
Кога ќе можат нашите граѓани да не слушнат нас пратениците Албанци, кои говориме од оваа говорница на наш мајчин јазик. 
 
Прашање      


 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: ТИТО ПЕТКОВСКИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 

Дали ќе пристапите кон подготвување на државна стратегија за успешна борба на Република Македонија со Грција околу заштитата на нашите интереси, пред се на името. 
 
Прашање      


 
 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: МИЛЕ АНДОНОВ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Дали Владата има намера и кога ќе предложи решение за социјална заштита од енергетска сиромаштија. 
 
Прашање  

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.