Понеделник, 14 декември 2009 година
".eu" ИНТЕРНЕТ ДОМЕН ДОСТАПЕН НА СИТЕ ЈАЗИЦИ НА ЕУ

Од 10 декември 2009 година, сите граѓани на Европа, приватниот сектор и организациите, може да регистрираат „.eu“ веб-страни, користејќи ги знаците на сите 23 официјални јазици на Европската унија. Тоа значи дека при регистрацијата ќе може да се употребуваат и кирилични имиња, како на пример www.роуминг.eu, согласно со новите правила на ЕУ, усвоени од Комисијата во јуни 2009 година (IP/09/1044)