Вторник, 5 април 2011 година, Брисел
Втор ден од Конференцијата на претседатели на парламенти на држави-членки и кандидати за членки на ЕУ

Претседателот Вељаноски, во рамките на Конференцијата, оствари неколку кратки билатерални средби со свои колеги, претседателите на Парламентите на Малта, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Турција, Австрија и Холандија. Од страна на претседателот Вељаноски, беше иницирана средба за парламентарна соработка и со претседателот на Парламентот на Грција, г. Филипос Петсалникос, но грчката страна не покажана заинтересираност за средбата и избегна почетна парламентарна соработка.