Вторник, 29 март 2011 година
СЕМЕЈНАТА ПОЛИТИКА ВО ФОКУСОТ НА УНГАРСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Важноста на семејството и децата, инверзијата на неповолните демографски трендови во Европа, ќе бидат на агендата на Унгарското претседателство со ЕУ за време на Европската недела посветена на популацијата и семејните прашања, која на 26 март оваа година, беше отворена со посебна прес-конференција во Будимпешта, Унгарија. Во периодот од 28 март и 2 април, Европската недела „Европа за семејствата, семејствата за Европа“, ќе вклучува меѓународни, стручни, научни и граѓански конференции и неформален состанок на министрите за демографија и семејни прашања