Средба на претседателот Вељаноски со г. Фокша Јустинијан...

Среда, 8 февруари 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Романија, г. Фокша Јустинијан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Романија, г. Фокша Јустинијан.

Претседателот Вељаноски, посакувајќи му успешен мандат на новоименуваниот амбасадор, истакна дека меѓу Република Македонија и Република Романија нема отворени прашања, што е добра основа за развој на билатералните односи на сите нивоа.

Соговорниците се согласија дека парламентарната соработка и на ниво на претседатели и на ниво на комисии и пратеници треба да ја одбележи 2012 година, како продолжение на билатералната соработка на ниво на претседатели на држави.

Амбасадорот Јустинијан Фокша ја повтори поддршката на Република Романија за евроатлантските интеграции на Република Македонија. 
Прочитај повеќе

Обраќање на високиот комесар, г. Кнут Волебек пред Комитет...



Четврток, 9 февруари 2012 година

Обраќање на високиот комесар Кнут Волебек пред Комитетот за односи меѓу заедниците

На денешната, Четврта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците, свое обраќање имаше високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ, г. Кнут Волебек

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Правната регулатива за деца во суд...



Вторник, 7 февруари 2012 година

Јавна расправа на тема: „Правната регулатива за деца во судир со законот, деца жртви и деца сведоци на кривични дела"

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на 11. седница, на 2 февруари 2012 година, одржа јавна расправа на тема: „Правната регулатива за деца во судир со законот, деца жртви и деца сведоци на кривични дела".

Прочитај повеќе

Работилница за пратениците 2.2.12...



Четврток, 2 февруари 2012 година

Работилница за пратениците за предизвиците на националните парламенти во процесот на пристапување во ЕУ

Пратеници од разни политички партии учествуваа на работилницата организирана од ИПА-ТПП проектот (Техничка помош на Парламентот), на тема: „Предизвиците на националните Парламенти во процесот на пристапување во ЕУ“ (искуства на новите земји членки на ЕУ)

Прочитај повеќе

Молитвен појадок, 3.2.2012...



Петок, 3 февруари 2012 година, Вашингтон

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Молитвен појадок

Делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратениците г. Владимир Ѓорчев, г. Јани Макрадули и г. Неџати Јакупи, од 30 јануари до 3 февруари 2012 година, се во посета на Соединетите Американски Држави.

Прочитај повеќе

Состанок на Клубот на пратенички, 20.2.2012...



Понеделник, 20 февруари 2012 година

Состанок на Клубот на пратенички

На состанокот беа разгледани предлози за работата на Клубот на пратенички во претстојниот мандатен период, потоа се отворија прашања за Правилникот за работа на Клубот, а стана збор и за предлогот за изготвување на Стратегија за работа на Клубот

Прочитај повеќе

Средба на пратеникот Хајрула Мисини со унгарскиот амбасадор...



Петок, 17 февруари 2012 година

Средба на пратеникот Хајрула Мисини со унгарскиот амбасадор, г. Јоже Бенце

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, вчера имаше средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, г. Јоже Бенце, на негово барање

Прочитај повеќе

Трета седница на Комитетот за односи меѓу заедниците 1.2.12...



Среда, 1 февруари 2012 година

Трета седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ја одржа Третата седница со дневен ред „Актуелната состојба во светлина на последните настани и нивното влијание врз меѓуетничките и меѓурелигиските односи во Република Македонија"

Прочитај повеќе

Нови вработувања – приоритет за ЕУ 2.2.12...



Четврток, 2 февруари 2012 година

Нови вработувања – приоритет за ЕУ

Вработувањето и зајакнувањето на економијата се од витално значење за Европската унија, беа согласни членовите на Европскиот парламент за време на вчерашната пленарна седница во Брисел, која продолжува и денеска.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 1,2,12...



Среда, 1 февруари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, во Брисел, ќе одржи пленарна седница, на која европратениците ќе расправаат по повеќе прашања, меѓу кои поттикнување развој и вработување

Прочитај повеќе
1...293031...33                                  
Click