Учество на Јани Макрадули на Светската конференција за е-па...



Среда, 12 септември 2012 година

Учество на потпретседателот Јани Макрадули на Светската конференција за е-парламент

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и член на Делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ), г Јани Макрадули, ќе учествува на Светската конференција за е-парламент, што ќе се одржи од 13 до 15 септември 2012 година во Рим, Италија

Прочитај повеќе

Надзорна расправа, 11.9.2012...



Вторник, 11 септември 2012 година

Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на првото продолжение на 17. седница, ќе продолжи со надзорната расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“. Првото продолжение на надзорната расправа ќе се одржи на 20 септември (четврток) 2012 година, со почеток од 11,00 часот, во Салата „Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ бб Скопје

Прочитај повеќе

Прв ден од надзорната расправа, 5.9.2012...



Среда, 5 септември 2012 година

Прв ден од надзорната расправа на тема: „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Од причини што беше исцрпена листата на повикани учесници (сведоци) за ден 4 септември 2012 година, (првиот ден од надзорната расправа), претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, ја прекина седницата

Прочитај повеќе

Надзорна распарава, 4.9.2012...



Вторник, 4 септември 2012 година

Надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостапанство на Собранието на Република Македонија ќе одржи надзорна расправа на тема „Надзор на распределбата на земјоделските субвенции“. Расправата ќе се одржи на 4 септември 2012 година во 11,00 часот во салата „Борис Трајковски" во Собранието на Република Македонија

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе, 31.7.2012...



Вторник, 31 јули 2012 година

Положување венец свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ

По повод 2. Август - Ден на Републиката, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија и членовите г-ѓа Силвана Бонева, г. Гордан Георгиев и г-ѓа Ленче Николовска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“ и на споменикот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ, на 2 август 2012 година, (четврток), во 11,00 часот

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе Пелинце, 31.7.2012...



Вторник, 31 јули 2012 година

Положување венец свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце

По повод 2. Август - Ден на Републиката, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија и членовите г. Јордан Пачков, , г. Оливер Спасовски, г. Реџаил Исмаили, г. Сафет Бишевац и г. Горан Мисовски, ќе положи венец свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце, на 2 август 2012 година, (четврток), во 10,00 часот

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе во Крушево, 31.7.2012...



Вторник, 31 јули 2012 година

Положување венец свежо цвеќе во Крушево

По повод 2. Август - Ден на Републиката, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија и членовите г. Владимир Ѓорчев, г. Горан Сугаревски и г. Талат Џафери, ќе положи венци свежо цвеќе во Крушево

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе, 24.7.2012...

Вторник, 24 јули 2012 година
 
Положување венец свежо цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот

По повод одбележувањето на 49 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Собраниска делегација, предводена од г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, на 26 јули 2012 година, (четврток), во 10,00 часот ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот, на гробиштата Бутел.

Во состав на Делегацијата ќе бидат и пратениците: г. Владимир Ѓорчев, г. Мевмед Џемајловски, г. Горан Мисовски, г-ца Тања Томиќ и г. Неџати Јакупи.




Прочитај повеќе

Студиска посета на Вашингтон, 23.7.2012...



Понеделник, 23 јули 2012 година

Студиска посета на Вашингтон

На покана од Демократското партнерство на Конгресот на САД (HDP), а во соработка со Националниот демократски институт (NDI) и Меѓународниот републикански институт (IRI), во периодот од 23 до 27 јули 2012 година ќе биде реализирана студиска посета на Вашингтон, САД, наменета за парламентарци од повеќе земји во светот. Од Собранието на Република Македонија на оваа студиска посета ќе учествуваат пратениците: Илија Димовски, Александар Спасеновски, Цветанка Иванова, Ленче Николовска, Марјанчо Николов и Реџаиљ Исмаили

Прочитај повеќе

Мисини, 6.7.2012...



Петок, 6 јули 2012 година

Учество на пратеникот Хајрула Мисини на состанок на Комисиите за европски прашања

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини од 8 до 9 јули 2012 година, ќе учествува на подготвнителниот состанок на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија - КОСАК

Прочитај повеќе

Монако, 4.7.2012...



Среда, 4 јули 2012 година

Учество на собраниска делегација на 21. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ во состав: г-ѓа Ана Павловска Данева, шеф на делегацијата, г. Владимир Ѓорчев и г. Зиадин Села, членови на делегацијата, ќе учествува на 21. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што ќе се одржи од 4 до 9 јули 2012 година во Монако

Прочитај повеќе

Семинар во Брисел, 28.6.2012...



Четврток, 28 јуни 2012 година

Учество на собраниска делегација на парламентарен семинар во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Панче Орцев, Малиша Станковиќ, Реџаиљ Исмаили и Борче Ставров, членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе учествува на парламентарен семинар кој ќе се одржи на 28 и 29 јуни 2012 година во Европскиот парламент, во Брисел

Прочитај повеќе

Стразбур, 25.6.2012...

Понеделник, 25 јуни 2012 година
 
Собраниска делегација на летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Во Стразбур, Франција од 25 до 29 јуни се одржува редовната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

На сесијата обраќање ќе имаат премиерот на Република Албанија, г. Сали Бериша и премиерот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ, потоа министерот за надворешни работи на Италија, г. Џулио Терзи ди Сант'Агата, претседателот на Собранието  на Тунис, г. Мустафа Бен Јафар, министерот за економија на Исланд, г. Стингримур Сигфусон и други.

Главни теми на дискусија според дневиот ред, ќе бидат демократијата во опасност: улогата на граѓаните и на државата денес, влијанието на финансиската и економската криза и опасноста на мерките за штедење врз демократијата и човековите права, повеќекратната дискриминација врз жените Муслиманки во Европа, мигрантите Роми и др.

На оваа сесија, пратниците ќе избираат и заменик на генерален секретарна Советот на Европа.

 
Прочитај повеќе

Црна Гора, 21.6.2012...



Четврток, 21 јуни 2012 година

Учество на собраниска делегација на Меѓупарламентарна работилница во Бечиќи

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Билјана Казанџиска и г-ѓа Владанка Авировиќ, на 21 и 22 јуни 2012 година, учествуваат на Меѓупарламентарна работилница на тема: „Улогата на парламентите во пристапниот преговарачки процес“, во Бечиќи, Црна Гора, во организација на Парламентот на Црна Гора и на Европскиот парламент

Прочитај повеќе

Брисел, 6.6.2012...



Среда, 6 јуни 2012 година

Учество на десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија во Брисел

На овој состанок, од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија ќе учествуваат: г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (ко-претседавач на овој Комитет), г. Андреј Петров, потпретседател на делегацијата (заменик ко-претседавач на Комитетот), г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, г. Арбен Љабеништа, членови на делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член

Прочитај повеќе
1234     
Click