Париз, 31.5.2012...



Четврток, 31 мај 2010 година

Состанок на Комисијата за обврски и заложби на земјите-членки на Советот на Европа

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратеникот Александар Николоски и членот на Делегацијата, пратеникот Игор Ивановски на 31 мај 2012 година во Париз, Франција ќе учествуваат на состанокот на Комисијата за обврски и заложби на земјите- членки на Советот на Европа (Мониторинг комисијата)

Прочитај повеќе

Собраниска Делегација на ПС НАТО 25,5,12...



Петок, 25 мај 2012 година

Собраниска Делегација на Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО

Делегација на Собрание на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО предводена од шефот на Делегацијата, г. Талат Џафери, а во чиј состав е и г. Павле Трајанов од 25 до 28 мај учествуваат во работата на Пролетната сесија на ПС на НАТО, која се одржува во Талин, Естонија.

Прочитај повеќе

Полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев...

Четврток, 3 мај 2010 година

Полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев
 
Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Соња Мираковска, г-ѓа Ленче Николовска и г. Рафет Мумировиќ, на 4 мај во 10,00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, а по повод 109 години од смртта на великанот, ќе положи венец свежо цвеќе.

Делегацијата во 11,00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот Гоце Делчев на плоштад „Македонија“.
Прочитај повеќе

Совет на Европа, 23.4.2012...

Понеделник, 23 април 2012 година
 
Собраниска Делегација на Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
 
Од 23 до 27 април 2012 година во Стразбур, Франција, се одржува редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат ефектите на арапската пролет, состојбата во Сирија, одговорноста за изгубените животи во Медитеранот, добро управување и етика во спортот и потребата за спречување на местењето на натпревари, состојбата со внатрешно раселените лица и повратниците во Северно -кавкаскиот регион, како и заштитата на слободата на изразување и информациите на Интернет и електронските медиуми

Свое обраќање ќе имаат министерот за надворешни работи на Мароко, г. Саад дине Ел Отмани, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, г. Златко Лагумџија, британскиот министер за Европа, г. Дејвид Лидингтон во функција на претседавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа, генералниот секретар на Лигата на арапски држави, г. Набил Ал Араби и други.   
Прочитај повеќе

Мисини на Kонференција во Копенхаген, 23.4.2012...



Понеделник, 23 април 2012 година

Учество на пратеникот ХАЈРУЛА МИСИНИ на Kонференција во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, од 22 до 24 април 2012 година, ќе учествува на Конференција на претседатели на комисиите за европски прашања на државите-членки на Европската унија - КОСАК, што ќе се одржи во Копенхаген, Данска

Прочитај повеќе

Талат Џафери на Конференција во Тирана, 23.4.2012...



Понеделник, 23 април 2012 година

Учество на пратеникот Талат Џафери на Конференција во Тирана

Пратеникот Талат Џафери, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 22 до 24 април 2012 година, учествува на Конференција организирана од парламентот на Република Албанија, што се одржува во Тирана

Прочитај повеќе

Собраниска делегација во посета на Вашингтон...



Понеделник, 26 март 2012 година

Собраниска делегација во посета на Вашингтон

Делегација на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, составена од претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски и членовите Игор Ивановски и Дешира Имери, од 26 до 30 март ќе бидат во посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави

Прочитај повеќе

Положување венци свежо цвеќе, 11.3.2012...



Недела, 11 март 2012 година

Положување венцИ свежо цвеќе

По повод 69 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка, Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Павле Трајанов, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел ќе положи венци свежо цвеќе

Прочитај повеќе

Учество на пратеникот, г. Антонио Милошоски на Kонференција...



Петок, 9 март 2012 година

Учество на пратеникот Антонио Милошоски на Kонференција во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, од 11 до 12 март 2012 година, ќе учествува на Конференција на претседатели на комисиите за надворешни работи на државите-членки на Европската унија - КОФАК, што ќе се одржи во Копенхаген, Данска

Прочитај повеќе

Учество на конференција во Белград 1,3,12...



Четврток, 1 март 2012 година

Учество на конференција во Белград

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Љубисав Иванов-Ѕинго и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г. Марјанчо Николов, на 3 март 2012 година, во Белград, Република Србија, ќе учествуваат на Конференција на тема „Улогата на парламентите во процесот на одредување на приоритети: Kратење на јавните расходи или стимулирање на економијата ".

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе, 24.2.2012...



Петок, 24 февруари 2012 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод 8-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател на Република Македонија, г. Борис Трајковски, Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, а во состав г-ѓа Силвана Бонева, г. Рафет Муминовиќ, г. Игор Ивановски, г-ѓа Ленче Николовска и г. Ивон Величковски, на 26 февруари 2012 година (недела), во 11,00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на г. Борис Трајковски, во Алејата на великаните, Градски гробишта Бутел

Прочитај повеќе

Учество на Парламентарен семинар во Сараево 23.2.12...



Четврток, 23 февруари 2012 година

Учество на Парламентарен семинар во Сараево

Во организација на Европскиот парламент и Советот за регионална соработка, на 23 и 24 февруари 2012 година, во Сараево, Федерација на Босна и Херцеговина, се одржува Парламентарен семинар на тема: „Предизвиците во областа на заштитата на животната средина и идните активности“.

Прочитај повеќе

Учество на Зимската сесија на Парламентарното собрание на О...



Четврток, 23 февруари 2012 година

Учество на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Од 23 до 24 февруари 2012 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на кое ќе учествуваат пратениците: г. Сафет Бишевац и г. Владимир Ѓорчев, членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа

Прочитај повеќе

Крводарителна акција, 7.2.2012...



Вторник, 7 февруари 2012 година

Крводарителна акција

На 8 февруари 2012 година (среда), од 09,00 до 14,00 часот, во амбулантата на Собранието на Република Македонија, пратениците и вработените во Собранието ќе даруваат крв

Прочитај повеќе

Положување венци свежо цвеќе, 3.2.2012...



Петок, 3 февруари 2012 година

Положување венци свежо цвеќе

По повод 140 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија ќе положи венец свежо цвеќе на неговиот гроб, во црквата „Свети Спас“, на 4 февруари 2012 година во 11,00 часот

Прочитај повеќе
1234     
Click