Дводневен самит на ЕУ 10.12.09...



Четврток, 10 декември 2009 година, Брисел

Дводневен самит на ЕУ

На дводневната средба во Брисел, шефовите на држави или влади на земјите-членки на Европската унија, денес и утре ќе ги разгледаат прашањата за климатските промени и економското заздравување. 

На самитот ќе стане збор за текот на преговорите на Конференцијата на ОН за климатски промени што ќе се одржи во Копенхаген, како и за економската и финансиската состојба и за проблемот со невработеноста во Европската унија, при што ќе бидат разгледани посебните стратегии и мерките за надзор на финансиските пазари.

Од страна на Европскиот совет, се очекува да биде усвоена и  повеќегодишната програма во областа на слободата, безбедноста и правдата, како и т.н. „Стокхолмска програма за правна соработка”.

Ова е последен самит за време на шведското претседавање со ЕУ, раководен од шведскиот премиер Фредрик Рејнфелд, а од 1 јануари 2010 година со претседавањето со Советот ќе стапи неодамна избраниот претседател на Унијата,  Херман ван Ромпеј.

Прочитај повеќе

ПСРМ на средба со г. Стјепан Месиќ...



Четврток, 3 декември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Хрватска г. Стјепан Месиќ

На средбата беше истакнато дека целокупните односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска перманентно одат по нагорна линија. Во тие рамки се и средбите и разговорите на највисоките државни претставници на двете држави. 

Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ по повод Меѓународен ден на лицата со инва...



Четврток, 3 декември 2009 година

Обраќање на Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Од 1992 година, според одлуката на Обединетите нации, 3 Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со инвалидност. Денеска ширум светот тој се одбележува преку најразлични манифестации, но со единствена цел за уште еднаш да се потсетиме дека нашите сограѓани со инвалидитет се тука меѓу нас, дека тие се рамноправни граѓани како другите, а ние сме должни да им обезбедиме посебни услови за да можат нормално да го живеат својот живот и да се вклучат во сите сфери на општественото живеење.

Прочитај повеќе

19 седница на Комисијата за земјоделство шумарство и водост...



Среда, 9 декември 2009 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на првото продолжение од деветнаесеттата седница, одржана на 7 декември 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за водите (прво читање).

Прочитај повеќе

Прослава на Лисабонскиот договор...



Среда, 2 декември 2009 година

Прослава на Лисабонскиот договор

На свечена церемонија во Лисабон, каде на 13 декември 2007 година, шефовите на државите и влади на 27-те земји-членки на Европската унија го потпишаа европскиот реформски договор, вчера беше одбележано неговото стапување на сила.

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со министерот за меѓународна одбрана на Обед...



Понеделник, 30 ноември 2009 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со министерот за меѓународна одбрана на Обединетото Кралство, бароницата Ен Тејлор

Во разговорите, претседателот на Собранието ги истакна високо развиените односи меѓу двете држави и изрази благодарност за принципиелната поддршка и помош која ја дава Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска кога станува збор за остварување на нашата стратешка цел - евроатлантските интеграции

Прочитај повеќе

од Париз, 3.12.2009...



Четврток, 3 декември 2009 година, Париз

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија на 57. пленарна сесија на Европското собрание за безбедност и одбрана

На Педесет и седмата пленарна сесија на Европското собрание за безбедност и одбрана, Собрание на Западноевропската унија (СЗЕУ), што се одржува од 1 до 3 декември 2009 година во Париз, Франција, учествува делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Александар Николоски, шеф на делегацијата во СЗЕУ, г. Џеват Адеми и г. Јован Манасијевски, членови на делегацијата.

Прочитај повеќе

Лисабонскиот договор стапи на сила 01.12.09...



Вторник, 1 декември 2009 година

Лисабонскиот договор стапува на сила

Со стапување на сила на Лисабонскиот договор, ЕУ доби две нови функции – висок претставник за надворешна политика и претседател на Советот на ЕУ. За прв претседател на Советот на ЕУ е избран белгискиот премиер Херман ван Ромпуј, кој ќе стапи на должност на 1 јануари, додека на функцијата висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност беше избрана Британката Кетрин Ештон

Прочитај повеќе

Светлана Јакимовска, 27.11.2009...



Петок, 27 ноември 2009 година

Инклузија и интеграција на лицата со посебни потреби во нашето општество

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, денеска учествуваше на трибина организирана од Здружението на дефектолози и стручни лица Подај Рака во соработка со Здружение на граѓани Млади за млади, на тема: „Инклузија и интеграција на лицата со посебни потреби во нашето општество“.

Прочитај повеќе

Средба Ѓорчев-Ен Тејлор,1.12.2009...



Вторник, 1 декември 2009 година

Република Македонија е на вистински пат кон Европската унија и НАТО-алијансата

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Владимир Ѓорчев и членовите на Комисијата вчера имаа средба со министерката за меѓународна одбрана и безбедност на Обединетото Кралство, бароницата Ен Тејлор од Болтон

Прочитај повеќе

Евроинтегративниот процес е приоритет на РM 30.11.09...



Понеделник, 30 ноември 2009 година

Евроинтегративниот процес е приоритет на Република Македонија

Комисијата за европски прашања, во Собранието на Република Македонија организираше јавна расправа на тема „Преку преговори до ЕУ“. Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов, а свои обраќања имаа амбасадорот на Кралството Шведска (актуелен претседавач со ЕУ) во Република Македонија, Н.Е. Ларс Фреден, амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Алан Брајан Бергант, г. Александар Кржаловски, претседател на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и државниот советник во Секретаријатот за европски прашања, г. Драган Тилев

Прочитај повеќе

ЕП ја изгласа Предлог-резолуцијата за проширување на ЕУ...



Четврток, 26 ноември 2009 година, Стразбур

Европарламентот ја изгласа Предлог-резолуцијата за проширување на ЕУ

Европскиот парламент со мнозинство гласови ја изгласа Предлог-резолуцијата за проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан, Исланд и Турција. Европратениците побараа од Советот на ЕУ на Самитот на 7 декември да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија за членство во Унијата.

Прочитај повеќе

Самит ЕУ - Кина...



Понеделник, 30 ноември 2009 година

Самит ЕУ - Кина

Денеска во Нанкинг ќе се одржи 12. средба на врвот меѓу Европската унија и Кина, на која кинескиот премиер, г. Вен Џиабао, ќе биде домаќин на премиерот на Шведска и претседавач со Унијата, г.Фредрик Рејнфелд и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо

Прочитај повеќе

Објавен составот на новата Европска комисија...



Петок. 27 ноември 2009 година

Објавен составот на новата Европска комисија

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, на прес-конференција во Брисел, ја објави својата нова екипа, која треба да започне со работа на почетокот на следната година, откако ќе биде утврдена од Европскиот парламент. Нов комесар за проширување ќе биде г. Штефан Фуле од Чешка, кој ќе го наследи г. Оли Рен.

Прочитај повеќе

ПСРМ со амбасадорите на Франција и Перу...



Петок, 27 ноември 2009 година

Средби на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваните амбасадори на Француската Република Н.Е Жан-Клод Шлумберже и на Република Перу Н.Е. Ернесто Ритлер

На средбата, претседателот на Собранието ги истакна пријателските односи и високоразвиената соработка помеѓу двете држави и тоа на сите нивоа и во сите области. „Поаѓајќи од принципиелната поддршка која Франција ја дава на Република Македонија во остварувањето на нашите стратешки цели, евроатлантските интеграции, верувам дека сега кога Република Македонија треба да го добие датумот за отпочнување на преговорите, таа поддршка ќе ја добиеме“, истакна претседателот Вељаноски.

Прочитај повеќе
1234...26                           
Click