43 седница на Комисијата за финансирање и буџет 27.11.09...



Петок, 27 ноември 2009 година

Четириесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Четириесет и третата седница, одржана на 26 ноември 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (прво читање)

Прочитај повеќе

Стразбур 2, 25.11.2009...



Среда, 25 ноември 2009 година, Стразбур

Делегација на Комисијата за европски прашања присуствуваше на Подготвителниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

Притоа, еврокомесарот г. Оли Рен, го истакна значајниот напредок, што го постигна Република Македонија во изминатиот период, при исполнувањето на одредниците и изрази надеж дека нашиот евроинтегративен процес ќе продолжи со решавање на спорот со името

Прочитај повеќе

Делегација на Собранието во БиХ...



Понеделник, 23 ноември 2009 година

Делегација на Собранието на Република Македонија оствари средба со претседателот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, со членовите на колегиумот на Претставничкиот дом и со член на колегиумот на Домот на народите

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, истакна дека Република Македонија, врз основа на постигнатите резултати, доби визна либерализација за нејзините граѓани, а во Извештајот на Европската комисија доби препорака за добивање на датум за отпочнување на преговорите. Очекуваме ова да биде потврдено и од страна на Министерскиот совет на ЕУ. Токму на прашањата поврзани со евроинтеграциите, треба во иднина да ја развиваме соработката меѓу двата парламента. Изразувам жалење што Босна и Херцеговина не беше опфатена со одлуката за визна либерализација, но убеден сум дека и вие наскоро ова ќе го добиете. Ние сме подготвени со вас, да ги споделиме сите наши искуства, истакна претседателот Трајко Вељаноски.

Прочитај повеќе

ПСРМ во официјална посета на БиХ...



Понеделник, 23 ноември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски во официјална посета на Босна и Херцеговина

Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски, заедно со г.Живко Пејкоски, г.Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, од денеска е во официјална посета на Босна и Херцеговина

Прочитај повеќе

Делегација на Собранието на РМ со членови на претседателств...



Вторник, 24 ноември 2009 година, Сараево

Средба на делегацијата на Собранието на Република Македонија со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина

Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот г. Трајко Вељаноски и членовите г. Живко Пејковски, г. Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, која е во дводневна посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе оствари средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, г.Жељко Комшиќ, г. Харис Силајџиќ и г. Небојша Радмановиќ.

Прочитај повеќе

Одбележана 10-годишнината, Меѓународен ден за искоренување ...



Среда, 25 ноември 2009 година, Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Одбележана 10-годишнината од прогласувањето на 25 ноември за Меѓународен ден за искоренување на насилството врз жената

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на четиринаесеттата седница ја одбележа 10-годишнината од прогласувањето на 25 ноември за Меѓународен ден за искоренување на насилството врз жената, на иницијатива на Собранието на Интерпарламентарната унија, а воедно како втора точка на дневниот ред го разгледа и Предлог-законот за дополнување на Изборниот законик

Прочитај повеќе

Триесетта седница на Комисијата за економски прашања...



Среда, 25 ноември 2009 година

Триесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на својата Триесетта седница, одржана на 23 ноември 2009 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2010 година.

Прочитај повеќе

Деветнаесеттата седница на Комисијата за одбрана и безбедно...



Среда, 25 ноември 2009 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија на Деветнаесеттата седница, одржана на 24 ноември 2009 година, како матично работно тело ја разгледа Предлог-одлуката за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан

Прочитај повеќе

ПСРМ на средба со Н.Е. Давид Коен...



Среда, 25 ноември 2009 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, со новоименуваниот амбасадор на државата Израел за Република Македонија, Н.Е. Давид Коен

На средбата, претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, ги нагласи досегашните добри и пријателски билатерални односи, кои бележат нагорен тренд, за што говорат и бројните средби на високо ниво меѓу двете земји. Притоа, тој изрази надеж дека оваа зачестена комуникација и соработка со претставници на Државата Израел ќе продолжи и понатаму. 

Прочитај повеќе

Средба на Пратеничката група со амбасадорот Н.Е г. Давид К...



Среда, 25 ноември 2009 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на државата Израел со амбасадорот Н.Е г. Давид Коен

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на државата Израел, составена од г.Павле Трајанов, претседател на групата, г.Владо Стефановски и г-ѓа Лилјана Поповска, членови на групата, на 24 ноември 2009 година одржа средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Израел, Н.Е. г.Давид Коен

Прочитај повеќе

Европарламентот расправа за проширување на ЕУ...



Среда, 25 ноември 2009 година

Европарламентот расправа за проширување на ЕУ

На пленарната сесија на Европскиот парламент, која се одржува од 23 до 26 ноември во Стразбур, денеска европратениците расправаат за Предлог-резолуцијата на Европската комисија за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд.

Прочитај повеќе

Европарламентот побара да се продолжи со реформи на патот з...



Вторник, 24 ноември 2009 година, Стразбур

Европарламентот побара да се продолжи со реформи на патот за членство во ЕУ

На првиот ден од пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур, беше истакнато дека сегашните и потенцијалните земји-кандидатки мора да продолжат со реформите на патот за евентуално членство во Европската унија.

Прочитај повеќе

Триесетта седница на Комисијата за труд и социјална политик...



Вторник, 24 ноември 2009 година

Триесетта седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Триесеттата седница, одржана на 23 ноември 2009 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година

Прочитај повеќе

Стразбур 1, 24.11.2009...



Вторник, 24 ноември 2009 година, Стразбур

Лобирање за добивање на датум за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија

Делегацијата оствари средби со европратениците: г. Кристијан Вигенин, г. Едуард Кукан, г-ѓа Тања Фајон, г. Алојз Петерле и г. Зоран Талер. На средбите заедничка беше констатацијата дека преговорите за спорот со името и преговорите за влез во Европската унија треба да се одвиваат на две паралелни патеки, односно да се користи словенечко-хрватскиот модел за решавање на проблемите

Прочитај повеќе

Разгледан Предлог - Буџет на Република Македонија за 2010 г...



Вторник, 24 ноември 2009 година, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Разгледан Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Дваесеттата седница одржана  на 23 ноември 2009 година, како заинтересирано работно тело, го разгледа Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година.

Прочитај повеќе
1...345...26                           
Click