93. седница на Комисијата за финансирање и буџет 9.2.11...



Среда, 9 февруари 2011 година

Деведесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 8 февруари 2011 година ја одржа својата Деведесет и трета седница

Прочитај повеќе

52. седница на Комисијата за земјоделство 9.2.11...



Среда, 9 февруари 2011 година

Педесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, вчера ја одржа својата 52. седница, на која како матично работно разгледа три Предлог-закони

Прочитај повеќе

Посета на Литванија и Латвија нова 7.2.2011...



Понеделник, 7 февруари 2011 година

Парламентарна делегација на Собранието на Република Македонија оствари посета на Литванија и Латвија

Пратениците Лилјана Поповска, Оливер Алексовски и Зумрете Јакупи, како членови на Пратеничката група за соработка со парламентите на балтичките земји: Естонија, Латвија и Литванија од 31 јануари до 3 февруари остварија работни посети на парламентите на Литванија и на Латвија. 

Прочитај повеќе

58 седница на Комисијата за економски прашања 07.02.11...



Понеделник, 7 февруари 2011 година

Педесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната 58. седница, како матично работно тело ги разгледа: 

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва - II читање,
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите - II читање,
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост - II читање и
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите - II читање.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Комисијата го претресе поднесениот амандман за менување на член 2, поднесен од пратеникот г-ѓа Нада Станчевска.

Во претресот учествуваа членот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Нада Станчевска и  заменик-министерот за економија, д-р Методиј Хаџи-Васков.

Комисијата за економски прашања едногласно го усвои поднесениот амандман.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите, Комисијата претресе 4 амандмани од овластени предлагачи и едногласно ги усвои истите.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов Ѕинго, ги извести пратениците дека по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост, во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата за економски прашања заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот индустриската сопственост и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост, да ги проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Манасијевски оствари средба со г-ѓа Лилија Бурунчук 04,02,1...



Петок, 4 февруари 2011 година

Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г. Јован Манасијевски оствари средба со директорот на Канцеларијата на Светската банка во Република Македонија, г-ѓа Лилија Бурунчук

Од страна на членовите на Комисијата за финансирање и буџет, се искажа потреба од одржување на седница на Комисијата за финансирање и буџет на која ќе бидат презентирани плановите за активностите на Светската банка за оваа фискална година, како и за наредните три фискални години. Одобрените кредити од Светската банка за финансирање на проекти од областа на инфраструктурата беа оценети како посебно корисни за развојот на Република Македонија.

Прочитај повеќе

ИЗЛЕЗЕ ДВАНАЕСЕТИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕ...



Петок, 4 февруари 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ДВАНАЕСЕТтИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Во тековниот број на Билтенот содржани се информации за одбележувањето на 20-годишнината од конституирањето на првиот состав на Собранието на Република Македонија, за зедничкиот состанок на МПК, како и повеќе собраниски тела на кои беа претставени приоритетите на Унгарското претседателство со ЕУ, за посетата на израелски преставници во рамките на активностите на државно и парламентарно ниво за одбележување на Меѓународниот ден на Холокаусот и средбата што тие ја остварија во македонскиот законодавен дом, како и повеќе други теми, кои поблизу го определуваат текот на процесот на европските интеграции на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Македонските стипендисти во Бундестагот - неформални амбаса...



Четврток, 3 февруари 2011 година

Македонските стипендисти во Бундестагот - неформални амбасадори на Република Македонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, денеска оствари средба со стипендистите на Меѓународната стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 2.2.11...



Вторник, 2 февруари 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, ќе одржи пленарна седница во Брисел, на која ќе се расправа за ЕУ приоритетите на енергетската стратегија со Советот и Комисијата, во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 4 февруари, којшто ќе се фокусира на енергетиката и иновациите

Прочитај повеќе

Глобална кампања за превенција од ракот на грлото на маткат...



Понеделник, 31 јануари 2011 година

Глобална кампања за превенција од ракот на грлото на матката „Бисери на мудроста“

Клубот на жени пратенички денеска во Собранието на Република Македонија одржа работна средба со Здружението за борба против рак – „Борка“ по повод глобалната кампања за превенција од ракот на грлото на матката „Бисери на мудроста“.

Прочитај повеќе

Сексуално образование во училиштата - Кога, ако не сега? 31...



Понеделник, 31 јануари 2011 година

Сексуално образование во училиштата - Кога, ако не сега?

Рамката за сеопфатно сексуално образование во Република Македонија; Националните стратегии за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје, работата на новите младински советувалишта за сексуално и репродуктивно здравје; постојната образовна програма „Животни вештини“ и Младинската декларација за сеопфатно сексуално образование, беа темите на кои се говореше на втората јавна расправа за сексуалното образование во Република Македонија, што на 28 јануари 2011 година ја одржа Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА

Прочитај повеќе

Средба на потпретседателот Рафис Аљити со Н.Е. г. Самуел В...



Петок, 28 јануари 2011 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, со Н.Е. Самуел Валис-Акијани, амбасадор на Република Гана за Република Македонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, денеска оствари средба со Н.Е. Самуел Валис-Акијани, амбасадор на Република Гана за Република Македонија

Прочитај повеќе

Делегација на Собранието на РМ предводена од претседателот ...



Петок, 28 јануари 2011 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ, ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ЦРНА ГОРА

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав се и пратениците г. Крсто Мукоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на пратеничката група за соработка со парламентот на Црна Гора, г-ѓа Ермира Мехмети, пратеник на ДУИ и г. Миле Андонов, пратеник на СДСМ, членови на групата, оствари средба со претседателот на Парламентот на Црна Гора, г. Ранко Кривокапиќ

Прочитај повеќе

91 седница на Комисијата за финансирање и буџет 28.01.11...



Петок, 28 јануари 2011 година

Деведесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Деведесет и првата седница, одржана на 26 јануари 2011 година, како матично работно тело го  разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост (по скратена постапка).

Прочитај повеќе

Израел - константен поддржувач на Македонија во меѓународни...



Вторник, 25 јануари 2011 година

Израел - константен поддржувач на Македонија во меѓународните односи

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со Делегација на Меѓународната оперативна (работна) група за соработка во образованието, сеќавањето и истражувањето на Холокаустот

Прочитај повеќе

Средба Адеми - претставници на ЦССП проектот 25.1.11...



Вторник, 25 јануари 2011 година

Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, со претставници на ЦССП проектот за Македонија

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г. Џеват Адеми, денеска, на барање на претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг, кои непосредно работат на ЦССП проектот за Македонија, одржа средба на тема - активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2011 година.

Прочитај повеќе
1...789          
Click