ЕУ со целосна поддршка за Западен Балкан 03.06.10...



Четврток, 3 јуни 2010 година

ЕУ со целосна поддршка за Западен Балкан

„Мислам дека денеска во Сараево е склучен нов договор меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ. Договор околу иднината, новите надежи, договор за мир и интеграција на што поголем број земји во ЕУ“ – истакна шпанскиот министер за надворешни работи, г. Мигуел Моратинос, на вчерашниот состанокот во Сараево, оценувајќи го како историски

Прочитај повеќе

Еврокомисијата предложи визна либерализација за Албанија и ...



Четврток, 27 мај 2010 година

Еврокомисијата предложи визна либерализација за Албанија и БиХ

Откако на 19 декември 2009 година граѓаните на Република Македонија, Србија и Црна Гора добија визна либерализација за слободно патување во Европа, Европската комисија денеска предложи безвизен режим и за Албанија и Босна и Херцеговина

Прочитај повеќе

Стартуваше Македонското претседателство 2010...



Вторник, 11 мај 2010 година

Стартуваше Македонското претседателство 2010

Под логото „Македонско претседателство 2010“, на 120. Министерска сесија во Стразбур, Република Македонија денеска официјално го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Откако министерот за надворешни работи на Швајцарија, г-ѓа Мишелин Калми-Реј, поднесе извештај за она што го сработила нејзината држава во текот на претседавањето во последните шест месеци, шефот на македонската дипломатија, г. Антонио Милошоски, го презеде претседателството и ги претстави приоритетите на програмата на Република Македонија.

„Ова е историски ден за нашата држава. Република Македонија пред 15 години стана членка на Советот на Европа, а денеска ја има можноста да претседава. Тоа е голема чест, но и обврска. Задоволни сме од начинот на кој беше сослушана и поддржана нашата презентација, посебно во делот на приоритетите на нашето претседателство“, изјави г. Милошоски.

Македонското претседателство, меѓу другото, акцент ќе стави на: заштитата на човековите права, меѓукултурниот дијалог и вклучување на младите во општествениот живот.

За време на претседавањето, Република Македонија ќе организира повеќе настани, а првиот од нив е состанокот на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа на 20 и 21 мај во Скопје.

Советот на Европа од македонското претседателство очекува да биде активно, ефикасно и да биде составен дел од приоритетите на Европскиот совет.

Ротационото претседателство нашата држава го презеде од Швајцарија, а во ноември ќе ѝ го предаде на Турција.

Освен преземањето на претседателството од страна на нашата држава, на седницата беа разгледани и следните точки: проследување на конференцијата на високо ниво за иднината на Европскиот суд за човекови права, мерките преземени од страна на Советот на Европа по конфликтот во Грузија, односите меѓу Советот на Европа и Европската унија и процесот на реформите на Советот на Европа и неговата стратешката улога и одговорност во однос на Босна и Херцеговина.

Прочитај повеќе

Македонија пред преземање на претседателството со Комитетот...



Понеделник, 10 мај 2010 година

Македонија пред преземање на претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Утре, на 11 мај, Република Македонија ќе го презеде претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа за следните шест месеци. Ова ќе се случи во Стразбур на крајот од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европскиот совет

Прочитај повеќе

„Македонско претседателство 2010“ 6.5.10...

Четврток, 6 мај 2010 година

„Македонско претседателство 2010“ - официјално лого за претседавање со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Стилизирано македонско знаме со логото на Советот на Европа, проследено со текстот на англиски јазик „Македонско претседателство 2010“, придружено од десната страна со официјалното лого на Комитетот на министри на Советот на Европа, е официјалното лого под кое Република Македонија ќе претседава со Комитетот на министрите на Советот на Европа.

Логото беше официјално промовирано вчера на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој заседаваше на амбасадорско ниво во Стразбур, во пресрет на 120. министерска сесија, која ќе се одржи на 11 мај 2010 година.

Документот дополнително носи и соодветна ознака својствена на сите службени документи на Комитетот на министрите - ЦМ/Инф (2010) 19.

Во согласност со востановенатa практика во меѓународните организации од членството на Република Македонија во ООН до денес, документот ќе биде дистрибуиран до останатите 46 земји-членки, со покривна страница на која се наоѓа референцата која се користи за привремено ословување на државата, во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993, без никакви промени во содржината на документот, кој го содржи официјалното лого и именувањето на оваа функција во Советот на Европа како „Македонско претседателство 2010“.

Приоритетите на македонското претседавање со Комитетот на министрите официјално ќе бидат претставени од страна на министерот за надворешни работи, г. Антонио Милошоски, на министерската сесија.
Прочитај повеќе

Пленарна сесија на Европарламентот 5.5.10...



Среда, 5 мај 2010 година

Пленарна сесија на Европарламентот

Денеска и утре во Брисел, Европскиот парламент ќе одржи пленарна сесија, на која ќе се гласа и расправа по некои прашања кои не можеа да се заокружат на претходната сесија во Стразбур затоа што поголемиот дел од европратениците не присуствуваа поради хаосот кој настана во воздушниот сообраќај како резултат на активирањето на вулканот во Исланд

Прочитај повеќе

ЕУ ја прославува 60-годишнината од Декларацијата „Шуман“ 7....



Петок, 7 мај 2010 година

ЕУ ја прославува 60-годишнината од Декларацијата „Шуман“

Европскиот парламент и другите институции на Европската унија ќе организираат манифестации во Стразбур, Брисел и Луксембург, во земјите-членки на ЕУ, како и Отворени денови во Брисел на 8 мај и Стразбур на 9 мај, со цел да ја одбележат 60-годишнината од потпишувањето на Декларацијата „Шуман“

Прочитај повеќе

Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Е...



Вторник, 27 април 2010 година

Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 26 до 30 април во Стразбур се одржува пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која, меѓу другото, ќе се расправа за последиците од економската криза и климатските промени, за Европската конвенција за човекови права и за дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и половата еднаквост

Прочитај повеќе

Пленарна сесија на Европскиот парламент 20.04.10...



Вторник, 20 април 2010 година

Пленарна сесија на Европскиот парламент

Пленарната седница на Европскиот парламент денеска започна со модифицирана дневна агенда поради неодамна настанатите проблеми со авиосообраќајот. Повеќето од дебатите ќе се одржат како што беше планирано, но гласањето е одложено за следната пленарна сесија на 5 и 6 мај

Прочитај повеќе

Постигната согласност за европска дипломатска служба 27.04....



Вторник, 27 април 2010 година

Постигната согласност за европската дипломатска служба

„Владите на 27-те земји-членки на Европската унија вчера попладне во Луксембург начелно се спогодија околу работата на идната европска дипломатска служба“ - соопшти шпанскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ЕУ, г. Мигуел Анхел Моратинос

Прочитај повеќе

Советот на Европа ја награди мултиетничноста19.4.10...

Понеделник, 19 април 2010 година

Советот на Европа ја награди мултиетничноста

Режисерите Скендар Копти и Јарон Шани се добитници на четвртата филмска награда која ја доделува Советот на Европа, за филмот „Ајами“. Станува збор за оригинална приказна за едно мултиетничко општество во Јафа, Израел, каде коегзистираат различни религии, верувања, традиции и интереси.

Наградата, која се состои од бронзена скулптура и 10.000 евра, ја додели заменик-генералниот секретар на Советот на Европа, Мод де Боер-Букичио, за време на завршната церемонија на 29. Меѓународен филмски фестивал во Истанбул.

Жирито на фестивалот му врачи специјална награда на Филип ван Лу за филмот „Денот кога господ замина на пат“.

Наградата „FACE“ е годишна соработка меѓу Советот на Европа и Меѓународниот филмски фестивал во Истанбул и претставува признание за придонесот во развојот на човековите права преку филмската индустрија.
Прочитај повеќе

Ден на жалост во Европа 12.4.10...

Понеделник, 12 април 2010 година

Ден на жалост во Европа

Европската унија го прогласи денешниот ден, 12 април, за Ден на жалост поради авионската несреќа во која загина полскиот претседател, г. Лех Качински, неговата сопруга, г-ѓа Марија Качински и уште 95 лица од висока државна делегација.

„Ова е една незамислива катастрофа за Европа. Европа се соочува со голема загуба. Полска живее низ една неопислива трагедија.  Со голема жалост ја примив поразувачката вест за смртта на мојот пријател и голем полски политичар - претседателот на Полска, Лех Качински“, изјави претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек.

Шпанија, како земја претседавач со Унијата, соопшти дека денеска знамињата ќе бидат спуштени на половина копје и сите состаноци ќе почнат со едноминутно молчење.

Во Полска продолжува седумдневна жалост поради несреќата која се случи во саботата наутро во близина на Смоленск во Западна Русија.

Рускиот претседател, г. Дмитриј Медведев, формираше специјална комисија за истрага на околностите околу авионската несреќа, која ќе ја предводи премиерот на Русија, г. Владимир Путин.

До вонредните претседателски избори Полска ќе ја води претседателот на Долниот дом на парламентот, г. Бронислав Коморовски.
Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 8.3.10...



Понеделник, 8 март 2010 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 8 до 11 март, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, која ќе ја отвори претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, со изјава по повод 99. Меѓународен ден на жената - 8 Март

Прочитај повеќе

Западен Балкан во фокусот на неформалната средба на европск...



Петок, 5 март 2010 година

Западен Балкан во фокусот на неформалната средба на европските министри за надворешни работи

На 5 и 6 март во Кордоба ќе се одржи неформална средба на европските министри за надворешни работи, на која домаќин ќе биде г. Мигел Анхел Моратинос, министер за надворешни работи и соработка на Шпанија, која претседава со Европската унија

Прочитај повеќе

Дводневна пленарна сесија на Европскиот парламент 24.02.10...



Среда, 24 февруари 2010 година

Дводневна пленарна сесија на Европскиот парламент

Европскиот парламент на 24 и 25 февруари во Брисел ќе одржи пленарна сесија, на која, меѓу другото, ќе расправа за стратегијата за стартување на проектот за економијата во Европа, како и за човековите права, со посебен акцент на Хаити

Прочитај повеќе
1...345      
Click