КОМИТЕТ ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ

Комитетот за односи меѓу заедниците се основа и неговите надлежности се утврдени согласно Амандманот XII од Уставот и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2007).

Согласно член 2 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, Комитетот го основа Собранието во рок од 60 дена од денот на конституирањето на Собранието.

Според членот 3 од Законот, Комитетот го сочинуваат 19 члена, од редот на пратениците избрани во Собранието. Во Комитетот седум члена се од редот на пратениците Македонци, седум члена од редот на пратениците Албанци, еден член од редот на пратениците Турци, еден член од редот на пратениците Власи, еден член од редот на пратениците Роми, еден член од редот на пратениците Срби и еден член од редот на пратениците Бошњаци.

Ако некоја од заедниците нама избрани пратеници во Собранието, народниот правобранител ќе направи консултации со релевантните претставници на тие заедници и по добиеното мислење, на Собранието ќе ги предложи другите членови на Комитетот од соодветната заедница.

Членови на Комитетот за односи меѓу заедниците се:

- oд рeдот на пратениците Македонци: 1. Лазе Таневски 
2. Боби Мојсоски
3. Марија Георгиевска 
4. Даниела Маркоска
5. Дафина Стојаноска
6. Александар Велјановски
7. Велика Стојкова-Серафимовска
- од редот на пратениците Албанци:    1. Арбана Пашоли
2. Мерита Колчи-Коџаџику
3. Берат Ајдари
4. Бедри Фазли
5. Кастриот Реџепи 
6. Скендер Реџепи
7. Сурија Рашиди
- од редот на пратениците Турци:  Енес Ибрахим
- од редот на пратениците Власи:  Љупчо Балкоски
- од редот на пратениците Роми:  Љатифе Шиковска
- од редот на пратениците Срби:  Иван Стоилковиќ
- од редот на пратениците Бошњаци:  Зеќир Рамчиловиќ
Click