Комисија за култура
 
Е-пошта:k-kultura@sobranie.mk
Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- организацијата, развојот и унапредувањето на културата;
- заштита на природното и културното наследство во Република Македонија;
- збогатување на историското и уметничкото творештво;
- афирмирање и заштита на врвни културни вредности; 
- афирмација и заштита на авторството и авторското право; 
- донации и спонзорства;  
- дејности   за  заштита  и  користење на движно и недвижно културно богатство; 
- издавачка дејност и библиотекарство; 
- споменично одбележување и заштита на спомениците на културата;
- употреба и заштита на македонскиот јазик;
- информирање,  културни и други дејности заради изразување на идентитетот и особеностите на заедниците;
- определување годишнини на настани и личности од посебно значење за државно-правниот развој на Републиката, афирмација на историското и културното наследство и негување на општо цивилизациските вредности;
- начинот и формите на одбележување на значајни настани и личности;                    
- активностите на посебни одбори формирани за одделни одбележувања, 
- воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на културата  и         
- други прашања што се однесуваат на културата и одбележувањето годишнини на значајни настани и личности.