Четврток, 7 април 2011 година
Заврши расправата за напредокот на Македонија кон ЕУ, следи гласање по Резолуцијата

Република Македонија постигна значаен напредок на повеќе полиња, но и понатаму мора да работи на реформскиот процес во правосудството, слободата на медиумите, политичкиот дијалог, јавната администрација, борбата против корупцијата и спроведување на Охридскиот рамковен договор, а главната причина што преговорите за влез во Европската унија не се почнати, е спорот за името со Грција - беше укажано на вчерашната расправа за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ, во рамките на пленарната седница на Европскиот парламент