СТРАТЕГИЈА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ 14.12.11...



Среда, 14 декември 2011 година

СТРАТЕГИЈА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Европската комисија на 12 декември оваа година промовираше Европска стратегија за слободен пристап до информации, преку која се очекува да се испорача значителна финансиска поддршка на економијата на годишно ниво.

Прочитај повеќе

УСВОЕНИ БУЏЕТСКИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА НАДВОРЕШНИТЕ ИНСТРУМЕНТИ НА ...



Вторник, 13 декември 2011 година

УСВОЕНИ БУЏЕТСКИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА НАДВОРЕШНИТЕ ИНСТРУМЕНТИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2014-2020

Овие инструменти ќе овозможат зајакнување на улогата и одговорностите на Унијата на глобалната сцена: во борбата против сиромаштијата и промовирање на демократија, мир, стабилност и просперитет. Пакетот на буџетските предлози ги одразува приоритетите од Агендата за промени на развојната политика од 13 октомври 2011 и обновената Европска соседска политика. Усвоениот пакет ќе се достави до Европскиот парламент и до Советот, а се очекува да се донесе во 2012 година.

Прочитај повеќе

ОБНОВЕН ГЛОБАЛНИОТ ПРИСТАП КОН МИГРАЦИЈАТА И МОБИЛНОСТА 22....



Вторник, 22 ноември 2011

ОБНОВЕН ГЛОБАЛНИОТ ПРИСТАП КОН МИГРАЦИЈАТА И МОБИЛНОСТА

Европската комисија на 18 ноември оваа година ја претстави новата комуникација за идниот развој на прашањата за миграциите од трети земји особено јужните и источните соседи на Европската унија, афричките земји и други партнери на ЕУ, со цел преминување кон нова фаза од "Глобалниот пристап кон миграциите и мобилноста“. Со обновениот пристап ќе се овозможи ЕУ поефикасно да се справи со зголемената миграција и променливите миграциски трендови.

Прочитај повеќе

ЕВРОПСКИ САМИТ ЗА ЕДНАКВОСТ 21.11.11...



Понеделник, 21 ноември 2011 година

ЕВРОПСКИ САМИТ ЗА ЕДНАКВОСТ

На 14 и 15 ноември годинава во Познан, во рамките на Полското претседателство со Советот на ЕУ, беше одржан Европскиот самит за еднаквост на тема "Имплементација на политиките за еднаквост на локално и на регионално ниво", што ќе биде од клучно значење во борбата против дискриминација и промовирање на еднаквоста.

Прочитај повеќе

НОВИ ПРОГРАМИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА 10.11.11...



Четврток, 10 ноември 2011 година

НОВИ ПРОГРАМИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Царинската и даночна политика на Европската унија оствари значаен придонес во зголемување на приходите на буџетот на ЕУ и земјите-членки во изминатите години. За да се одговори на предизивиците во иднина со цел заштита на интересите на граѓаните, бизнисите и буџетите, Европската комисија на 9 ноемви годинава го усвои предлогот за новата програма за оданочување и царина-FISCUS, која ќе се спроведува во период од 7 година, од 1 јануари 2014 до 2020 година. Програмата ги спојува досегашните две одделни програми за даноци и царини кои завршуваат на 31 декември 2013 година.

Прочитај повеќе

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА РЕГИОНИТЕ И ГРАДОВИТЕ 10,10,11...



Понеделник, 10 октомври 2011 година

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА РЕГИОНИТЕ И ГРАДОВИТЕ

Од 10 до 13 октомври оваа година, во Брисел, по деветти пат се одбележува манифестацијата „Отворени денови 2011" каде локални и регонални претставници од Европа ќе се сретнат на едно место со цел да се разменат идеи за зајакнување на конкурентноста, растот и вработеноста.

Прочитај повеќе

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ...



Вторник, 4 октомври 2011 година

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Од 3 до 9 октомври оваа година, во координација на Европската комисија, се одбележува Европската недела посветена на малите и средни претпријатија. Целта на кампањата е да се промовираат претпријатијата низ цела Европа, заедно со Актот за мали бизниси за Европа, да се обезбедат информации за видот на поддршката за претпријатијата која ја обезбедуваат Европската унија и националните, локалните и регионалните власти, да се промовира претприемништвото и да се оддаде признание за придонесот на претприемачите во иновациите, конкурентноста и вработеноста во Европа.

Прочитај повеќе

НОВА ЕВРОПСКА СТРАТЕГИЈА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗ...



Среда, 21 септември 2011 година

НОВА ЕВРОПСКА СТРАТЕГИЈА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Европската комисија на 20 септември годинава презентираше стратегија за реформи на високото образование со цел да се зголеми бројот на дипломирани студенти и подобрување на квалитетот на наставата. Стратегијата која претставува дел од Европската стратегија за нови работни места и раст, ги одредува приоритетните области во кои земјите-членки на Европската унија треба да постигнат напредок и да се постигнат заедничките цели во образованието.

Прочитај повеќе

НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНА ХРАНА ВО ЕВРОПА 15.09.11...



Четврток, 15 септември, 2011 година

НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНА ХРАНА ВО ЕВРОПА

Во рамките на Полското претседателство со Советот на Европската унија, на 8 и 9 септември годинава во Варшава се одржа конференција посветена на  "Храната во 21-от век". Конференцијата беше организирана од Полското Министерство за наука и високо образование, Институтот за истражување и хортикултура, во соработка со Министерството за земјоделство и рурален развој, Техничкиот универзитет и Националната контакт точка за истражување на европски програми.

Прочитај повеќе

НОВИ ПРЕДЛОЗИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СНАБД...



Вторник, 13 септември 2011 година

НОВИ ПРЕДЛОЗИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕНЕРГИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Европската комисија на 7 септември годинава издаде соопштение за безбедноста во снабдувањето со енергија и меѓународна соработка во кое за прв пат се поставува сеопфатна стратегија на Европската унија посветена на надворешните односи во областа на енергетиката. Централно значење во пристапот на Европската комисија е подобрување на координацијата на земјите членки на ЕУ во идентификување и имплементирање на приоритетите во надворешната енергетска политика.

Прочитај повеќе

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХУМАНИТАРНОСТА 26.8.11...



Петок, 26 август 2011 година

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХУМАНИТАРНОСТА

Европската комисија на 19 август годинава, Светскиот ден на хуманитарноста, го посвети на хуманитарните работници кои својот живот го посветиле на заштита и подобрување на животите на другите луѓе. Европската унија е најголем донатор на помош во светот - од почетокот на оваа година досега, ЕУ има дадено над 37% помош од вкупните средства на глобално ниво

Прочитај повеќе

РЕВИЗИЈА НА ДИРЕКТИВИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ТРАНСЕВРОПСКИТЕ ТРАНСП...



Вторник, 26 јули 2011 година

РЕВИЗИЈА НА ДИРЕКТИВИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ТРАНСЕВРОПСКИТЕ ТРАНСПОРТНИ МРЕЖИ

Во рамките на Полското претседателство со Советот на Европската унија, во организација на Европскиот економско-социјален комитет, во соработка со Министерството за инфраструктура, на 20 јули оваа година, во Варшава беше одржана конференција посветена на „Обновување на трансевропските транспортни мрежи - остварување на рамномерна транспортна политика на ЕУ". На Конференцијата беа дебатирани прашања за новите инструменти за финансирање на инфраструктурните инвестиции, целите на транспортната политика на ЕУ како и улогата на новите технологии во транспортните системи.

Прочитај повеќе

НОВА МОДЕРНИЗИРАНА ПОЛИТИКА ЗА РИБАРСТВО НА ЕУ 14,07,11...



Четврток, 14 јули 2011

НОВА МОДЕРНИЗИРАНА ПОЛИТИКА ЗА РИБАРСТВО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Европската комисија на 13 јули презентираше предлози за нов поедноставен систем за управување со рибарството на ниво на Европската унија со цел да се обезбеди обновување и здраво ниво на рибните залихи, а на граѓаните на Унијата да им се овозможи стабилно и безбедно снабдување со храна на подолг период. Со новите мерки во секторот за рибарство ќе се создадат можности за раст и отворање на нови работни места во крајбрежните области.

Прочитај повеќе

НОВА ДИРЕКТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ 29.06.11...



Среда 29 јуни 2011 година

НОВА ДИРЕКТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Европскиот парламент на 23 јуни 2011 година усвои нова Директива за заштита на потрошувачите со која се обезбедува поголема заштита од нелојални практики во трговијата. Советот веќе го одобри компромисниот предлог во рамките на Унгарското претседателство со Европската унија.

Прочитај повеќе

НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ИЗМАМИ 29.06.11-15...



Среда, 29 јуни 2011 година

НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ИЗМАМИ

Европската комисија на 24 јуни годинава усвои нова Стратегија за борба против измами која има за цел да ги ажурира и модернизира начините за спречување на измами на буџетот на Европската унија како и да обезбеди дека истиот се управува во согласност со принципите за стабилно финансиско управување

Прочитај повеќе
12   
Click