НОВИ НАСОКИ ЗА ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ 25.12.12...



Вторник, 25 декември 2012 година

НОВИ НАСОКИ ЗА ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ

Европската комисија на 19 декември годинава усвои нови ревидирани насоки за примена на европските правила за државна помош во секторот за широкопојасен интернет. Новите насоки се со цел да им се помогне на земјите-членки да ги постигнат целите од Дигиталната агенда на Европската унија, и истите се дел од иницијативата на Европската комисија, за модернизација на државната помош

Прочитај повеќе

АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИ...



Вторник,18 декември 2012

АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА И КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Усогласувањето на правилата за трговските друштва, корпоративното управување, сметководството и ревизијата е од суштинско значење за создавање на Единствен пазар на финансиски услуги и производи. Во оваа област целите се насочени кон обезбедување на подеднаква заштита на акционерите и другите засегнати страни во компаниите, слободно основање на компании во ЕУ, зајакнување на ефикасноста и конкурентноста на бизнисите и промовирање на прекугранична соработка меѓу компаниите во различни земји-членки на Унијата.

Прочитај повеќе

РЕФОРМА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА СЛУЖБИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (EU...



Петок, 7 декември 2012 година

РЕФОРМА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА СЛУЖБИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (EURES)

Креирањето на работни места е еден од приоритетите на Европската унија. Главна цел до 2020 година е да се достигне стапка на вработеност од 75% за луѓето на возраст од 20 до 64 години, и претставува една од петте клучни елементи на Стратегијата Европа 2020. За многу од невработените лица, решението е во наоѓање на работа од една во друга земја-членка на Унијата. Работните места во ЕУ се достапни, бројот на слободни работни места се зголемил од средината на 2009 година особено во областите кои бележат висок раст: секторите за ИКТ, телекомуникации и зелена економија.

Прочитај повеќе

ВНАТРЕШЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР НА ЕУ ДО 2014 ГОДИНА 27.11.12...



Вторник, 27 ноември 2012 година

ВНАТРЕШЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР НА ЕУ ДО 2014 ГОДИНА

Европската комисија на 15 ноември годинава објави соопштение за проценка на состојбите на Внатрешниот пазар на енергија што треба да биде завршен до 2014 година. Преку ефикасен, интерконектиран и транспарентен Внатрешен енергатски пазар, на европските граѓани и компании ќе им се понуди безбедно и одржливо снабдување на енергија со најниски можни цени

Прочитај повеќе

ЕСЕНСКА ЕКОНОМСКА ПРОГНОЗА 2012-2014 15.11.12...



Четврток, 15 ноември 2012 година

ЕСЕНСКА ЕКОНОМСКА ПРОГНОЗА 2012-2014

Европската комисија на 7 ноември 2012  ја презентираше есенската економска прогноза за еврозоната и генерално за Европската унија, за периодот 2012-2014 година со индикатори за бруто домашниот производ, инфлацијата, вработеноста и јавните финансии. Последиците од финансиската криза продолжуваат да се одразуваат на растот, како и на вработеноста во ЕУ и еврозоната. Силните политички мерки за справување со кризата, како и мерките за подобрување на функционирањето на економската и монетарната Унија, помогнаа да се стабилизира економијата на ЕУ.

Прочитај повеќе

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ УСВОИ СТРАТЕШКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЗА 2013...



Понеделник, 29 октомври 2012 година

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ УСВОИ СТРАТЕШКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЗА 2013 ГОДИНА

Европската комисија на 23 октомври годинава ги утврди своите планови за 2013 година. Во Програмата за работа за 2013 на Европската комисија се поставени клучните приоритети за работењето на Комисијата, вклучително и листа на предлози што ќе треба да се подготват. Во текот на следната година како и првата половина од 2014 година Комисијата ќе треба да предложи околу 50 нови иницијативи.

Прочитај повеќе

ВТОР ПРЕГЛЕД НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА НАНОМАТЕРИЈАЛИ 9.10.12...



Вторник, 09 октомври 2012 година

ВТОР ПРЕГЛЕД НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА НАНОМАТЕРИЈАЛИ

Европската комисија на 3 октомври годинава усвои Комуникација за втор преглед на регулативата за наноматеријали во кој се вклучени плановите за подобрување на законодавството на ЕУ од областа на наноматеријалите со цел да се обезбеди нивно безбедно користење.

Прочитај повеќе

АКТ ЗА ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР (II) 4.10.12...



Четврток, 04 октомври 2012 година

АКТ ЗА ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР (II)

Преку Единствениот европски пазар, граѓаните на Европската унија можат да живеат, да работат и студираат во секоја од земјите-членки на Унијата. Компаниите можат да ги продаваат своите производи и услуги на околу 500 милиони потрошувачи во ЕУ. Можностите што ги нуди Европскиот пазар значат поголем избор и пониски цени за потрошувачите, повеќе можности за бизнисите како и поголем раст и работни места.

Прочитај повеќе

НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДДРШКА НА КУЛТУРНИТЕ И КРЕАТИВНИТЕ СЕК...



Петок, 28 септември 2012 година

НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДДРШКА НА КУЛТУРНИТЕ И КРЕАТИВНИТЕ СЕКТОРИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Европската комисија на 26 септември годинава презентираше стратегија за зголемување на растот и на работните места во културните и креативни сектори во Европската унија. Oвие два сектори  вклучуваат компании и организации активни во повеќе области: архитектура, уметничките вештини, културно наследство, дизајн, фестивали, филм, телевизија, музика, уметници, визуелна уметност, архиви, библиотеки, публикување и радиа, кои остваруваат помеѓу 3.3% до 4,5% од БДП и вработуваат од 7 до 8,5 милиони луѓе во ЕУ. Како резултат на промените од дигитализацијата и глобализацијата, креативните и културните сектори се соочуваат со големи предизвици. Пристапот до финансиски средства останува најголема пречка за развој на двата сектори.

Прочитај повеќе

ЕВРОБАРОМЕТАР: ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НАЈДОБРО ЈА ПРЕТСТАВУВА...



Среда, 26 септември, 2012 година

ЕВРОБАРОМЕТАР: ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НАЈДОБРО ЈА ПРЕТСТАВУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Според најновото истражување на Евробарометар, спроведено по барање на Европскиот парламент и координирано од страна на Генералниот директорат за комуникации, граѓаните на Европската унија искажале попозитивно мислење за Унијата во споредба со девет месеци претходно. Истражувањето е спроведено во периодот од 2 до 17 јуни годинава, при што биле опфатени 26.622 жители од сите 27 земји-членки на Европската унија. Резултатите од анкетата беа објавени на 6 септември годинава.

Прочитај повеќе

ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА СОРАБОТКА 24.9.12...



Понеделник, 24 септември 2012 година

ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА СОРАБОТКА

За прв пат оваа година во Европската унија се одбележа Европскиот ден на соработката. Во одбележувањето на Европскиот ден на соработка беа организирани околу 200 настани, се приклучија 72 програми за соработка од околу 40 земји од Европа, со што беа прославени постигнувањата на европските региони и земјите кои соработуваат преку границите.

Прочитај повеќе

ПРЕДЛОГ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА СУПЕРВИЗИЈА...



Четврток, 20 септември 2012 година

ПРЕДЛОГ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА БАНКИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Суштинска компонента на европската политика во областа на финансиските услуги е постигнување на интегриран пазар за банките и финансиските конгломерати. За да се избегнат во иднина банкарските кризи, да се обнови довербата во финансискиот систем и да се обезбеди заштита на штедачите, потребно е да се обезбеди поцврста супервизија и интеграција на ниво на Европската унија.

Прочитај повеќе

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ДИРЕКТИВА ЗА АУДИО-ВИЗУЕЛНИ И ...



Вторник, 31 јули 2012 година

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ДИРЕКТИВА ЗА АУДИО-ВИЗУЕЛНИ И МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

Директивата за аудио-визуелни и медиумски услуги (2010/13/EУ) обезбедува единствен пазар и правна сигурност за европската телевизиска и аудио-визуелна индустрија преку создавање на еднакви услови за емитување, употреба на аудио-визуелни медиумски услуги преку границите,  зачувување на културната разновидност, заштита на децата и на потрошувачите, обезбедување на медиумски плурализам и борба против расна и верска омраза. Директивата се заснова на принципот "земја на потекло" при што добавувачите на аудио-визуелни и медиумски услуги се предмет на прописите само во нивната земја на потекло и не може да бидат предмет на регулирање во земјата на дестинација, освен за многу мал број на случаи кои се утврдени во членот 3 од Директивата.

Прочитај повеќе

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА БИОЦИДИТЕ 31,7,12...



Вторник, 31 јули 2012 година

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА БИОЦИДИТЕ

На 17 јули 2012 стапија во сила новите правила за регулирање на понудата и употребата на биоциди со што ќе се даде значаен поттик на напорите за заштита на здравјето на луѓето и животната средина. Со новата Регулатива за биоциди се воведуваат правила за нивно побезбедно користење, се поедноставуваат постапките за добивање на авторизација за пласман на пазарот на Европската унија како и се олеснува нивното движење во рамките на Внатрешниот пазар на Унијата.

Прочитај повеќе

ПРЕДЛОГ НА ЕK ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИРАЊЕТО НА МУЗИЧКИТЕ Д...



Понеделник, 23 јули 2012 година

ПРЕДЛОГ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИРАЊЕТО НА МУЗИЧКИТЕ ДЕЛА ВО ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР НА УНИЈАТА

Со новите дигитални технологии се отвораат големи можности за авторите, потрошувачите и бизнисите. Зголемената побарувачка за online пристап до културни содржини (книги, музика, филмови) не признава граници и ограничувања.

Прочитај повеќе
123    
Click