Петок, 26 март 2021 година

ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИ Е ВРВЕН ПРИОРИТЕТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 

18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Северна Македонија и ЕУ, кој се одржа во виртуелен формат, го отвори ко-претседавачот и европратеник Андреас Шидер, повикувајќи ги земјите членки да го исполнат ветувањето и во најскоро време да биде организирана првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на прегoворите за членство.

Петок, 31 јануари 2020

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЧКАТА СОЊА МИРАКОВСКА СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ АНДРЕАС ШИДЕР

Претседателката на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ), Соња Мираковска, денеска оствари средба со нејзиниот колега од европска страна, европратеникот Андреас Шидер.

Четврток, 19 декември 2019 година

Усвоени заедничките препораки на 17. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур

По плодните дискусии за односите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, во текот на вториот ден на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Северна Македонија и Европската унија, кој се одржува во Европскиот парламент во Стразбур продолжија поединечни дискусии за повеќе аспекти на владеењето на правото, борбата против дискриминацијата, против говорот на омраза, слободата на медиумите, младинските политики, судските реформи и законските решенија кои во оваа област треба да се донесат, како и борбата против организираниот криминал и корупцијата. 

Четврток, 19 декември 2019 година

Европратениците едногласно ја потврдија поддршката за европската перспектива на Северна Македонија 

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во состав Соња Мираковска, ко-претседавач и членовите Жаклина Лазаревска, Бетиан Китев, Никола Попоски, Шпреса Хадри, Ивана Туфегџиќ, Иван Стоиљковиќ и Мерал Узеири Ферати, заеднички дебатираат со европратениците за неколку аспекти на реформската агенда на Северна Македонија и тоа за владеењето на правото, човековите права, младинските политики, слободата на медиумите, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата. 

Четврток, 20 септември 2018 година

Медиумите и добрососедските односи - тема на 15. Состанок на МПК ЕУ-РМ

На продолжението на 15. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска Унија се разменија мислења за две актуелни теми: состојбата во медиумите и добрососедските односи и регионална соработка.

Среда, 19 септември 2018 година

Петнаесетти состанок на МПК – РМ и ЕУ

Во Собранието на Република Македонија денеска и утре се одржува 15. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија, кој беше отворен од страна на кoпретседавачите Горан Милевски и Алојз Петерле.

Четврток, 8 февруари 2018 година, Стразбур

Завршни препораки на МПК

На Вториот работен ден на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет, на кој учествуваат пратениците Горан Милевски, Антонијо Милошоски,  Жаклина Лазаревска, Реџеп Мемеди, Бетиан Китев и Ејуп Алими, се дебатираше за меѓуетничките односи, соседството и регионалната соработка, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, новиот закон за употреба на јазиците и за активностите по самитот во Трст, во рамките на Берлинскиот процес.  

Четврток, 8 февруари 2018 година, Стразбур

Собраниска делегација на 14. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет

Од 6 до 8 февруари 2018 година во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република, се одржува 14. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија - Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација, во чија работа заеднички учествуваат пратеници од Собранието на Република Македонија и пратеници од Европскиот парламент. Мешовитиот парламентарен комитет претставува форум за директен парламентарен дијалог и интензивна соработка со Европскиот парламент, кој во континуитет искажува силна поддршка за нашиот европски интегративен процес.

Петок, 4 декември 2015 година

Втора работна сесија на 13. состанок на МПК - РМ и ЕУ

Во рамките на 13. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, кој се одржува вчера и денеска во Собранието на Република Македонија, на почетокот од втората работна сесија се изврши размена на мислења со г. Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија.

Четврток, 3 декември 2015 година

Отворен 13. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и ЕУ

Тринаесеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија кој се одржува денеска и утре, во Собранието на Република Македонија беше отворен од страна на копретседавачите, г. Кенан Хасипи и г. Алојз Петерле.

Вторник, 21 јули 2015 година

Неопходно е реализирање на Договорот за излез од политичката криза

Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, од страна на Европскиот парламент, во состав: г. Алојз Петерле, копретседавач; г. Сергеј Станишев и г. Ангел Џамбаски, заменик-копретседавачи, оствари средби со  г. Кенан Хасипи, копретседавач на МПК - РМ и ЕУ и г. Артан Груби, заменик-копретседавач, како и со останатите членови на Комитетот.

Петок, 29 мај 2015 година

Средба на г.  Кенан Хасипи и г. Алојз Петерле, Копретседавачи на Мешовитиот Парламентарен Комитет РМ-ЕУ

На тет-а тет средбата соговорниците разменија мислења за актуелната политичка ситуација во државата, како и за активностите на Мешовитиот Парламентарен Комитет РМ-ЕУ во претстојниот период.

Во рамки  на посетата копретседавачот Петерле оствари средба и со членовите на Мешовитиот Парламентарен Комитет РМ-ЕУ: г-ѓа Силвана Бонева, г. Владимир Ѓорчев, г. Антонијо Милошоски, г-ѓа Даниела Рангелова, г-ѓа Нора Алити како и г. Орхан Ибраими.

Четврток, 27 ноември 2014 година, Стразбур

Втор ден на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет

На вториот ден од состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, кој се одржува во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република, парламентарците од Собранието на Република Македонија и од Европскиот парламент имаа можност заеднички да дебатираат за повеќе прашања кои се однесуваа на актуелната политичка ситуација во државата по предвремените парламентарни избори, потоа за владеењето на правото, реформите во судството и администрацијата, борбата против корупцијата, за слободата на изразување и медиумите, економските и финансиските случувања, како и за добрососедските односи и регионалната соработка во контекст на ПСЈИЕ. 

Среда, 26 ноември 2014 година, Стразбур

Средба на Делегација на Собранието на Република Македонија со г. Иво Вајгл

Во рамките на одржувањето на 12. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, кој се одржува денес и утре во во Европскиот парламент во Стразбур, делегацијата на Собранието на Република Македонија во комитетот во состав: г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (ко-претседавач на овој Комитет), г. Артан Груби, потпретседател на Делегацијата (заменик ко-претседавач на Комитетот), г. Антонијо Милошоски, г-ѓа Силвана Бонева, г.Владимир Ѓорчев, членови и г. Беким Фазлиу, заменик-член на Делегацијата, оствари средба со г. Иво Вајгл, словенечки европратеник и известител за Република Македонија во Комисијата за надворешни работи.

Среда, 26 ноември 2014 година, Стразбур

Дванаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет

На 12. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија (МПК - РМ и ЕУ), кој се одржува во Европскиот парламент во Стразбур, учествува делегација на Собранието на Република Македонија предводена од г. Кенан Хасипи,  претседател на Делегацијата  и копретседавач; г. Артан Груби, потпретседател на Делегацијата и заменик копретседавач; потоа г. Антонијо Милошоски, г-ѓа Силвана Бонева и г. Владимир Ѓорчев, членови на  Делегацијата; како и г. Беким Фазлиу, заменик-член. 

Завршни препораки, 23.5.2013...

Четврток, 23 мај 2013 година, Стразбур

Завршни препораки на 11. состанок на МПК РМ-ЕУ

Дебатата резултираше со усвојување на Завршни препораки, каде парламентарците побараа од Советот на ЕУ да и определи на земјата датум за пристапни преговори со Европската унија, имајќи го предвид барањето на Советот до Европската комисија од декември 2012 година, како и минатите резолуции на Европскиот парламент за Извештајот за напредокот на земјата. Парламентарците го поздравија Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), кој обезбеди добра платформа за враќање на реформите и на ЕУ агендата во фокусот на јавните дискусии и претставуваше значаен катализатор за спроведување на реформи помеѓу Република Македонија и Европската комисија и заедничките заложби кои обезбедија вредна поддршка на процесот на пристапување на земјата, со фокусирање на клучните реформски приоритети

Прочитај повеќе

Излезе двaесет и осмото издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ 7...

Четврток, 7 февруари 2012 година

Излезе двaесет и осмото издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во актуелниот број на Билтенот, претставена е првата официјална посета на Делегација од Мешовит парламентарен комитет од Република Македонија на нивните колеги во Големото народно собрание на Република Турција во состав: г. Кенан Хасипи, копретседавач, г-ѓа Силвана Бонева, г. Александар Спасеновски, членови и г-ѓа Дешира Имери, заменик-член на Комитетот.

Прочитај повеќе

Излезе дваесет и петтото Издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ ...

Среда, 17 октомври 2012 година

Излезе дваесет и петтото Издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Дваесет и петтото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ) ги опфаќа активностите на Собранието на Република Македонија во месецсептември 2012 година. Клучен настан е средбата на евро-комесарот за проширување и политика на соседство, г. Штефан Фуле во Собранието на Република Македонија пред одржувањето на состанокот од Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) во Владата на Република Македонија.

Прочитај повеќе

ИЗЛЕЗЕ ДВАЕСЕТ И ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК РМ-ЕУ 18...

Петок, 18 мај 2012 година

ИЗЛЕЗЕ ДВАЕСЕТ И ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Во 21-то издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ претставени се активностите  поврзани со евроинтегративниот процес на Собранието на Република Македонија во месец април 2012 година. Издвоено е учеството на претседателот  на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски на Конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија во Варшава, Полска, како и неговата средба во Собранието со премиерот на Владата на Чешката Република, г. Петр Нечас.

Прочитај повеќе

ИЗЛЕЗЕ ДЕВЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПА...

Среда, 7 март 2012 година

ИЗЛЕЗЕ ДЕВЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Денеска излезе новото, 19. издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ. Во актуелниот број, претставена е посетата на тројцата eвропарламентарци од Групата „Пријатели на Македонија”, г. Ричард Хауит, г. Едуард Кукан и г. Алојз Петерле и средбата со претседателот Трајко Вељаноски и со пратениците од Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања, Мешовитиот парламентарен комитет – РМ и ЕУ и Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

ИЗЛЕЗЕ ПЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛ...

Понеделник, 10 октомври 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ПЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Денеска излезе новото, 15-то издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, прво во новиот парламентарен состав 2011-2015 година. Во актуелниот број, претставено е обраќањето на новиот претседавач на МПК, г. Кенан Хасипи, до колегите од Делегацијата на МПК во Европскиот парламент, согласно досегашната пракса на секој претседавач на почетокот од неговиот мандат.

Прочитај повеќе

МАЈСКО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК 14,6,13...

Петок, 14 јуни 2013 година

МАЈСКО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Актуелното издание на а Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ) дава преглед на бројните евроинтегративните активности на Собранието на Република Македонија во мај 2013 година, кога се одржа и 11-тиот Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија во Европскиот парламент во Стразбур.

Прочитај повеќе

Неопходно е реализирање на Договорот за излез од политичкат...

Вторник, 21 јули 2015 година

Неопходно е реализирање на Договорот за излез од политичката криза

Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, од страна на Европскиот парламент, во состав: г. Алојз Петерле, копретседавач; г. Сергеј Станишев и г. Ангел Џамбаски, заменик-копретседавачи, оствари средби со  г. Кенан Хасипи, копретседавач на МПК - РМ и ЕУ и г. Артан Груби, заменик-копретседавач, како и со останатите членови на Комитетот.

Прочитај повеќе

Одржан Деветтиот состанок на МПК - РМ и ЕУ, 4.11.2011...

Петок, 4 ноември 2011 година

Одржан Деветтиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија

Состанокот го водеа копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, г. Кенан Хасипи и г. Јорго Шацимаркакис, а на него учествуваа пратеници од Делегацијата на Собранието на Република Македонија и европратеници од Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет -Република Македонија и Европска унија

Прочитај повеќе

Отворен 13. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Ре...

Четврток, 3 декември 2015 година

Отворен 13. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и ЕУ

Тринаесеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија кој се одржува денеска и утре, во Собранието на Република Македонија беше отворен од страна на копретседавачите, г. Кенан Хасипи и г. Алојз Петерле.

Прочитај повеќе
1234     
Click