Комисија за образование, наука и спорт
Е-пошта:kobranau@sobranie.mk
Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- системот и организацијата на предучилишното воспитување и образование, основното, средното и високото образование;
- правото на настава на јазиците на заедниците во областа на воспитувањето и образованието;
- системот и организацијата на научно-истражувачката дејност;
- создавање, примена и вреднување на пронајдоците, патентите и други инвентивни активности што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид интелектуално творештво;
- информатиката, научниот и технолошкиот развој и техничката култура;
- организација, развој и функционирање на информациониот систем во Републиката;
- образованието на младите,ученичкиот и студентскиот стандард;
- поттикнување на интелектуалното, културното и научното творештво на младите;
- едукација за превентивна заштита на младите од болестите на зависност и од СИДА;
- развој и унапредување на физичката култура;
- развојот на врвниот спорт;
- воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот и
- други прашања што се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот.