НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.11.2009 - 30.11.2009

Седница 81 26.11.2009

Од: Амди Бајрам За: Заменикот на претседателот на Владата на РМ Абдилаќим Адеми.

Извадок од прашањето:

колку роми конкурирале на сите пет конкурси за вработување на државни службеници и колку се вработени.
 
 Прашање 

 

Седница 81 26.11.2009

Од: Горан Сугаревски За: Министерот за труд и социјална политика

Извадок од прашањето:

дали во буџетот за 2010 година предвидено е припадниците на она да добијат средства .
 
 Прашање 

Седница 81 26.11.2009

Од: Стојан Андов За: Министерот за правда

Извадок од прашањето:

дали министерот за правда смета дека последните кампањи што се водат во врска со хашките случаи ја влошуваат сликата за македонија и можат да ги искомплицираат случаите во хаг.
 
 Прашање 

Седница 81 26.11.2009

Од: Менде Диневски За: Претседател на Владата на РМ

Извадок од прашањето:

зошто досега никој не превзема мерки против оние кои ја донесоа фирмата Ројс и хотел молика до пропаст.
 
 Прашање 

 

17.11.2009 
 
Од: Илија Димовски За: Министер за животна средина и просторно планирање

 Извадок од прашањето:

дали министерството за животна средина и просторно планирање има план за решавање на проблемот со отпадот од топилницата во велес.  

 Прашање  



Седница 77 05.11.2009

Од: Флора Кадриу За: Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија Абдулаќим Адеми

Извадок од прашањето:

каква е застапеноста на албанците во јавните здравствени установи, во јавните претпријатија и регионалните центри во сите градови во Република Македонија.
 
 Прашање 



НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.10.2009 - 30.10.2009

 
Од: Горан Мисовски За: Министерот за здравство

 Извадок од прашањето:

Колку има новородени деца од јануари 2009 до денес и колку има вработен персонал во одделот за Гинекологија и акушерство во клиничкиот центар во Штип. 


 Прашање  



02.10.2009 
 
Од: Андреј Жерновски За: Министерот за информатичко општество

 Извадок од прашањето:

Зошто Владата продолжува со набавка на нови компјутери кога старите сеуште не се инсталирани и колку пари ќе чини набавката на дополнителните 65.000 компјутери. 


 Прашање  



 




НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.09.2009 - 30.09.2009

 

 

Седница 73 24.09.2009

Од: Флора Кадриу За: Заменик на претседателот на Владата на РМ Абдилаќим Адеми

Извадок од прашањето:

колку лица се вработени од септември 2008 до септември 2009 година во сите државни институции.

 Прашање 



 
Седница 73 24.09.2009

Од: Лилјана Поповска За: Министер за труд и социјална политика

Извадок од прашањето:

Дали Министерството за труд и социјална политика е запознаено со случајот на Вера Јовановска од Куманово која неможе да го оствари правото за добивање надоместок како трудов инвалид.
 
 Прашање 

Седница 73 24.09.2009

Од: Амди Бајрам За: Заменикот на претседателот на Владата на РМ Абдилаќим Адеми

Извадок од прашањето:

Колкав број на Роми аплицирале и биле примени на конкурсите објавени од страна на секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.
 
 Прашање 


 


  


Неодговорени ПРАТЕНИЧКИ прашања 01.07.2009 - 31.07.2009

Седница 67 30.07.2009

Од: Томе Чинговски За: Претседател на Влада на РМ

Извадок од прашањето:

Дали ќе превземете конкретни мерки за спречување на корупцијата и криминалот во Царинската управа.
 
 Прашање 

Седница 67 30.07.2009

Од: Станка Анастасова За: Претседател на Влада на РМ

Извадок од прашањето:

Дали ќе направите увид во трошењето на парите наменети за водоснабдување на Свети Николе.
 
 Прашање 


Од: Марјанчо Николов За: Министерот за труд и социјална политика

 Извадок од прашањето:

Колку лица поднеле барање за остварување на правото на паричен надоместок согласно Законот за материјално обезбедување на наевработени лица. 


 Прашање  

 



НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.06.2009 - 30.06.2009

Седница 62 25.06.2009

Од: Флора Кадриу За: заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија Абдулаќим Адеми

Извадок од прашањето:

Што превзема заменикот на претседателот на Владата на РМ Абдулаќим Адеми во врска со барањето упатено кон Владата на РМ за изградба на Бурмали џамијата.
 
 Прашање 
 

Седница 62 25.06.2009

Од: Илија Димовски До: Владата на Република Македонија

Извадок од прашањето:

Дали вработувањето на господинот Зоран Јовановски во Комерцијална банка може да има влијание на загрозување на пазарните принципи во банкарскиот сектор во РМ.
 
 Прашање 


Седница 62 25.06.2009

Од: Маринела Тушева До: Министерот за образование и наука

Извадок од прашањето:

Зошто Владата на РМ распиша нов конкурс за идејно архитектонско и урбанистичко решение за Универзитетот за информатичка технологија Охрид


 Прашање 


Седница 62  25.06.2009

Од: Владо Бучковски До: Јавниот обвинител на Република Македонија, г-дин Љупчо Швргоски

Извадок од прашањето:

Дали јавниот обвинител ќе поведе постапка за утврдување на кривична одговорност, согласно член 355 став 2 од Казнениот законик на РМ за министерот за правда Михајло Маневски.

 Прашање 



Седница 62  25.06.2009

Од: Владо Бучковски До: претседателот на Владата на Република Македонија

Извадок од прашањето:

Дали врз основа на понудениот доказ од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ке го разрешите министерот за правда Махајло Маневски.

 Прашање 


  

 

 



НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.04.2009 - 31.05.2009 

  04.05.2009  53 Седница

Од: Флора Кадриу За: заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија Абдулаќим Адеми.

 Извадок од прашањето:

Кои се мерките што ги превзема вице премиерот на Владата Абдулаќим Адеми за намалување на невработеноста кај Албанците. 
 Прашање  

04.05.2009 53 Седница
 
Од:  Имер Алиу За: Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија Абдулаќим Адеми

 Извадок од прашањето:

Колку државни службеници албанци се вработени од 1 -08- 2008 до 1 -05 -2009 година.


 Прашање  

04.05.2009  53 Седница 
 
Од:  Светлана Јакимовска За: Владата на Република Македонија

Извадок од прашањето:

Дали Владата направила увид во реализација на обврските кои австрискиот сопственик ги преземал со купување на ЕСМ.


 Прашање  





 27.05.2009 
 
Од: Стојан Андов За:  Претседателот на Владата на Република Македонија
 
 Извадок од прашањето:

 Дали Владата упатила инструкции до претставникот на Република Македонија во светската трговска организација на соодветен начин да го покрене прашањето во врска со одземениот имот на претпријатието Вектра-ЕМ со седиште во Белград.


 Прашање   
   

28.05.2009 57 Седница
 
Од:  Сулејман Рушити За: Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија Абдулаќим Адеми

 Извадок од прашањето:

Каде ќе биде сместен институтот за духовно и културно наследство на Албанците.


 Прашање  

28.05.2009 57 Седница
 
Од:  Томе Чинговски За: Претседателот на Владата на Република Македонија

 Извадок од прашањето:

Зошто ДДВ - то не им се враќа редовно на стопанските фирми.


 Прашање  

28.05.2009 57 Седница
 
Од:  Весна Бендевска За: Претседателот на Владата на Република Македонија

 Извадок од прашањето:

По кои критериуми се избрани одредени лица вработени во царинската управа за дополнителна проверка на знаења.


 Прашање  

28.05.2009 53 Седница
 
Од:  Весна Бендевска За: Претседателот на Владата на Република Македонија

 Извадок од прашањето:

Зошто Владата не иницира жалбена постапка пред големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права околу пресудата по жалбата на здружението на граѓани Ратко.


 Прашање  



НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.02.2009 - 28.02.2009 

03.02.2009 
 
Од: МАРЈАНЧО НИКОЛОВ За: Влада на РМ 
 
Во колку комисии членуваат министрите во Владата на РМ и нивните заменици и колкав е нивниот надомест за членството во овие комисии. 
 
Прашање      
 
 03.02.2009 
 
Од:  МАРЈАНЧО НИКОЛОВ За:  Влада на РМ 
 
Колку вкупно нововработени на определено и неопределено време почнувајќи од август 2006 г. има во сите Министерства, агенции подрачни единици и служби кои се во надлежност на Владата на РМ и колку средства од Буџетот до сега за овој период се исплатени за овие вработувања. 
 
Прашање      
 



НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.01.2009 - 03.02.2009

 Седница 45 29.01.2009 
 
Од: МЕНДЕ ДИНЕВСКИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето:
 
Кога Владата на РМ планира да им ги исплати финансиските средства, одобрени од страна на Комисијата на граѓаните на Битола, чии што домови беа зафатени од пожарите во јули 2007 година
 
Прашање      


 
29.01.2009 
 
Од: ВЛАДО БУЧКОВСКИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
 Извадок од прашањето: 
 
Кои активности се превземени за реализација на спогодбата за Клириншкиот долг со Руската Федерација во 2005 и 2006 година и кој е виновен за доцнењето на реализацијата на спогодбата
 
Прашање   

Седница 45 29.01.2009 
 
Од:  МЕНДЕ ДИНЕВСКИ За:  Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
До кога раководството во РЕК Битола ќе ги отстранува стручните луѓе и на нивно место ќе поставува исклучиво партиски војници, без оглед на стручноста и квалификациите. 
 
Прашање      


 
Седница 45 29.01.2009 
 
Од: ЃОРЃИ ОРОВЧАНЕЦ За: Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Колку нови вработувања има реализирано Владата на РМ од 2006 година до денес. 
 
Прашање    
  
 
Седница 45 29.01.2009 

Од: АБЕДИН ЗУМБЕРИ За: Министер за правда 

Извадок од прашањето: 
 
Дали постои можност повторно да биде разгледан предметот на обвинетите за случајот Сопот
 
Прашање

27.01.2009 
 
Од: АНЕТА СТЕФАНОВСКА За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Дали студентите дипломирани криминалисти на Полициската академија во најскоро време ќе бидат земени во предвид и интегрирани, односно вработени во МВР. 
 
Прашање      


 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: БЕСИМ ДОГАНИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Дали се точни податоците изнесени во изјавата на заменикот на претседателот на Владата Абдулаќим Адеми, дека во 2008 година се вработени илјада Албанци, како и да ми се достави список каде се вработени и на кои работни места. 
 
Прашање      


 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: ФЉОРА КАДРИ За: Потпретседател на Собрание на РМ, Рафис Алити 
 
Извадок од прашањето: 
 
Кога ќе можат нашите граѓани да не слушнат нас пратениците Албанци, кои говориме од оваа говорница на наш мајчин јазик. 
 
Прашање      


 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: ТИТО ПЕТКОВСКИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 

Дали ќе пристапите кон подготвување на државна стратегија за успешна борба на Република Македонија со Грција околу заштитата на нашите интереси, пред се на името. 
 
Прашање      


 
 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: МИЛЕ АНДОНОВ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Дали Владата има намера и кога ќе предложи решение за социјална заштита од енергетска сиромаштија. 
 
Прашање  



НЕОДГОВОРЕНИ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА 01.11.2008 - 31.01.2009



 Седница 40 12.01.2009 
 
Од: ВЕСНА БЕНДЕВСКА За: Претседател на Влада на РМ 
 
 Извадок од прашањето:
 
 Колку буџетски средства се трансферирани до АД МЕПСО во 2007 и 2008 година
 
Прашање     



 Седница 40 12.01.2009 
 
 Од: ВЕСНА БЕНДЕВСКА За: Претседател на Влада на РМ 
 
 Извадок од прашањето: 
 
Дали во 2009 година ќе донесете Закон за заштита на најзагрозените слоеви на населението од постојаниот раст на цената на електричната енергија. 
 
Прашање     


 
 Седница 40 12.01.2009 
 
 Од: ВЕСНА БЕНДЕВСКА За: Претседател на Влада на РМ 
 
 Извадок од прашањето:
 
Кој ќе ја превземе одговорноста за катастрофалното раководење со РЕК Битола.

Прашање     


 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: СТАНКА АНАСТАСОВА За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Дали Владата може да ги пренасочи 25-те милиони денари кои ги одвоивме од Буџетот за 2009 година за ефектуирање на старата прочистителна станица со озонаторот за решавање на проблемот со вода за пиење на градот Свети Николе
 
Прашање     



Седница 40 12.01.2009 
 
Од: ФЉОРА КАДРИ За: Заменик на претседателот на Владата на РМ, Абдилаќим Адеми 
 
Извадок од прашањето: 
 
Зошто на вработените Албанци со договор на дело не им се продолжуваат договорите, туку на нивно место се вработуваат партиски војници
 
Прашање      


 
Седница 40 12.01.2009 
 
Од: ТАХИР ХАНИ За: Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Како се движеше правичната и соодветна застапеност на Албанците од 2002 до 2009 година
 
Прашање      


 
08.01.2009 
 
Од: ЈАНИ МАКРАДУЛИ За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Кога Владата ќе го објави Меморандумот за разбирање за инвестирање на корпорацијата Интел во системот на образование во Република Македонија
 
Прашање      


 
Седница 30 27.11.2008 
 
Од: ЦВЕТАНКА ИВАНОВА За: Претседател на Влада на РМ 
 
Извадок од прашањето: 
 
Дали претседателот на Владата ќе го разреши министерот за правда, или јавниот обвинител, по повод последната контрадикторна одлука на Советот на јавни обвинители
 
Прашање   

   
 

Click