Вторник, 30 јуни 2009 година, Стразбур

Учество на редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

На редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа која се одржа од 22 до 26 јуни 2009 година во Стразбур, Франција, учествуваа шефот на делегацијата Оливер Шамбевски и членот Игор Ивановски.



Вторник, 30 јуни 2009 година

Германскиот уставен суд даде зелено светло за Лисабонскиот договор, но ја одложи неговата ратификација

Уставниот суд на Германија донесе одлука дека Лисабонскиот договор е во согласност со германскиот Устав, но сe уште не може да се ратификува поради тоа што се потребни подобрувања во делот на правата на Бундестагот околу прашања на Европската унија. Лисабонскиот договор ќе биде ратификуван дури откако ќе биде променет Придружниот закон, кој го следи Лисабонскиот договор.



Понеделник, 29 јуни 2009 година

Пратеникот Хајрула Мисини се сретна со Мохамед Реза Сокут нерезидентен амбасадор на Исламската Република Иран во Република Македонија

На 29 јуни 2009 година во Собранието на Република Македонија беше остварена средба на пратеникот г. Хајрула Мисини, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран со Н.Е. г. Мохамед Реза Сокут, нерезидентен амбасадор на Исламската Република Иран во Република Македонија, на негово барање.



Понеделник, 29 јуни 2009 година

Европската перспектива за Балканот ја гарантира неговата стабилност

Делегацијата на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, во чиј состав се пратениците Владо Бучковски, Павле Трајанов и Назиф Буши, која престојува во официјална посета на Романија, денеска 29 јуни 2009 г. оствари средби со својот домаќин претседателот на Комисијата за надворешна политика на Сенатот, Титус Корлацеан и со членовите на Комисијата, како и со претседателот Ласло Борбели и членовите на Комисијата за надворешна политика на Долниот дом на Романскиот парламент. Делегацијата беше примена од потпретседателот на Сенатот Александру Переш, а оствари средби и со државните секретари во Министерството за надворешни работи и во Министерството за одбрана на Романија.



Понеделник, 29 јуни 2009 година

Дваесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Дваесет и шестата седница, одржана на 26 јуни 2009 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за јавна внатрешна финансиска контрола (прво читање) и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за банките (прво читање).



Петок, 26 јуни 2009 година, Стразбур

Парламентарното собрание на Советот на Европа бара „Партнер за демократија“

Парламентарното собрание на Советот на Европа се залага за создавање нов статус „Партнер за демократија“ за парламентите на земјите соседи на зоната на Советот на Европа, под услов да прифатат да работат според критериуми и вредности како што се слободни избори и укинување на смртната казна.



Четврток, 25 јуни 2009 година

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски го прими министерот за надворешни работи на Словачка Република, г. Мирослав Лајчек

На средбата претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од тоа што Словачката Република своето дипломатско претставништво го подига на ранг на амбасада, со што го покажува позитивниот тренд во билатералните односи помеѓу Република Македонија и Словачката Република, а во тие рамки и соработката на двата парламента. Зборувајќи за нашите стратешки определби, интеграција во евроатлантските структури, претседателот на Собранието, г. Вељаноски, истакна дека Македонија продолжува, по оние познати и непринципиелни настани на Самитот во Букурешт кога не добивме покана за членство во НАТО, активно да учествува во мировните мисии ширум светот, Авганистан, Босна и Херцеговина и други, бидејќи чувствува одговорност за светскиот мир кој е неделива категорија.



Среда, 24 јуни 2009 година

Обраќање на претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски по повод 10-годишниот јубилеј на Државниот завод за ревизија на Република МАкедонија

Навистина ми претставува задоволство што денеска со Вас го споделувам јубилејот од десетгодишното работење на Државниот завод за ревизија.
Законот со кој е формиран Државниот завод за ревизија и кој го дефинира неговиот мандат е донесен во 1997 година и досега се направени пет измени и дополнувања, со цел во него да се инкорпорираат основните начела на Лима - декларацијата во која се содржат водечките упатства и принципи во ревизијата, како и одлуките на 17-от Конгрес на Меѓународната организација на врховни ревизорски институции од Сеул.
Со ова е создадена законска рамка која ги обезбедува највисоките правни стандарди кои денеска се присутни во Европската унија и воопшто во меѓународната заедница, а се однесуваат на  државната ревизија.



Среда, 24 јуни 2009 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Дваесет и втората седница, одржана  на 23  јуни 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица (Прво читање).



Вторник, 23 јуни 2009 година

Во ИТ технологијата Собранието на Република Македонија лидер во регионот

Потпретседателот на Собранието, господин Јани Макрадули, денеска го прими господин Кевин Исак, потпретседателот на позната софтверска компанија „Симантек“. Во разговорите потпретседателот Јани Макрадули истакна дека во овој парламентарен состав постигнати се големи резултати во воведувањето на ИТ технологијата во Собранието.



Вторник, 23 јуни 2009 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија, г. Винценс Отоничар

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска имаше средба со делегација на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија.На средбата беше искажана голема благодарност до Република Словенија за огромната поддршка што ја дава во сите сфери на Република Македонија, а особено на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО



Вторник, 23 јуни 2009 година

Средба на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија со Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска имаше средба со Делегација на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија.На средбата се гостите беа запознати со работата на Комисијата за европски прашања и со нејзините приоритети: добивање на визна либерализација до крајот на оваа година за граѓаните на Република Македонија и добивање на датум за преговори за членство на Република Македонија во Европската унија годинава.



Вторник, 23 јуни 2009 година

Европски конзервативци и реформатори - нова партија во Европскиот парламент

Во Европскиот парламент е создадена нова политичка група – Европски конзервативци и реформатори, која вклучува 55 пратеници од осум земји-членки на Европската унија: Велика Британија, Полска, Чешка, Белгија, Финска, Унгарија, Летонија и Холандија.



Понеделник, 22.6.2009 год., Стразбур

Изборot на генерален секретар на Советот на Европа одложен за октомвриската сесија

Од 22 до 26 јуни 2009 година во Стразбур, Франција, се одржува редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во работата на ПС на СЕ и неговите тела учествуваат шефот на Делегацијата Оливер Шамбевски и членот Игор Ивановски.



Понеделник, 22 јуни 2009 година

Средба на претседателката на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија

Претседателката на Комисијата за надворешна политика, г-ѓа Теута Арифи и членовите денеска се сретнаа со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија, г. Винценс Отоничар и членовите.



Понеделник, 22 јуни 2009 година, Стразбур

Летна седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Состојбата на човековите права во Европа, со акцент на потребата да се искорени неказнивоста, е само една од темите кои ќе се најдат на дневниот ред на летната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе се одржи од 22 до 26 јуни во Стразбур.



Петок, 19 јуни 2009 година, Брисел

ЕУ и Ирска се договорија за гаранциите за Лисабонскиот договор

На вториот ден од Самитот во Брисел, Ирска и Европската унија успеаја да се договорат за гаранциите, коишто имаат за цел да ги убедат Ирците да го поддржат Лисабонскиот договор. Договорот предвидува ирските граѓани да ги добијат своите гаранции во правно-обврзувачки протокол, којшто земјите-членки на ЕУ ќе го ратификуваат.



Петок, 19 јуни 2009 година, Брисел

Поддржана кандидатурата на Жозе Мануел Баросо

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија се согласија да ја поддржат кандидатурата на актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо за нов петгодишен мандат. Реизборот на г-дин Баросо треба да го потврди Европскиот парламент, кој на 9 јули ќе одлучи дали ова перашање ќе биде на дневниот ред на седницата пред летната пауза.



Четврток, 18 јуни 2009 година, Брисел

Дводневен самит на Европската унија

Во Брисел започнува дводневен самит на лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија, на кој како најважни теми ќе се најдат гаранциите за Ирска за Лисабонскиот договор и нов претседател на Европската комисија.



Четврток, 18 јуни 2009 година, Тромзо, Норвешка

Потпишана Конвенција за право на пристап до службени документи

Дванаесет земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои и Република Македонија, на 29-та Конференција на европските министри за правда во Тромзо, Норвешка, потпишаа Конвенција за право на пристап до службени документи. Ваквата Конвенција е прв меѓународен правен инструмент од ваков тип, што од една страна е значаен во остварувањето на основните човекови права, а од друга страна го јакне легитимитетот на јавните власти во очите на јавноста и нејзината доверба во нив.



Среда, 17 јуни 2009 година

Кој ќе биде новиот претседател на Европарламентот?

Првата задача за членовите на Европскиот парламент на 14 јули ќе биде да изберат нов претседател, кој ќе биде нивното лице во јавноста. Политичките партии сè уште не излегле со официјални имиња, но во нивните редови веќе кружат неколку потенцијални наследници на г-дин Ханс-Герт Петеринг.



Вторник, 16 јуни 2009 година

Средба на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски со претседателот на Парламентарното собрание на СЕ Луис Мариа де Пуч

Парламентарното собрание на СЕ ја поддржува Македонија за нејзино зачленување во Европската унија
На денешната средба, која помина во отворена и пријателска атмосфера, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека Република Македонија токму преку Советот на Европа го започна процесот на интеграција во евроатлантските структури. Во исто време, токму со прифаќање и имплементирање на стандардите и принципите на Советот на Европа, а тоа се човековите права, демократијата, владеењето на правото и мирот, ние ги започнавме нашите реформи кои ги правиме пред сè за нашите граѓани, бидејќи само така може да се обезбеди политичка и економска стабилност, но и развој.



Вторник, 16 јуни 2009 година

Иднината на Република Македонија е во Европската унија

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г- ѓа Силвана Бонева, и членовите се сретнаа денеска со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч.На средбата претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч, беше запознат со активностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции. Исто така, гостинот беше запознат со успешното спроведување на реформите во Република Македонија за добивање на датум за преговори за членство во Европската унија и за добивање визна либерализација.



Вторник, 16 јуни 2009 година

Средба на г. Оливер Шамбeвски со г. Луис Мариа де Пуч

Шефот на делегацијата на Собраниете на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Оливер Шамбевски, и членовите се сретнаа денеска со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч.



Вторник, 16 јуни 2009 година

За што сè ќе расправа новиот Европски парламент?

Европскиот парламент во новиот, седми мандат, кој ќе трае од 2009 до 2014 година, во законодавниот дневен ред на новите 736 членови вклучува низа важни прашања, меѓу кои и проширувањето на Европската унија, кон што тежнее Република Македонија.



Вторник, 16 јуни 2009 година, Луксембург

Изнесена препорака за безвизен режим за Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија изнесоа препорака за укинување на визниот режим за земјите од Западен Балкан, кои ги исполниле потребните критериуми. Министрите ја реафирмираа поддршката за визна либерализација за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.



Понеделник, 15 јуни 2009 година, Луксембург

Расправа за визна либерализација на Западен Балкан

Советот на министри на земјите-членки на Европската унија денеска во Луксембург ќе одржи состанок на кој, меѓу другото, ќе се разговара за визната либерализација на земјите од Западен Балкан. Ќе биде презентиран Извештајот на Европската комисија во кој се наведуваат оценките за напредокот на секоја земја од регионот, односно за Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.



Петок, 12 јуни 2009 година, Европска комисија

Заедничка стратегија За делување на полето на внатрешната безбедност, миграцијата и полицијата

Тероризмoт, заштитата при користењето на интернетот, организираниот криминал и граничната контрола се дел од прашањата содржани во новиот документ на Комисијата, поставени на дебатата за програмата на Европската унија во областа на законите и општествениот ред во следните пет години. Таканаречената „Стокхолмска програма“ ќе ја замени сегашната „Хашка програма“, чиј рок истекува во декември.



Петок, 12 јуни 2009 година

Дваесет и четврта седница на КомисијаТА за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Дваесет и четвртата седница, одржана на 10 јуни 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка. Комисијата исто така го разгледа и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност во 2008 година.



Четврток, 11 јуни 2009 година

Агенда на новиот Европарламент

Новоизбраниoт Европски Парламент ќе започне со работа на 14 јули, но веќе се познати точките коишто ќе се најдат на дневниот ред на европратениците. Најважната расправа за Република Македонија секако е присоединувањето на нови членки кон Европската унија, кон што тежнее нашата земја. Се очекува прашањето за визната либерализација за земјите кои ќе добијат препорака од Европската комисија да се најде пред европарламентарците наесен.



Четврток, 11 Јуни 2009

Деветнаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за  економски прашања на Собранието на Република Македониja, како матично работно тело го разгледа  Предлог законот за изменување на Законот за јавните претпријатија  во Второ читање.



Четврток, 11 јуни 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледан Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за странци

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седницата, одржана на 9 јуни 2009 година, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за странци (прво читање).



Четврток, 11 јуни 2009

Петнаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија како матично работно тело на Петнаесеттата седница, одржана на 9 јуни 2009 година, ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување (Второ читање) и Предлогот на закон за дополнување на Законот за парнична постапка (Второ читање).



Среда, 10 јуни 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Португалската Република, НЕ г.Луис Де Алмеида Сампаио

Претседателот Вељаноски на средбата изрази надеж дека во иднина и Португалија и Македонија ќе отворат свои резидентни амбасади и со тоа ќе се отвори можност за зајакнување на политичката и економската соработка меѓу двете земји. Претседателот на Собранието го запозна амбасадорот Сампаио со политичката состојба во Република Македонија, потоа за реформите кои ги прави државата по прашањето на интеграцијата во НАТО и во ЕУ, за големата поддршка што Република Македонија ја има од граѓаните за евроатлантските интеграции, како и за очекувањата за визна либерализација и добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Претседателот Вељаноски уште изрази и подготвеност да се интензивира парламентарната соработка помеѓу Македонија и Португалија на сите нивоа.



Среда, 10 јуни 2009 година, Комисија за образование, наука и спорт

Разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високо образование

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на Седницата одржана на 9 јуни 2009 година, во второ читање го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високо образование.



Вторник, 9 јуни 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска го прими претседателот на одборот за европски прашања на Хрватскиот сабор, г. Невен Мимица

На средбата уште еднаш беа потврдени високоразвиените односи меѓу двете држави, а во тие рамки и на двата парламента. Посебно беше потврдена европската ориентација на двете држави, како и улогата на парламентите во процесите на интеграција во ЕУ. Претседателот на Собранието, г. Трајко Веаљаноски  истакна дека во евроатлантските процеси на интеграција посебно место има и регионалната соработка. Потсетувајќи дека еден таков проект беше зачленувањето во НАТО, односно таканаречената Јадранска тројка. За жал, заради апсурдниот спор со името наметнат од нашиот сосед, Македонија не стана членка иако заедно со Хрватска и Албанија ги исполни сите услови. Токму затоа потребно е во тие интегративни процеси доследно да се почитуваат меѓународните принципи и стандарди. Сепак ние остануваме на нашата евроатлантска определба бидејќи реформите кои ги правиме ги правиме за нас, за нашите граѓани,  истакна претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, а очекуваме еропските институции тоа принципиелно да го вреднуваат.



Вторник, 9 јуни 2009 година

Десницата останува водечка сила во Европарламентот

Најголема политичка група во Европскиот парламент и по изборите останува да биде десницата. Европската народна партија (Демохристијани) и европските демократи се апсолутни победници на евро-изборите со освоени 264 парламентарни места, односно 35,9% од гласовите.



Вторник, 9.6.2009 година

Соработката меѓу Собранието на Република Македонија и хрватскиот Сабор е со подолга традиција

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи со членовите, денеска имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.



Вторник, 9.6.2009 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска денеска имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.



Понеделник, 8.6.2009 година

Средба на г. Петар Поп Арсов со г. Невен Мимица

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп Арсов со членовите, во Собранието на Република Македонија, денеска имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.



Понеделник, 8.6.2009 година

Треба да се искористи шведското претседателствување со Европската унија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска оствари средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.На средбата се разговараше за заедничко настапување за побрзо добивање на дата за преговори за влез во ЕУ на Република Македонија и за влез на Република Хрватска во ЕУ за време на шведското претседателствување со Европска унија.



Понеделник, 8.6.2009 година

Република Хрватска е голем поддржувач на Република Македонија за влез во ЕУ

Потпреседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева и дел од членовите на советот имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.



Среда, 3 јуни 2009 година

Одржана шестата седница на Националниот совет за евроинтеграции

Националниот совет за евроинтеграции на Шестата седница, одржана на 2 јуни 2009 година, расправаше за реализација на главните приоритети за пристапувањето во Европската унија и на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија.



Понеделник, 1 јуни 2009 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Шеснаесеттата седница како матично работно тело ги претресе Предлог законот за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата (прво читање) и Предлог законот за изменување на Законот за животна средина (прво читање).



Понеделник, 1 јуни 2009

Десетта седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија на Десеттата седница како заинтересирано работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата (Прво читање) и Предлогот на закон за внатрешни работи (Прво читање).



Понеделник, 1 јуни 2009, Комисија за економски прашања

Разгледан Предлогот на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија

Комисијата за економски прашања на Осумнаесеттата седница како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија.



Понеделник, 1 јуни 2009 година

Дваесет и деветта седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Дваесет и деветтата седница во прво читање ги разгледа Предлогот на закон за Воена академија и Предлогот на закон за внатрешни работи.

Click